3Јаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување
ЗабаваКети Пери клекна, па и` пукнаа панталоните (ВИДЕО)Последната епизода на American Idol содржеше неколку впечатливи изведби, но сите останаа во сенка на несреќата што и се случи на членката на жирито Кети Пери.Додека го пееше својот хит Teenage Dream, кожените панталони ѝ се скинаа токму на задникот. Сè започна кога натпреварувачите од Холивудската недела почнаа да ја убедуваат 37-годишната пејачка да импровизира со нив. Кога почнала да го пее рефренот, Кејти клекнала и нејзините тесни црвени панталони ѝ пукнале доста гласно. Таа ја покри дупката со рака и отиде кај асистентите на снимањето, велејќи: „Може ли да ми дадете лента?“ Нејзините колеги од жирито, Лајонел Ричи и Лук Брајан, не испаднаа многу колегијални - не можеа да престанат да се смеат на нејзината несреќа. Сепак, Брајан и продуцентите на серијата ѝ помогнаа да ја затвори дупката. "Teenage Dream" 𝘱𝘦𝘳𝘧𝘰𝘳𝘮𝘦𝘥 𝘣𝘺 @katyperry & the #HollywoodWeek contestants!#AmericanIdol pic.twitter.com/YdDgkPTNTQ — American Idol (@AmericanIdol) March 29, 2022 Ова не е прв пат Кејти да има ваква несреќа. Пред четири години ѝ пукнаа панталоните додека снимаше дуети во истата емисија. Тогаш Ричи и пришол на помош. I have good news and bad news today - ☹️: I won’t be able to live stream #AmericanIdol today but 🙂: I CAN promise you some pants splitting fun👖😳 Tune in at 8/7c for round✌🏼 of 🌟All Star🌟 duets! pic.twitter.com/AaqCakSLdT — KATY PERRY (@katyperry) April 16, 2018 За време на пробата за полувремето на Супер Боул во 2015 година, таа го скина костимот на два дела додека се префрлаше од еден на друг сет. Таа несреќа, од друга страна, спречи многу полоша, онаа во директниот пренос што ќе ја видат милиони луѓе. „Затоа правиме проби на костими“, му објасни таа подоцна на Џими Кимел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМДТ: Веб-страниците на Владата и министерствата навремено заштитени од критичните ранливости во PHPМинистерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека веб-страниците на Владата и министерствата беа навремено заштитени со преземање превентивни и технички меркиМинистерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека веб-страниците на Владата и министерствата беа навремено заштитени со преземање превентивни и технички мерки, по објавувањето на информациите за критичните безбедносни ранливости во програмскиот јазик PHP, кои предизвикаа привремено исклучување на бројни владини веб-страници низ Европа и светот. Во рамките на превентивните активности, привремено беше блокиран надворешниот веб-сообраќај кон засегнатите системи, со цел да се спречи евентуално искористување на ранливостите. Потоа беа спроведени проверки на софтверските верзии, применети соодветни безбедносни закрпи и ажурирања и проверени функционалноста и безбедноста на веб-сервисите. Преземените мерки се насочени кон намалување на ризикот од неовластен пристап, извршување злонамерен код и потенцијално компромитирање на веб-серверите. Според досегашните проверки, не се утврдени индикации за успешно искористување на наведените ранливости или за компромитирање на веб-страниците на Владата и министерствата. Министерството за дигитална трансформација, преку Секторот за сајбер-безбедност и владиниот тим за одговор на компјутерски безбедносни инциденти (МКД-ГОВ-ЦСИРТ), продолжува со засилено и континуирано следење на сајбер-заканите, анализа на безбедносните настани и лог-записите, како и проверка на потенцијалните индикатори за компромитирање. Заштитата на владината дигитална инфраструктура останува приоритет на Министерството. Преку навремено откривање и отстранување на ранливостите и примена на соодветни безбедносни ажурирања, Министерството продолжува да ја зајакнува безбедноста на системите и да обезбедува сигурно и стабилно функционирање на електронските услуги за граѓаните и компаниите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаНаучници го реконструираа лицето на човек кој живеел пред 315.000 години Дигиталната реконструкција на фосилни остатоци од Мароко, стари приближно 315.000 години, открива дека раните припадници на нашиот вид поседувале многу црти на лицето слични на оние кај современите луѓе.Дигиталната реконструкција на фосилни остатоци од Мароко, стари приближно 315.000 години, открива дека раните припадници на нашиот вид поседувале многу црти на лицето слични на оние кај современите луѓе, иако имале поизразена вилица и помасивни карактеристики на лицето. Фосилни остатоци откриени на археолошкиот локалитет Џебел Ирхуд во Мароко им овозможија на научниците увид во изгледот на раните припадници на видот *Homo sapiens*. Врз основа на овие остатоци, бразилскиот 3D дизајнер Сисеро Мораес и неговиот тим изработија дигитална реконструкција на лицето на еден од најстарите познати претставници на нашиот вид. Остатоците биле откриени во раните 1960-ти години, за време на ископувања на минерални суровини. Првично се верувало дека тие им припаѓаат на неандерталците; сепак, подоцнежните истражувања и новите методи на датирање покажаа дека тие се многу постари и дека им припаѓаат на раните припадници на видот *Homo sapiens*. Две студии објавени во 2017 година потврдија дека фосилите се стари приближно 315.000 години, што значително го помести наназад временскиот период на познатото потекло на нашиот вид. Бидејќи не е пронајден целосен череп од поединец, истражувачите комбинираа делови од повеќе фосилни остатоци откриени на истото наоѓалиште. Најголемиот дел од черепот и горниот дел од лицето потекнуваат од примерок познат како „Ирхуд 1“ (Irhoud 1), додека долната вилица и забите се реконструирани врз основа на други пронајдени остатоци. За изработка на дигиталниот модел се искористени и податоци добиени преку компјутерска томографија (КТ) на череп од современ човек. Со помош на специјализиран софтвер, моделот беше прилагоден за да одговара на обликот на коските, по што беа додадени меките ткива и други детали од лицето. Мораес изработи две верзии на реконструкцијата: една во нијанси на сива боја, која ги истакнува анатомските карактеристики, и друга во боја, која вклучува кожа, коса и брада. Сепак, оваа реконструкција не претставува прецизен портрет на конкретен поединец, туку дигитална апроксимација заснована на достапните фосилни и анатомски податоци. „Поединец од Џебел Ирхуд би можел да помине незабележано во толпа, но поблискиот поглед би открил нешто што го издвојува – пред сè, неговите робусни црти и истакната вилица“, објасни Мораес за „ScienceAlert“. Наодите од локалитетот Џебел Ирхуд се значајни за разбирање на човечката еволуција. Тие укажуваат на тоа дека одредени карактеристики на лицето на современиот човек постоеле многу порано отколку што претходно се претпоставувало, додека други анатомски одлики еволуирале постепено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаНиколоски: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилностНиколоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер- Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност.Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани геополитички случувања. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност - ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер. “ Регионално, Македонија граничи со Европската Унија и на југ и на исток, околу нас се земји кандидати за членство во ЕУ, така што сме опкружени со Европската Унија и природно е да сакаме да соработуваме. 76% од извозот на Македонија оди кон земји членки на Европската Унија, 46% од увозот доаѓа од земји членки на Европската Унија и природно е да сакаме да ја искористиме поврзаноста. Македонија има уникатна географска положба која што ја нема ни една друга држава во регионот на Југоисточна Европа и тоа е нешто што може и мора да го искористиме. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори” – се обрати Николоски. Говорејќи за развојот на коридирите, тој ги потенцира инвестициите што се реализраат во патната и железничката мрежа. “На коридорот 10 со поддршка на ЕУ работиме на модернизација на автопатот. Во рамки на Планот за раст, готови се 5 закони за Интелигентни транспортни системи, кои што покрај Министерството за транспорт ги работи и Министерството за локална самоуправа и Министерството за внатрешни работи, по што ќе одиме со имплементација. Тука е и реконструкцијата и надградбата на железничкиот коридор каде што треба да добиеме брза пруга за патнички од 160 до 200 км/ч и карго сообраќај од 120 км/ч. Во однос на коридорот 8, работиме и автопат и железница. Автопатски сме понапред, но има уште доста работа. Вчера бев во посета на автопатот Охрид-Кичево, таму одлично напредуваме. Исто така, се гради секцијата од Букојчани до Кичево, од Букојчани до Гостивар, од Гостивар до Тетово. А на источната страна, работевме со ЕУ во делот од Страцин до Крива Паланка и обиколница на Крива Паланка, а сега ќе работиме заедно на потегот од Страцин до Куманово, односно до Романовце. И заедно со Светска банка и Европска Унија работиме на модернизација и проширување на преминот Ќафасан и преминот Деве Баир, како би можеле да имаме еден поголем проток. Тука се и двата аеродроми кои што се лоцирани токму на коридорите. Оваа година очекувам да надминеме 4 милиони патници, нешто што беше незамисливо до пред две години. Јас кога бев избран, очекував некаде докај 2031-2032 година да стигнеме до 4 милиони патници, еве имаме среќа веќе во 2026 година ќе одиме на 4 милиони патници, што за држава од 1.800.000 жители е навистина една огромна бројка” – потенцира вицепремиерот Николоски во своето обраќање на панел дискусијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook