3АМСМ: Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, на ГП Богородица за излез се чека околу 30 минути
Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
2Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
Шоу бизКиану Ривс ги воодушеви фановите со потег на снимањето на „Џон Вик“ (ВИДЕО)Киану Ривс уште еднаш докажа дека е најсимпатичното момче во Холивуд откако е објавена фотографија од сетот на четвртиот дел на Џон Вик која ги воодушеви неговите обожаватели.Видеото го објави сценаристот Тод Спенс на својот профил на Твитер, а на него се гледа како актерот ѝ помага на филмската екипа да ја носи опремата по скали. Иако видеото првично беше споделено во октомври минатата година, по објавувањето на филмот стана вирално, собирајќи вкупно 11,3 милиони прегледи и бројни коментари од обожавателите. Keanu Reeves helping the John Wick 4 production crew move equipment. Bless 👏 this 👏man 👏. pic.twitter.com/1SxKmPPve9 — SPENCE, TODD (@Todd_Spence) October 28, 2021 „Мама добро го одгледала! Чиста душа“, напишал еден обожавател, а некој од филмскиот свет одговорил: „На сите снимања што ги имам, можам да избројам на прстите од едната рака колку актери ми помогнаа да носам опрема. Нула .“ Неговата колешка од филмот Ки Ленис се придружи на пофалбите, пишувајќи: „Буквално најљубезниот човек досега. Беше неверојатно да се работи со него“. Сепак, не сите беа импресионирани од однесувањето на акциониот херој на снимањето. Имено, еден твитерџија напишал дека актерот не треба да се пофали бидејќи по ништо не се разликува од екипата. "Ве молам. Актерот кој носи опрема не е херој. Тој не е подобар од камерманот кој сѐ прави да изгледа добро пред камера", напиша тој, додека друг напиша: "Има многу луѓе како него, но добива пофалби затоа што е познат“. Да потсетиме, неодамна беше објавено дека актерот на секој каскадер на Џон Вик му подарил Ролекс од 8000 евра, а се појави и видео од неговото трогателно збогување со филмската екипа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисАлкараз се повлече и од Мастерс турнирот во СинсинатиКарлос Алкараз повторно се откажа од еден турнир, младиот Шпанец со месеци се надвор од терените поради повреда, сега јавноста со право се прашува ќе настапи ли тој на следниот грен слем во Њујорк УС Опен? Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати поради повреда на зглобот, па така нема да ја брани титулата освоена минатата година. Карлос Алкараз нема да настапи на турнирот „Мастерс“ во Синсинати, бидејќи одлучи да го продолжи закрепнувањето од повредата на зглобот. Шпанскиот тенисер последен пат настапи во април на турнирот во Барселона, кратко откако играше во финалето на „Мастерс“ турнирот во Монте Карло. Алкараз има учинок од 22 победи и три порази оваа сезона и моментално е второрангиран на АТП-листата. Тој ја започна сезоната на најдобар можен начин со освојување на „Австралија опен“, со што го комплетираше својот „Гренд слем“ во кариерата. Титулата во Мелбурн беше единствениот голем трофеј што му недостигаше во колекцијата.Тагови: Карлос Алкараз тенис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употребаВодата во Гостивар останува забранета за употреба.Надлежните по седницата на Главниот штаб за кризи најавија почести мерења на квалитетот и дополнителни снабдувања на гостиварци со цистерни и со флаширана вода. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење. Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Руски напади на Киев со балистички ракети, 13 загинати, десетици повредениНајмалку 15 лица загинаа, а 51 се повредени во третиот голем руски напад врз Киев и неговата околина во текот на изминатата недела. Во текот на ноќта, ракети и беспилотни летала предизвикаа пожари во станбени згради, магацини и индустриски објекти низ главниот град и регионот, пренесува „Киев пост“. Државната служба за вонредни состојби (SES) и градоначалникот Виталиј Кличко објавија податоци според кои во регионот на Киев загинале 14 лица, а 27 биле повредени. Russia has launched a massive missile attack on Kyiv and the surrounding region, firing more than 30 missiles over the past 30 minutes. The strike package included Iskander-M ballistic missiles, modified RM-48U surface-to-surface missiles launched from S-400 systems, and 3M22… pic.twitter.com/IyevV2Zw56 — OSINTWarfare (@OSINTWarfare) August 4, 2026 Во самиот град Киев, едно лице го загубило животот, додека 24 биле ранети. Дописниците на „Киев пост“ известија од различни делови на градот дека во рок од околу дваесет минути се слушнале повеќе од 30 експлозии. Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала вкупно 143 ракети и беспилотни летала. Нападот вклучувал 24 балистички ракети „Искандер-М“/„С-400“, четири противбродски ракети „Циркон“/„Оникс“ и 115 напаѓачки беспилотни летала „Шахед“, како и беспилотни летала користени како мамци. Главна цел на нападот било поширокото подрачје на Киев. Украинската противвоздушна одбрана соборила или електронски попречила 98 беспилотни летала. Сепак, ниту една од 28-те лансирани ракети не била пресретната.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter