Шоу бизКиану Ривс доби брачна понуда од обожувателка- неговиот одговор ги насмеа ситеЕден од омилените холивудски актери Киану Ривс добил предлог за брак по премиерата на неговиот нов филм Џон Вик 4 во Тексас, пишува Variety.58-годишникот ѝ открил на публиката дека решил да ги задржи часовникот и венчалниот прстен на својот лик како спомен. „Ќе се омажам за тебе“, му рекла обожувателка од публиката. Актерот кој никогаш досега не бил оженет ѝ одговорил: „Да, внимавај што посакуваш“, а со својот одговор насмеа многумина. Кијану Ривс моментално е во врска со уметничката Александра Грант. Со години не е во врска поради траумата што ја доживеал во 90-тите, кога бил во врска со актерката Џенифер Сајм, која се прослави со улогите во филмовите на Дејвид Линч. Двојката започнала врска во 1999 година, а таа година таа забременила. Сепак, тие го изгубиле бебето во осмиот месец од бременоста. На Бадник 1999 година, таа родила мртво девојче, Ава Арчер Сајм-Ривс. Загубата ги разделила, а врската ја прекинале само неколку недели откако ја погребале ќерката во јануари 2000 година. Две години по губењето на своето бебе, Џенифер Сајм почина во страшна сообраќајна несреќа во Лос Анџелес. Актерката со полна брзина удрила во паркирани автомобили, испаднала од возилото и останала мртва на лице место. „Тагата ја менува формата, но никогаш не завршува. Луѓето имаат погрешно верување дека можеш да се справиш со неа и дека во еден миг велиш дека ја нема и сега се чувствуваш подобро. Тие грешат. Кога луѓето што ги сакаш умираат, ти си оставен сам“,рекол Киану во интервју за Парад во 2006 година. Инаку, Киану Ривс е познат како „најголемиот холивудски доборчинител“ со оглед на тоа што голем дел од својата заработка ја донира во добротворни цели. Актерот често се дружи со бездомниците и е исклучително љубезен и трпелив кога се среќава со своите многубројни обожаватели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ТенисГолеми изненадувања во Монтреал! Шок по шок во Монтреал! Големи изненадувања го одбележаа второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал.Мастерсот во Монтреал уште во второто кола остана без првиот и четвртиот ностле. Првиот и четвртиот носител, Александар Зверев и Данил Медведев, се елиминирани од холандски тенисери, а натпреварувањето го заврши и Тејлор Фриц. Третиот тенисер во светот, Александар Зверев, го одигра својот прв меч по поразот од Јаник Синер во финалето на Вимблдон, но веднаш го заврши своето учество во Канада. Германецот беше поразен од Талон Грикспор со резултат 6:7 (3:7), 6:2, 6:4. Холанѓанецот, кој моментално е 69-ти на АТП-листата, пристигна во Канада со само една победа од претходните осум меча на АТП-турнејата, но успеа да ја забележи својата трета победа во кариерата против Зверев. Престојот во Канада заврши и за четвртиот носител, Данил Медведев. Рускиот тенисер во 2 коло загуби од Ботик ван де Зандшулп со 6:3, 7:6 (7:5), со што Холанѓанецот ја оствари својата прва победа во нивните меѓусебни дуели.Тагови: Зверев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Мицкоски повеќе не може да се брани со лаги - сега праќа тепачиМицкоски повеќе не може да ги скрие неуспесите.Не му помагаат ниту 40% од Орбановите медиуми, ниту фармите на тролови, ниту бот-платформите наследени од сестринската СНС. Народот ги прочита. Катастрофалната економија, постојаното задолжување и труењето на цела Македонија повеќе не се кријат зад пропаганда. Затоа сега ја увезува и медиумска машинерија на Вучиќ - Ало групацијата (вклучувајќи го озлогласениот Информeр и други). Се увезува лиценца за Еуроњуз што треба да ја води Ивона Талевска. Целата мрежа под команда на „Началникот“ Латас - човек поврзан со српските служби. Треба да почнат во септември. Целта е јасна: медиумски мрак по модел на Вучиќ. А додека мрежата уште не е целосно активирана, веќе ја презеде и техниката на Вучиќ на напад и тепање на неистомисленици кои сакаат да се слушне нивниот глас. Во Србија удираат по неистомисленици, повеќе од една година. Кај нас почна од вчера вечерта. Синоќа во Ново Село беа нападнати млади активисти на СДСМ. Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе. Еден од нив е возачот градоначалникот на Струмица, извесен Наско Димитриев. Ова не смее да остане неказнето. Мицкоски ја премина секоја граница. Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат. Уште денеска да ги идентификуваат напаѓачите и да ги лишат од слобода. Сите до еден. Нема да дозволиме и ова да помине неказнето. Фашистички методи нема да дозволиме. Доволно е што Латас спроведува Гебелсови техники во медиумите, нема да дозволиме тоа да се случува и на улица. Младите не се плашат. Народот е буден. А стравот веќе не им е сојузник! Скопје, 06.08.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаПациенти од онкологија ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапијаПациенти од Клиниката за онкологија и радиотерапија денеска ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапија. Од Клиниката велат дека станува збор за краткотрајно доцнење и дека најголем дел од лековите веќе се испорачани. Неколку пациентки денеска симболично ќе излезат пред Министерството за повторно да предупредат на честите прекини во снабдувањето со потребните лекови. Од клиниката, пак, соопштија дека кај мал дел од препаратите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување било евидентирано „краткотрајно доцнење во испораката“, кое го поврзуваат со повеќе фактори – зголемена потрошувачка, поголем број пациенти, периодот меѓу две јавни набавки и делумен недостиг кај дистрибутерите.Најголемиот дел од потребните препарати веќе се обезбедени и доставени на клиниката, додека преостанатите количини се очекува да бидат достапни во текот на оваа недела“, соопштија од установата.Тагови: Клиниката за онкологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter