Кетрин Ештон: ЕУ мора да ја награди Македонија

ЕУ мора да ја награди  Македонија заради Преспанскиот договор.

Договор кој беше многу тешко да се постигне, изјави во Белград поранешната висока претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Кетрин Ештон, додавајќи дека токму во тоа е вредноста на ЕУ.

– Знам дека сакате јасна европска перспектива и временска рамка. На владеење на правото и борбата против корупцијата и криминалот работите поради себе и јас сум убедена дека вашата иднина е во ЕУ и едвај го чекам тој ден, порача Ештон на денешниот панел на Белградскиот безбедносен форум (БСФ), насловен „Одржливи решенија за Западен Балкан".

Како што јави дописникот на МИА од Белград, повеќето учесници на панелот ја повикаа Европската Унија да не ја одложува одлуката за започнување преговори за членството со Северна Македонија и Албанија, предупредувајќи дека новото одложување ќе испрати лош сигнал за целиот Западен Балкан.

Соработникот на Виенскиот институт за општествени науки, Иван Вејвода, кој истовремено беше и модератор на панелот, рече дека Европската Унија ништо не губи со отворањето на преговори со Македонија и Албанија, додека за регионот тоа би било многу важна порака.

Според него, таквата одлука во земјите на ЕУ би била „вест на седмата страница на весниците", бидејќи до проширувањето сигурно нема да дојде во наредните седум до осум години, доколку се добро се одвива.

Директорката на германското Министерство за надворешни работи за Југоисточна Европа и Турција, Сузане Шиц изјави дека според Германија, ЕУ нема да биде комплетна без Западниот Балкан и дека се надева на позитивна одлука за Македонија и Албанија, бидејќи тоа би претставувало важен сигнал за Србија, Косово и БиХ, но и за цела ЕУ.

– Се согласувам со многу скептици дека Албанија има многу повеќе да стори во борбата против корупцијата и организираниот криминал, но тоа најдобро ќе го направи доколку биде на преговарачка маса со ЕУ. Ако кажеме „не" на овој процес, ние ќе им направиме услугата на оние кои не сакаат владеење на правото и спречување на корупцијата во регионот, нагласи Шиц.

Таа, исто така, посочи дека евентуална спогодба меѓу Србија и Косово ќе биде од големо значење и ги повика двете страни да постигнат договор што ќе ги реши сите нерешени прашања и ќе придонесе за регионалната стабилност.

Директорот на француското Министерство за надворешни работи за континентална Европа и поранешен амбасадор во Србија, Фредерик Мондолони изјави дека неговата земја недвосмислено го гледа Западниот Балкан во ЕУ, која „не би била комплетна без регионот".

Сепак, тој додаде дека кандидатите треба да ги исполнат сите услови, а паралелно со тоа Унијата да се реформира.

– Вратата не е затворена. Ние не велиме „не". Европскиот совет е поделен, ние велиме „да", но земјите мораат да ги исполнат условите, изјави Мондолони.

Тој додаде дека европската перспектива на Западниот Балкан е реалност, дека Франција сака да биде присутна во регионот и дека ќе остане ангажирана.

Говорејќи за односот меѓу Србија и Косово, Мондолони рече дека „статусот кво" е многу опасна ситуација и дека треба да се постигне договор за чија содржината треба да се договорат двете страни.

Директорот на американскиот Стејт департмент за Јужна и Централна Европа, Дејвид Костеланчик, оцени дека нормализирањето на односите меѓу Србија и Косово останува многу важно прашање за САД, нагласувајќи дека напорите на Белград за повлекување на признавањето на косовската независност од страна на други држави ја нарушуваат атмосферата и го спречуваат и отежнуваат напредокот во дијалогот.

Тој порача дека САД се надеваат оти во Косово ќе се формира влада која го поддржува дијалогот со Белград, која ќе ги укине таксите за увозот на стоки од Србија и која ќе биде единствена и ќе има реални цели.

Претседателката на Белградскиот фонд за политички извонредност Соња Лихт, истакна дека организаторите на Белградскиот безбедносен форум се длабоко убедени дека одложувањето на почетокот на преговорите со Македонија и Албанија и на визната либерализација за Косово ја поткопуваат идејата за пристапување во ЕУ и наговестува дека нема да се постигне ниту владеењето на правото, ниту слободата на медиумите во овие земји.

– Бараме лидерите на ЕУ да ја разгледаат одлуката за одложување, бидејќи почетокот на преговорите не значи членство во ЕУ. Во спротивно, бидете свесни дека на целиот регион ќе му биде направена голема штета, порача Лихт.

„GENERALKA WEEKEND 2024“

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај.

МенендМаунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, четврта година по ред ја организира масовната еколошка акција GENERALKA WEEKEND.

Оваа година ќе се чисти во сите 81 општина и воНационалните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16 000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации.

Волонтерите од Пивара Скопје во петок, на 17 мај, ќе собираат отпад на археолошкиот локалитет Кале заедно со сите партнери и волонтери од Град Скопје.

„Партнерската улога на Пивара Скопјево GENERALKA WEEKEND ја гледаме како дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој, и е продолжение на активностите под платформата „Свет без отпад“ и иницијативата „Нула емисии на СО2 во атмосферата“.Нашата должност како корпоративен граѓанин е да придонесеме за одржлива средина и апелираме до сите со кои ги делиме истите вредности, да ни се придружат во создавање на одржлива иднина за сите“, изјавиСнежана Савиќ Димовска, директорка за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје.

„Пакомакчетврта година по ред ја поддржува оваа акција за чистење на локации ширум Македонија.Совакви активности, симболично покажуваме дека со секој килограм селектиран и рециклиран отпад, придонесуваме за позелена планета и поздрава животна средина", речеФилип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

За секои 10 кг собран отпад, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Националните шуми посветуваат по 1 дрво во нивните годишни планови за пошумување. Од 2022 година поради GENERALKA WEEKEND беа засадени повеќе од 100.000 дрвја.

Како и лани, на листата официјални партнери водат Шпаркасе банка и Нула Отпад, на кои годинава им се придружуваат и Макстил, Бучим Боров Дол, ЕВН, Бимилк и Костал. Црвениот крст и оваа година ќе се грижи за безбедноста на учесниците низ државата.

Гордана Софија и ХанесЈекл од МенендМаунтен истакнуваат дека „Сите локации за чистење можете да ги најдете на www.generalka-weekend.com. Споделете ги вашите искуства со нас на https://www.facebook.com/groups/generalka.weekend и гледајте го целиот настан во живо на YouTube на https://www.youtube.com/@UrbanFM90.8 -

ДА СЕ ИЗВАЛКАМЕ И ДА ИСЧИСТИМЕ!"

Првенства на Македонија во шах: за титулата кај мажите има повеќе кандидати

Кај дамите се издвоија шахистките на ШК Алкалоид.

На Отвореното првенство на Македонија во шах, кое започна викендов, вчера се одигра четвртото коло. И во него како и во претходните имаше помали изненадувања, со што на табелата се издвоија петмина играчи меѓу првите 10 носители како фаворити за конечен триумф.

Во согласност со правилата за парување според швајцарскиот систем, тие сега започнуваат со меѓусебните дуели и низ директни пресметки ќе го дадат конечниот изглед на табелата.

Она што е интересно да се одбележи е тоа дека речиси во секое коло имаше по некој сензационален резултат. Така, во првото коло младинецот на ШК Алкалоид Матеј Бојковски (1697) успеа да го изненади шестиот носител Антон Златков (2257). Меѓу изненадувачките резултати од второто коло треба да се извојат блесоците на ветераните Атанас Ташевски (1955) и Лазо Спасовски (1770), кои во вчерашното четврто коло стигнаа да играат на првата, односно на третата табла. ИМ Емил Ристески (2365), со победата над Спасовски, стигна до максимални 4 бода, додека, пак, ИМ Тони Лазов (2358), по трите победи во низа во четвртото коло, ремизираше со ФМ Андреј Велјаноски (2290) и е веднаш зад него со 3,5 бода. Шампионот од 2021 година Филип Михов (2225), исто така, има само половина поен помалку од лидерот, откако во третото коло ремизираше со вториот носител ИМ Никола Николовски (2381), а вчера го совлада Дејан Јанков (2165).

Во женска конкуренција се игра посебен турнир со учество на 10 шахистки, кои играат според Бергеровиот систем (секоја против секоја). Паровите беа одредени со ждреб за стартни броеви, па така дел од фаворитките за висок пласман се сретнаа уште во првите рунди.

Во првото коло Жежовска (1868) го доби мечот со Николовска (1905), додека, пак, во второто коло ремизираше со ЖИМ Габриела Коскоска (1993). Во третото коло Леа Ефтовска (1797) ја совлада Жежовска, па на тој начин внесе неизвесност во борбата за првите позиции. Откако по три кола водечка беше Инџи Ајрадиновска (1809), Леа Ефтовска во четвртото коло ја совлада во директен дуел и го презеде врвот со 3,5 бода. Сепак, идентичен скор има и ЖИМ Габриела Коскоска, која во вчерашното четврто коло имаше лесна победа над младата Смилевска, па така двете дами од ШК Алкалоид се на водечките позиции.

На двата турнира се предвидени по 9 кола, односно со партиите од петтото коло, кои се играат денес, турнирите влегуваат во втората половина. /МИА

Во Музеј на вино Кавадарци уметници ќе творат на тема вински артефакти

 Во Музеј на вино Кавадарци уметници ќе творат на тема вински артефакти, подготовките се во завршна фаза, соопшти денеска директорката Весела Честоева, за настанот што се подготвува за во сабота, на меѓународниот ден на музеите. 

- Ликовни уметници ќе творат во чест на музеите. Темата на ликовниот хепенинг, е „Винскиот музеј низ артефактите". Всушност, на лице место, уметниците ќе сликаат на платно, додека заедно со посетителите кои ќе ја следат нивната активност, ќе имаат можност да дегустираст вино од ова поднебје и македонска храна. Настанот го организираме во соработка со здружението на граѓани љубители на уметноста ,,Роднокрајци", чии претставници ќе творат на платно. Ги спојуваме историјата, културата и традицијата на лозаровинарството во најголемиот регион за лозарство и винарство во државата. Уметноста на платно и уметноста во извонредните вино и храна, подвлече Честоева.

Настанот е дел од програмата за работа на музејот, со поддршка на локалната самоуправа./МИА

притисни ентер