КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово - Канал 5

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово

Мисијата КФОР во Косово соопшти синоќа дека го засилила своето присуство и патроли ширум јужната покраина, како дел од редовните обуки на единиците на КФОР.

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово

„Ова ја покажува подготвеноста на КФОР да реагира на сите релевантни безбедносни настани што би можеле да влијаат на безбедноста низ Косово и регионалната стабилност“, се наведува во соопштението.

КФОР додава дека преку агилен и флексибилен пристап продолжува целосно да го спроведува својот долгогодишен мандат заснован на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, придонесувајќи за безбедна средина за сите жители на Косово и за слободата на движење, непристрасно и во секое време, во тесна координација со Косовската полиција и Еулекс, во рамки на нивните безбедносни надлежности.

„Нашата мисија продолжува да ги интегрира своите активности со напорите на пошироката меѓународна заедница, вклучително и поддршката на дијалогот меѓу Белград и Приштина, во кој посредува Европската унија“, наведува КФОР.

Се посочува дека командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, е во редовен контакт со своите колеги – претставниците на безбедносните организации на привремените приштински институции, со шефот на Еулекс и со началникот на Генералштабот на Војската на Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Во Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар - додека граѓаните сѐ уште се трујат

Паче Тошковски, министер за внатрешни работи, најави „почести анализи“ на водата во Гостивар.

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар - додека граѓаните сѐ уште се трујат

Министер за полиција ќе ја проверува водата?

Каде е министерот за здравство Клековски?

И тој е на екскурзија како Мицкоски?

Нема место на светот каде министер за полиција што до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денеска станува стручњак за анализи на вода.

Што работеа досега?

Зошто дури сега најавуваат анализи?

Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што тоа го рече Мицкоски.

Нема официјален документ.

Нема потпис.

Никој не сака да преземе одговорност.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вчера јавно потврди дека има бактерија.

Повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање - водата не е за употреба, ниту за капење.

Граѓаните сѐ уште ги мијат садовите и се капат со вода што содржи опасна бактерија.

Сѐ ова се случува само за да се спаси лажната изјава на Мицкоски.

Обвинителството мора веднаш да застане на страната на граѓаните и да покрене кривична одговорност против:

• Христијан Мицкоски

• Сашо Клековски

• Паче Тошковски

За свесно загрозување на здравјето на граѓаните на Гостивар.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 03.08.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.П. (19) од Куманово, затоа што при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен по судска наредба, била пронајдена марихуана. 

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер