КФСМ: Вонредна инспекција во салите по одигрување на првото коло во МТЕЛ лигата - Канал 5

КФСМ: Вонредна инспекција во салите по одигрување на првото коло во МТЕЛ лигата

Кошаркарската Федерација испрати известување односно потсетување до клубовите кои се натпреваруваат во Првата МТЕЛ лига мажи, за почитување на Пропозициите за натпреварување за натпреварувачка сезона 2024/2025 во целост.

КФСМ: Вонредна инспекција во салите по одигрување на првото коло во МТЕЛ лигата

Оттаму велат дека ќе спроведат вонредна инспекција во салите кои се пријавени пред почетокот на сезоната, по одигрување на првото коло во новата календарска 2025 година (закажано за претстојниот викенд) за уште еднаш да ги потврди условите согласно Пропозициите за натпреварување за тековната сезона. Сите недостатоци кои ќе бидат забележани од страна на делегатите на натпреварите ќе бидат земени предвид, соопштија од КФСМ.

Ќе бидат одржани и низа на состаноци со претставниците на сите сениорски лиги за да се спречат понатамошни манипулации со условите за игра.

Клубовите кои се натпреваруваат во овој степен на натпреварување добија финансиска поддршка од Министерството за спорт со исплаќање на државните субвенции како и со дополнителната распределба на средства од игрите на среќа, финансиски средства кои Федерацијата не ги доби. Дополнително, истите се и ослободени од котизација за учество во лигата благодарение на спонзорот на лигата што раководството го обезбеди пред почетокот на натпреварувачката сезона. Клубовите се доволно финансиски ситуирани за да ги исполнат сите услови за нормално функционирање на една професионална кошаркарска лига во рамки на највисокиот степен на натпреварување поради што сметаме дека повеќе не постои простор за толерирање на неисполнетост на техничките услови за одржување на еден натпревар, сметаат од Федерацијата.

Оттаму додаваат дека клубовите кои не ги исполнија или делумно ги исполнија финансиските обврски кон КФСМ добиле рок за комплетирање на долговите. Во спротивно истите нема да бидат делегирани.

-Ја поздравуваме иницијативата на КК Пелистер која апсолутно се сложува со ставовите на федерацијата за обезбедување на еднакви услови од страна на сите инволвирани страни, додаваат оттаму.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Би сакал да се заблагодарам на Фондацијата "Конрад Аденауер", за овој прекрасен настан којшто го имаме овие три дена со извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , членовите на Владата, министрите и замениците министри кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Ефективната комуникација е најзначајна за едно добро владеење, она што се наши политики да можеме добро да ги презентираме пред граѓаните, но истовремено да имаме една добра синергија и една добра комуникација помеѓу нас, помеѓу различните структури во партијата, Извршниот комитет, општинските комитети, Унијата на млади сили, Унијата на жени, и секако пратеничката група и Владата, како би можеле заеднички да ги креираме овие политики.

Би сакал да се заблагодарам на Кристијан Серак, којшто специјално дојде за овој настан, и за тоа што прави една прекрасна обука за сите нас, има доста да се научи и доста работи кои се иновативни.

Ова е начин на којшто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да остане во една добра форма, во кондиција, ова покажува дека и тоа што сега сме на власт, ја водиме државата, не не одлепува од партијата, напротив посветуваме доста време и енергија на организација на партијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период, а со цел економски напредок на Македонија, ефективно владеење на правото и повеќе успеси за државата.- објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во Мајами

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку биде поканет.

Зеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во Мајами

„Да, секако. мораме да дојдеме. Мораме да се сретнеме, да разговараме и да донесеме одлука“, рече Зеленски во интервју за „Дојче Веле“ во канадската воена база во Норт Беј.

Според украинскиот лидер, она што ќе му го каже на рускиот претседател нема да биде најважната работа.

Во меѓувреме, најмалку 23-ца луѓе се повредени, а меѓу нив има и петмесечно бебе, кога руски ракети утрово погодиле станбена зграда во украинскиот град одес, соопшти претседателот на одеската обласна воена администрација Олексиј Кипер.

Шестмина од повредените, меѓу кои е и бебето, се во болница.

„Како резултат на нападот, горните катови на повеќекатна станбена зграда се целосно разрушени. Експлозивниот бран оштети и соседни станбени згради и гасовод со низок притисок“, се вели во соопштението на гувернерот.

На уште три станбени згради им е нанесена штета, а оштетен е гасоводниот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ со свои претставници на шведските избори

Пратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, викендов е во дводневна посета на Стокхолм како меѓународен гостин на шведскиот изборен процес.

ВМРО-ДПМНЕ со свои претставници на шведските избори

Петрушевски во Шведска е на покана на Moderaterna и Jarl Hjalmarson Foundation, со кои ВМРО-ДПМНЕ има долгогодишна соработка и партнерски односи како дел од европското семејство на сестрински и партнерски партии.

Во рамки на работната посета, Петрушевски учествува во програмата посветена на шведскиот изборен процес, на средби и брифинзи со претставници на шведската политика, како и со гости и претставници на политички партии од повеќе европски земји.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на градењето силни партнерства со европските сестрински партии и на размената на позитивни искуства и практики кои можат да придонесат за унапредување на демократските процеси и политичкото делување во Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ изразуваме благодарност до Jarl Hjalmarson Foundation за поканата и поддршката на престојот на Петрушевски во Стокхолм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер