Ристовски: Струшкиот ракометен турнир е историја на македонскиот спорт, наша обврска е да ја чуваме традицијата!
2Ристовски: Струшкиот ракометен турнир е историја на македонскиот спорт, наша обврска е да ја чуваме традицијата!
БалканКФОР демантира дека учествувал во преговори за повлекување на Срби од БањскаКфор денеска ги демантираше тврдењата од неодамнешниот извештај на Меѓународната кризна група (МКГ) дека учествувала во наводните преговори за повлекување на група „српски борци“ по настаните во селото Бањска минатата година.„Тоа не е точно. Кфор во ниту еден момент не бил вклучен во наводните преговори“, се посочува во соопштението на Кфор. Во соопштението се демантираат наводите од извештајот на МКГ дека по настаните во Бањска во септември минатата година, припадници на КФОР преговарале за „повлекување на група српски борци во околните шуми, од каде исчезнале“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЗ: Обезбеден итен авионски транспорт и континуирана медицинска грижа за млад пациентМинистерството за здравство информира дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Република Турција.По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), обезбеден е владин авион со кој пациентот утре ќе биде транспортиран во земјава. За време на транспортот, пациентот ќе биде придружуван од специјализиран медицински тим од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), при што се обезбедени сите неопходни услови за безбеден медицински транспорт. По пристигнувањето во Скопје, пациентот ќе биде преземен од тимот за спинална хирургија на Клиниката, каде што веднаш ќе биде хоспитализиран и ќе му биде обезбедено натамошно специјалистичко лекување, медицинска нега и соодветна рехабилитација. Грижата за здравјето и безбедноста на секој пациент останува наш највисок приоритет. Надлежните институции продолжуваат посветено и координирано да обезбедуваат навремена и соодветна здравствена помош секогаш кога тоа е потребно МЗКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовски: Струшкиот ракометен турнир е историја на македонскиот спорт, наша обврска е да ја чуваме традицијата!Министерството за спорт е главен покровител на 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“ што ќе се оддржи од12 до 15 август, на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“. Струшкиот турнир кој е една од од најпрепознатливите спортски традиции во Македонија, се одржува во организација на РК Струга, со поддршка од Ракометната федерација на Македонија. На денешната прес-конференција во најава на турнирот, министерот за спорт Борко Ристовски изрази поддршка и истакна дека Владата на Република Македонија и Министерството за спорт секогаш ќе стојат зад вакви турнири, федерации, клубови и поединци кои што продуцираат нешто што значи историја и традиција. -Во Струга повеќе од 50 години се организира овој турнир и ние секогаш со задоволство ќе бидеме покровители, поддржувачи и ќе помагаме во било која форма да биде побарано од нас, затоа што Струшкиот турнир навистина претставува историја за македонскиот спорт, историја за ракометот, но и историја на Струга и историја на Македонија. Новото раководство на турнирот и на РК Струга го сочинуваат сериозни луѓе кои навистина вложија многу за да се направи добар турнир, иако времето беше кратко. Верувам дека од следната година турнирот ќе расте, а ќе настојуваме конечно да се реконструира и игралиштето во Струга и овој турнир да прерасне во нешто налик на турнирот во Добој, турнир од полузатворен тип – истакна Ристовски. Министерот за спорт потсети на важноста на Струга како расадник на ракометни таленти и најави поддршка во продолжувањето на оваа традиција. -Струга отсекогаш била расадник на таленти во ракометот, Струга и денес промовира спортски вредности и во овие неколку турнирски денови градот живее во духот на спортот. Ние како Влада и Министерство за спорт ги поддржуваме овие проекти кои промовираат нешто што е наша заедничка цел – промоција на позитивни вредности и што е можно повеќе деца на спортските терени. Се надевам дека заедно ќе успееме Струга повторно да биде успешна ракометна приказна и расадник на ракометни таленти – порача Ристовски. Спортскиот директор на РК Струга и претседателот на организацискиот одбор на Струшкиот турнир, Милчо Чакарески, го најави новото издание на турнирот и упати благодарност за поддршката од Владата и од Министерството за спорт. -Оваа година не зборуваме само за уште еден спортски настан. Зборуваме за почеток на една нова ракометна ера во градот. Сакам искрено да им се заблагодарам на Владата на Република Македонија, Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, кој го прифати покровителството на овој турнир, на Ракометната федерација на Македонија, како и на сите ракометни клубови кои безрезервно ја прифатија поканата за учество. Благодарност и до спонзорите, волонтерите и сите поединци кои несебично се вклучуваат во организацијата и придонесуваат овој настан да продолжи да живее. Струшкиот ракометен турнир е многу повеќе од неколку натпреварувачки денови. Тоа е заедничка приказна која ја градиме веќе 54 години – истакна Чакарески. Годинава на Струшкиот турнир ќе настапат шест екипи, поделени во две групи. Во групата А се Вардар, Бутел Скопје и Прилеп, додека во групата Б ќе играат домаќинот Струга, Охрид и српскиот претставник Дубочица од Лесковац. Во досегашните 53.изданија на турнирот најуспешни учесници се РК Вардар и РК Еурофарм Пелистер, кои имаат освоено по 14 трофеи. Актуелен бранител на титулата е РК Охрид, кој минатата година во финалето го совлада РК Бутел Скопје и за првпат го освои турнирот. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВрховниот верски лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е наоѓа во исклучително тешка здравствена состојбаСпоред порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба.Според порталот Iranwire, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и неговиот живот е доведен во прашање. Изворите тврдат дека Хамнеи не се сретнал со ниту еден член на владата по нападот на сад врз комплексот на врховниот лидер и убиството на неговиот татко и други членови на семејството на 28 февруари.во највисоките кругови на иранскиот режим, се шират гласини дека состојбата на Хамнеи е сериозна и дека може да дојде до најлошо сценарио во секој момент.дополнителен повод за шпекулации е фактот што откако го презеде лидерството, Моџтаба Хамнеи не се појавил во јавноста ниту одржал официјално обраќање. Досега биле објавени само неколку пораки што официјалните медиуми му ги припишуваат немузасега нема официјална потврда од иранските власти за овие наводи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook