3Фицо со сериозно предупредување: Нема да дозволам Словачка да биде вовлечена во конфликт со Русија (ВИДЕО)
БалканКФОР: Внимателно ја следиме ситуацијата во северно КосовоОд КФОР повикуваат за воздржувње од провокативни демонстрации на сила, за да се осигура безбедноста на сите заедници.„Внимателно ја следиме ситуацијата во северно Косово. НАТО-КФОР има способност и персонал да спроведе сигурна и безбедна средина и слобода на движење за сите заедници под нашата ОН Резолуција 1244 од 1999 година. Од октомври го зајакнувавме нашето присуство, вклучително и со дополнителни војници и патроли во северно Косово оваа недела. Очекуваме сите актери тесно да се координираат со НАТО-КФОР“, стои во објавата на Твитер. Од КФОР повикуваат за воздржувње од провокативни демонстрации на сила, за да се осигура безбедноста на сите заедници. „Ги повикуваме сите страни да се ангажираат за да овозможат безбедност и слобода на движење на Косово. НАТО-КФОР ќе продолжи да го исполнува нашиот ОН мандат за сите заедници во Косово. Решенија треба да се бараат преку дијалог“, се додава во Твитер објавата. We are closely monitoring the situation in northern #Kosovo. @NATO_KFOR has the capability & personnel to provide a safe and secure environment & freedom of movement for all communities under our #UN mandate UNSCR 1244 of 1999. pic.twitter.com/jalILscp65 — @NATO - KFOR (@NATO_KFOR) December 16, 2022 We urge all sides to engage to enable security and freedom of movement in Kosovo. @NATO_KFOR will continue fulfilling our #UN mandate for all communities in Kosovo. Solutions should be sought through dialogue. pic.twitter.com/KyzQVC2eQ8 — @NATO - KFOR (@NATO_KFOR) December 16, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕвропаЕксплозија одекна на воен полигон во Шведска- повредени се повеќе луѓе Најмалку седум лица се повредени во Шведска по експлозија на стрелиштето во Карлсборг.Повредени се седум мажи на возраст од 20 до 30 години, а петмина се на одделението за интензивна нега. Никој од нив не е во опасност по живот, соопшти болницата Скараборг, јавува СВТ Њуз. „Можам да потврдам дека седум лица се повредени и пренесени во болница. Тие се вработени, а не регрути, иако не можеме да кажеме дали се офицери или војници“, изјави дежурниот офицер за односи со јавноста на Вооружените сили на Шведска, Микаел Огрен. Според информациите, инцидентот се случил во четвртокот околу 16 часот. Од болницата Скараборг првично, околу 20:00 часот, соопштија дека четири повредени лица се на интензивна нега, но подоцна бројот се зголеми на пет. „Можам да потврдам дека примивме седум повредени лица, од кои двајца се со полесни повреди. Станува збор за мажи на возраст од дваесет и триесет години. Петмината кои се на интензивна нега се здобиле со тешки телесни повреди, но нивните животи не се во животна опасност“, изјави началникот на службата за комуникација на болницата Скараборг, Камила Силвес. Explosion reported in Sweden. The incident reportedly occurred at a military training ground in Kråk, near the southern city of Karlsborg. At least 7 people have been injured. The cause is unknown at this stage, likely an accident during training. https://t.co/IbFuoSMDMN — Pacific Wire (@JMChyno) September 17, 2026 Полицијата го истражува инцидентот како сообраќајна несреќа. Според шведските вооружени сили, повредените се згрижени поради различни повреди, вклучително и повреди од шрапнели.Тагови: експлозија Шведска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаХуманоиден робот го удри програмерот: Терминаторот започна (ВИДЕО)Хуманоиден робот за време на демонстрации во Кина го шутна човекот што го управуваше и му го собори далечинскиот управувач од рака. Видеото од необичниот момент го објави Fox News, а сцената веднаш предизвика бројни шеги за Терминаторот и Скајнет на социјалните мрежи. Видеото прикажува човек со далечински управувач во раката додека хуманоиден робот пред него изведува серија брзи движења. Во еден момент, роботот ја замавнува ногата кон програмерот, удирајќи го и соборувајќи го далечинското од рака. Потоа роботот продолжува да ги извршува движењата додека човекот се оддалечува. „Сара Конор нè предупреди“ Снимката привлече голем број коментари, а сцената веднаш потсети многумина на научнофантастични филмови за роботи кои се свртуваат против луѓето. „Само да имаше филм од 80-тите што се обидуваше да нè предупреди...“ се пошегува еден корисник. „Сара Конор нè предупреди, но ние едноставно не сакаме да слушаме“, напиша друг корисник, осврнувајќи се на Терминаторот. „Скајнет станува свесен за себе“, „И велат дека Скајнет е невозможен“ и „Никој што го гледал Терминатор не е изненаден од ова“, се само некои од коментарите. Други се потсетија на филмот „Јас, Робот“. „Јас, Роботот почна“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Дали никој не го гледаше Јас, Роботот? Ова е само почеток!“ Дали човекот само му се пречел на патот на роботот? Сепак, некои корисници предупредија дека видеото не покажува дека роботот решил сам да го удри човекот. Со оглед на тоа што човекот го држи далечинскиот управувач во рака, можно е роботот едноставно да извршувал дадена низа движења, а човекот се приближил премногу до него. „Повеќе изгледа како човекот само да му се пречел на патот на сопствениот робот откако притиснал копче на далечинскиот управувач“, коментирал еден корисник. „Тој стартувал програма што била инсталирана, а потоа му се пречел“, се согласил друг. „Зошто на роботите им се предаваат боречки вештини?“, прашал еден корисник, додека друг коментатор едноставно ја опишал целата ситуација како „механички дефект“.Тагови: хуманоиден робот програмер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВрнежлив викенд со температура до 32 степени, од вторник заладувањеВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 18 Попова Шапка, 24 Крушево, 26 Маврови Анови, 27 Претор, Берово, 28 Охрид, Крива Паланка, 29 Прилеп, 30 Виница, Битола, 31 Тетово, Струмица, 32 Гевгелија, Демир Капија, Штип, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје Петровец, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала локална облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Во понеделник врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а поради продор на постуден воздух од север температурата ќе опадне за неколку степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter