Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
1Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
ЗабаваКети Пери ги згрози фановите на својата роденденска прослава: Таа жена е патетична (ВИДЕО)Поп-ѕвездата Кети Пери го прослави својот 41-ви роденден, но наместо честитки, таа предизвика бес кај обожавателите со еден непромислен потег.Пејачката, која моментално е на турнејата „Лајфтајмс“, го прослави својот роденден на 25 октомври, а екипата на турнејата ја изненади со голема торта. Потег што ги згрози обожавателите Пери објави серија фотографии од прославата, а во објавата сподели и видео од нејзиното дување свеќи пред групата. После тоа, таа ја зграпчи тортата и ја фрли кон еден член од нејзиниот тим, кој успеа да се измолкне во последен момент. Откако тортата заврши на подот, некои од нејзините танчери почнаа да јадат парчиња од подот. Се чини дека целата сцена ја забележало нејзиното ново момче, поранешниот премиер на Канада, Џастин Трудо. Овој потег предизвика лавина од негативни коментари на интернет. View this post on Instagram A post shared by KATY PERRY (@katyperry) „Оваа жена е патетична“ Иако некои застанаа во одбрана на пејачката, многумина го осудија нејзиното однесување, сметајќи го за незрело и непочитувачко. „Тим ја изненади со торта за роденден, а таа едноставно ја фрли целата на некого, фрлајќи ја целата нивна напорна работа во ветер… Оваа жена е всушност патетична“, напиша еден. Друг додаде: „Возрасна 41-годишна жена на која не ѝ е гајле за лицето што го чисти нејзиниот неред и лицето што вложило труд во правењето на таа торта. Таа треба да се спушти на земја.“ „Некој одвоил време со љубов да ја направи таа торта, а таа едноставно ја фрли на подот“, забележа трет.Тагови: Кети Пери прослава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја труе цела МакедонијаМицкоски ја труе цела Македонија - По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид.Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово.... По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење. Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место. Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар. Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата. Секој си ја тера својата приказна. Собирање политички поени наместо заштита на здравјето на луѓето. Срам. На ВМРО и на Мицкоски повеќе им е важен рејтингот отколку здравјето на граѓаните. Ќе ја отрујат цела Македонија. Кој знае колку уште општини и градови се загадени, а ние сè уште не знаеме? Министерот за полиција Тошковски се занимава со хиперхлорирање како да работи во водовод. Мицкоски ветува едно. Клековски не презема одговорност. Епидемија на жолтица е во тек. Сè уште нема одговорни. Никој не ставил потпис. Никој не ставил печат. Никој не гарантира со своето име и презиме. Не сакаат да кажат која институција и кое лице дало дозвола за користење на техничката вода во Гостивар. Нема анализи. Нема одговорно лице. Нема име и презиме. Само лаги, измами и префрлање одговорност. Ова повеќе не е криза со вода. Ова е системско труење на државата. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеРасте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарциРасте бројот на заболени со западнонилска треска.Вчера беа потрдени три нови случаи, Светската здравствена организација предупредува дека јули и август се најризичните месеци за ширење на вирусот. Во Македонија досега се регистрирани осум случаи, а најголемиот дел од заразените воопшто немаат симптоми. Од СЗО препорачуваат: покривање на телото со облека, користење средство против комарци и отстранување на застојаната вода околу домот. Здравствените власти смируваат дека заразата не се пренесува од човек на човекТагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри Во полскиот округ Билгорај, во близина на градот Лублин, жителите слушнале силен тресок во текот на ноќта, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект, соопшти денеска полицијата од ЛублинКратер со дијаметар од десет метри е пронајден на поле во Тарнава Колонија, која се наоѓа околу 50 километри јужно од Лублин, а на местото на настанот пристигнале полицијата, пожарникарите и воен хеликоптер, јавува Вјадемошќи. „Утрово добивме дојава од регионалниот центар за итни повици дека се слушнала силна експлозија во округот Билгорај помеѓу градовите Тарнава Колонија и Бискупица. Дежурниот полицаец испратил полициски патроли на местото на настанот. Air raid sirens, then an explosion in Lublin! Poland scrambled F-16s after tracking an unidentified airborne object. It crashed near Tarnawa Kolonia, leaving a crater and scattered debris. Emergency services are on the scene. Wake up, Poland! War is on your doorstep. pic.twitter.com/nHw8lP9fP8 — Silent Witness (@SilentWitn1ss) July 30, 2026 По 5 часа, полицајците откриле кратер и расфрлани делови од неидентификуван предмет на поле помеѓу Тарнава Колонија и Токари, приближно на два километри од зградите“, се вели во полициското соопштение. Во соопштението се наведува дека за инцидентот биле известени воената полиција, Агенцијата за внатрешна безбедност, Службата за воена контраразузнавачка дејност и Окружното обвинителство во Лублин, како и дека на местото на настанот биле испратени полициски службеници за борба против тероризмот. Во Лублин, кој се наоѓа на околу 80 километри од границата со Украина, сирените се огласија и во текот на ноќта, непосредно пред 4 часот наутро.Тагови: Полска русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook