Кети Пери прошета по црвениот тепих во провокативен фустан (ФОТО)

Пејачката Кети Пери го привлече вниманиетот во гламурозен, светкав сребрен фустан додека позираше на црвениот тепих на балот во Capital Jingle Bell.

Пејачката се одлучи за смел фустан со светки без градник под него додека се подготвуваше да настапи во лондонската О2 Арена на втората вечер од годишната божиќна екстраваганција на радио станицата.

Кејти ја истакна својата фигура во фустанот, кој имаше шлицови од страна и впечатлив шлиц до бутовите. Косата ѝ беше пуштена и брановидна, а аутфитот го комплетира со високи потпетици.

Таа за настапот носеше црвен топ без прерамки и мини здолниште. Го заокружи ансамблот со привлечни високи чизми од вештачко крзно до колена и мрежести чорапи.

Инаку, Пери се прослави со хитовите како I Kissed a Girl, Firework и Roar, кои ја лансираа на врвот на светските топ листи. Во текот на нејзината кариера таа освои бројни награди, меѓу кои и за жена на годината од Билборд. Таа беше номинирана и за 13 Греми.

Пејачката е свршена со актерот Орландо Блум, ѕвездата на „Господарот на прстените“, а ја имаат и четиригодишната ќерка Дејзи.

Гувернерот на Калифорнија и Маск се препукуваат околу грабежите во Лос Анџелес

 Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом денеска го обвини милијардерот Илон Маск дека „поттикнува грабеж во Лос Анџелес погоден од шумски пожар преку дезинформации што ги објавува на социјалните мрежи“.

Како што објави денеска „Гардијан“, гувернерот на Калифорнија реагираше откако Маск, кој е најбогатиот поддржувач на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, повторно објави порака на Х, чиј сопственик е, во која лажно ги обвини Њусом и неговите колеги демократи за декриминализирање на грабежите.

- Престанете да охрабрувате грабежи со лажење и велејќи им на луѓето дека е декриминализирано. Не е. Тоа е нелегално – како што и секогаш било, напиша Њусом.

Препукувањата се случуваат во услови на загриженост за грабежи откако сопствениците на куќи кои беа принудени да ги евакуираат своите домови во Лос Анџелес поради ширењето на шумските пожари, се вратија и открија дека нивните домови биле обиени.

Околу 30 лица се уапсени во евакуираните населби во Лос Анџелес, од кои повеќето се осомничени за грабежи, соопшти претходно денеска полицијата во Лос Анџелес. Еден уапсен маж беше пронајден во опожарен дом облечен како пожарникар, додека двајца мажи беа приведени во саботата пред домот на потпретседателката Камала Харис во Лос Анџелес, но подоцна беа ослободени откако не беа пронајдени докази за упад.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче да покажат политичка одговорност

СДС и Филипче да покажат политичка одговорност, проактивно да соработуваат со правосудните органи и да се извинат на граѓаните што не го спречиле криминалот на Груби и ДУИ.

СДС и Филипче додека беа власт се им дозволија на коалициските партнери ДУИ. СДС и Филипче дозволија криминалот да царува а корупцијата да се прошири до пандемиски размери.

СДС молчеше и создаде атмосфера во која се перцепираа како немоќни, а истовремено беа дел и соучесници пред се она што беше очигледно а тоа е мегаломански криминал и пљачкање на народните пари.

СДС и Филипче беа директни сведоци на сомнителни активности, а во јавниот дискурс постојано проектираа слика на незнаење и неинформираност.

СДС и ДУИ да излезат на прес конференција и да се извинат на граѓаните затоа што дозволија 7 години да ги крадат народните пари.

СДС и Филипче да се изјаснат дали навистина имаат намера да покажат политичка одговорност, да започнат со јавно признавање на сопствените попусти и да се извинат пред јавноста за тоа што не презеле ништо за спречување на корупцијата од страна на ДУИ и Груби.

Филипче додека бил функционер во владата на СДС и ДУИ знаел за криминалните активности на Груби и ДУИ но молчел за да опстане криминалната коалиција ден повеќе на власт и токму поради тоа денес Филипче треба да помогне на правосудниот систем за докажување на криминалот.

СДС треба проактивно да соработува со правосудните органи и да ги сподели сите информации за кои има сознанија, за да придонесе кон расчистување на незаконските активности на ДУИ и Груби, во спротивно се друго е прикривање, и ја продолжува штетната практика на неказнивост.

СДС после два месеци откако скандалот и криминалот на Груби ја бранува јавноста се обидува да се дистанцира од ДУИ преку декларативни изјави за несогласување со нивните дејства.

Ваквиот пристап на СДС кој е лишен од конкретни чекори, не само што е површен туку ги прави соучесници и е недоволен за да се врати довербата кај граѓаните.

Ако СДС сака да изгледа барем малку одговорно, треба да се извини што го толерирале Груби, што не го спречиле кога имале шанса. А потоа, сите тие што му овозможија да дојде до оваа точка, мора да се повикаат на одговорност.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Бајден: САД победуваат во глобалната конкуренција

Американскиот претседател Џо Бајден во заминување, во настап синоќа во Стејт департментот, давајќи преглед на дипломатските успеси на неговата администрација, изјави дека „САД победуваат во глобалната конкуренција“ .

Американскиот претседател Џо Бајден во заминување, во настап синоќа во Стејт департментот, давајќи преглед на дипломатските успеси на неговата администрација, изјави дека „САД победуваат во глобалната конкуренција“ и дека нема да бидат економски достигнати од Кина како што претходно се прогнозирало, додека Русија и Иран биле ослабени од војните во кои САД немаат директно учество.

Во својот говор на една недела пред да ја напушти Белата куќа, претседателот ја пофали работата на неговата администрација во однос на проширувањето на НАТО, со повиците до сојузниците да ја зголемат помошта за Украина.

-Украина, со поддршка на САД, ја наруши целта на рускиот претседател Владимир Путин да ја избрише земјата од мапата, изјави Бајден, напоменувајќи за својата посета на Киев во 2023 година како прва посета на актуелен американски претседател во зона на конфликт што не е под контрола на американски сили.

Додаде дека авторитарните држави како Кина, Иран, Северна Кореја и Русија, сега имале поблиски врски и меѓусебно соработувале, но дека тоа се случило „поради нивната слабост, а не сила.“

-Кога Путин ја нападна Украина, мислеше дека ќе му бидат потребни само неколку дена за да го освои Киев. Но она што е вистина е дека од почетокот на војната јас сум тој што дојде и стоеше во Киев, не тој, рече Бајден.

Тој го одбрани своето решение за повлекување на американските трупи од Авганистан, нагласувајќи дека противниците како Кина и Русија ништо немало да ги израдува повеќе од тоа САД да бидат постојано вмешани во таков конфликт уште цела деценија.

Бајден рече дека кога ја презел функцијата, експертите предвидувале неизбежна економска доминација на Кина над САД. Сега, според него, тоа никогаш нема да се случи. Тој истакна дека американската економија напредува, но дека останува уште многу работа.

-Да не се залажуваме, пред САД стојат сериозни предизвици кои мора да продолжиме да ги надминуваме, изјави Бајден, споменувајќи ја Украина, Блискиот Исток и индотихоокеанскиот регион. Тој додаде дека неговата администрацијата остава на следната администрација „многу силни карти.

притисни ентер