Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас прославија заеднички роденден

Тие се родени на ист ден - 25 септември. По 16 години брак за кој во еден период се бореа и успеаја да го зачуваат, денеска изгледаат повљубени од кога било. Таа напони 47, а тој 72 години.

- Роденденски бакнеж за мојот сопруг. Среќен роденден, и тебе и мене - напиша Кетрин Зета Џонс до фотографијата на која го бакнува, објавена на социјалните мрежи.

Мајкл Даглас неодамна обелодени дека кога прв пат ја прашал Кетрин дали ќе се омажи со него, одговорот бил - НЕ.

Се запознаа во Франција, една година пред да стапат во брак.

- Ја запросив во Аспен, на 31 декември 1999, и никогаш нема да го заборавам тој датум. Двајцата бевме болни како кучиња, настинати. Ја запросив на преминот во 2 000 година, а таа се насмеа и рече не! - изјави Мајкл Даглас во интервју.

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас имаат две деца - 16 годишниот Дилан и 13 годишната Карус.

Нивниот брак во 2013 година беше на стаклени нозе. На Мајкл Даглас во 2010 му беше откриен рак, но успеа да ја победи болеста и последните 5 години ја нема таа дијагноза.

- Ние сме навистина среќни - изјави неодамна Кетрин.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер