НБАКевин Дурант ја освои наградата „Меџик Џонсон“ Ѕвездата на Феникс Санс, Кевин Дурант, е добитник на наградата „Меџик Џонсон“ за сезоната 2024-25 во Националната кошаркарска асоцијација (НБА).Здружението на кошаркарски новинари на Америка ја доделува наградата секоја година на НБА играч кој се истакнува на теренот и покажува „соработка и брилијантност во комуникацијата со медиумите и навивачите“. Дурант ја освои наградата и во сезоната 2010-11, негова четврта во лигата, со Оклахома Сити Тандер. Тој станува четвртиот двократен добитник на наградата, придружувајќи им се на Стеф Кари (2016, 2024), Дамијан Лилард (2017, 2020) и Шејн Батие (2007, 2013). -Навистина сме воодушевени што повторно му оддаваме почит на Кеј Ди. Кевин долго време е една од највнимателните и најпристапните ѕвезди во НБА. Тој секогаш одвојува време за новинарите, без разлика дали е за интервјуа или само за неформален разговор, и никогаш не се откажува од ниту една тема, изјави претседателот на здружението, Хауард Бек, цитиран од американските медиуми. Дурант (36) беше избран во својот 15-ти Ол-стар тим во сезоната 2024-25. Тој има просек од 26,6 поени, 6,0 скока и 4,2 асистенции по натпревар.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
СветКим Џонг Ун на разорувачот Канг КонСевернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на навигацискиот тест на поморскиот разорувач Канг Кон и повика на зајакнување на борбените способности на морнарицата и нуклеарното одвраќање, објавија локалните медиуми.Според Корејската централна новинска агенција (KCNA), Ким се качил на разорувачот Канг Кон за да ги процени неговите маневрирачки и оперативни способности. Тој рече дека изградбата на силна морнарица способна да преземе улога во нуклеарното одвраќање и да извршува напади врз непријателот на и под вода е најважната задача во рамките на петгодишната политика за развој на националната одбрана. Ким изрази увереност дека целите за модернизација на морнарицата, вклучително и развојот на „подводно тајно оружје“ и изградбата на разорувач од 10.000 тони, ќе бидат успешно остварени и нареди разорувачите Чое Хјон и Канг Кон да бидат пуштени во употреба што е можно поскоро. Фотографиите објавени од KCNA ја покажуваат и ќерката на Ким, Џу Ае, како го посетува бродот. Разурнувачот Канг Кон, тежок 5.000 тони, претрпе штета за време на првиот обид за лансирање во мај минатата година, кога се преврте. Во тоа време, Ким го опиша инцидентот како „апсолутна невнимание“ и „неодговорност“ и побара бродот да биде обновен пред клучниот состанок на партијата на крајот на јуни.Тагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНејмар подготвен за вториот меч на Бразил на МундијалотПредводникот на Бразил, трофејниот Италијанец, Карло Анчелоти, изјави дека закрепнувањето на Нејмар се одвива добро и дека тој би можел да им се приклучи на тимските тренинзи веќе следната недела.34 годишниот Нејмар има проблеми со повреда на листот на десната нога, но се очекува да биде подготвен најдоцна до вториот натпревар на Светското првенство. „Неговата ситуација е сосема јасна, работи одлично индивидуално. Ќе направи магнетна резонанца и ако сè биде во ред, следната недела ќе им се приклучи на тимските тренинзи“, изјави италијанскиот стручњак на прес-конференција. Бразил првиот натпревар на Мундијалот ќе го одигра на 14 јуни против Мароко, а вториот на 20 јуни против Хаити. Последниот меч во групата Ц, Бразил ќе го игра против Шкотска на 26 јуни.Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
МакедонијаФилипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијатаПретседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, ја отвори денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и „Корчуланска висока политичка школа“.Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните сили мора да одговорат со единство, соработка и заедничка акција. „Скопската иницијатива е акција за зајакнување на регионалната соработка меѓу социјалдемократските и прогресивните политички партии во нашиот регион“, истакна Филипче. Тој оцени дека Западен Балкан се наоѓа во клучен момент кога по долгогодишни застои повторно постои реална можност за членство во Европската Унија. „Нашата генерација има единствена можност да го заврши овој процес. Имаме можност не само да исполниме една стратешка цел, туку и да го оствариме долгогодишниот сон на цела една генерација“, рече Филипче. Во своето обраќање тој предупреди дека европската перспектива на регионот е загрозена од организиран отпор кон реформите и демократијата. „Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, нагласи Филипче. Домашниот национализам, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе дејствуваат заеднички против европските вредности и реформските процеси. „Особено загрижува блиската соработка помеѓу организираниот криминал и националистичко-популистичките структури. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција“, истакна Филипче. Тој посочи и на лицемерието на оние кои јавно настапуваат како противници на европската интеграција, додека својата лична и деловна иднина ја врзуваат токму за земјите членки на Европската Унија. „Овие самопрогласени патриоти и бранители на националниот идентитет најдобро ја откриваат сопствената хипокризија преку тоа каде ја обезбедуваат својата лична и деловна иднина – најчесто токму во Европската Унија – додека истовремено шират дезинформации за иднината на Европа меѓу своите граѓани“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ предупреди и на подемот на антидемократски движења кои, како што рече, се насочени кон поткопување на темелните прогресивни и антифашистички вредности на современите општества. Филипче порача дека единствениот одговор на овие предизвици е создавање силна прогресивна коалиција на регионално ниво. „За да ја победиме оваа црна регионална коалиција, мора да одговориме со единство, одлучност и долгорочна соработка“, порача претседателот на СДСМ, прогласувајќи ја конференцијата за отворена. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter