КФСМ: Прволигашките екипи ослободени од плаќање котизација - Канал 5

КФСМ: Прволигашките екипи ослободени од плаќање котизација

Георгиевски на денешната прес – конференција најави донација од ФИБА за поставување нов терен во СРЦ „Кале“.

КФСМ: Прволигашките екипи ослободени од плаќање котизација

Клубовите од Првата македонска машка кошаркарска лига за претстојната натпреварувачка сезона 2024/2025 ќе бидат целосно ослободени од котизацијата за учество, најави денеска претседателот на македонската кошаркарска Федерација (КФСМ), Перо Антиќ.

„Кога го преземавме раководството, котизацијата беше 10.000 евра. Ние одлучивме да ја намалиме на 8.000 евра, а сега најдовме и спонзор во компанијата МТЕЛ кој ќе ја преземе и таа обврска за клубовите. Соработката е потпишана на една година, но се надеваме дека со меѓусебен успех ќе биде продолжена“, рече Антиќ.

Од своја страна, генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски на денешната прес – конференција најави донација од ФИБА за поставување нов терен во СРЦ „Кале“.

„Од 2021 година до денес, Кале е домаќин на сите меѓународни натпреварувања кои ги организира КФСМ. Досега беа обновени кошевите за игра, семафорот, соблекувалните и трибините, а денеска стигна и потврда од ФИБА дека благодарение на успешната организација на најголем број на младински првенства во последните години, ќе добиеме донација на терен за игра, паркет, кој за неколку седмици ќе биде инсталиран во СРЦ „Кале“. Со тоа речиси се комплетира замислата за комплетна обнова на СРЦ Кале како спортска сала во која сите кошаркари и кошаркарки ќе ги имаат сите услови потребни за работа“, рече Георгиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Две вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.

Нов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евра

Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа.

Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани.

Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските.

Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.

Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. 

 Намалени  цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното..

Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер