Кери за враќањето на САД во Парискиот договор: Се враќаме понижени

Соединетите држави се „горди што се вратија“ кон меѓународните напори за забавување на климатските промени, изјави денеска на самитот за клима новиот американски специјален пратеник за клима,Џон Кери.

Новата американска администрација на претседателот Џо Бајден треба да ги претстави новите политики за борба против климатските промени оваа недела по враќањето на Парискиот договор за клима од кој се повлече поранешниот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека е прескап за американската економија.

"Горди сме што се вративме. Се враќаме со понизност поради отсуството во последните четири години и ќе сториме се што е во наша моќ да го надоместиме тоа", рече Кери преку видео врска на самитот за климата.

На самитот присуствуваат кинескиот вицепремиер Хан Џенг, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон и други светски лидери.

"Претседателот Бајден ја прогласи борбата против климатските промени за врвен приоритет на неговата администрација. Сега имаме претседател кој, благодарение на Бога, води, ја кажува вистината и кој се грижи за ова прашање", рече Кери.

Светските лидери ја истакнале важноста на фактот дека Вашингтон се вратил на меѓународните напори за борба против климатските промени.

Извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева го поздрави враќањето на Соединетите држави во Парискиот договор. „За да се соочиме со овој голем предизвик, потребни ни се сите раце и САД секако се клучот за успехот.

Виртуелниот состанок, чиј домаќин е Холандија, има за цел да најде практични решенија и планови за борба против климатските промени до 2030 година.

Како државен секретар на претседателот Барак Обама во 2015 година, Кери помогнал да се донесе Кина на маса на климатската конференција на ООН во Париз.

Пред самитот, повеќе од 3.000 светски научници ги повикаа лидерите подобро да го заштитат светот од ефектите на глобалното затоплување.

„Нашиот свет веќе доживува големи нарушувања предизвикани од интензивните суши, пожарите, топлите бранови, поплавите, разорните тропски циклони и другите екстремни настани“, велат научниците, меѓу кои и петмина добитници на Нобеловата награда.

„Ако не ги засилиме нашите напори сега и не се прилагодиме, резултатите ќе бидат зголемување на сиромаштијата, недостиг на вода, загуби во земјоделството и зголемување на миграцијата со огромни загуби на човечки животи.

„Климатските промени можат да го намалат глобалното производство на храна за 30 проценти, да го подигнат нивото на морињата и да предизвикаат повеќе бури што можат да принудат стотици милиони жители на крајбрежни и рурални предели да ги напуштат своите домови“, предупредува организаторот на самитот, Глобален центар за адаптација., ГЦА) .

„Нема вакцина за климатски промени“, рече претседателот на ГЦА, поранешен генерален секретар на ООН, Бан Ки Мун, нагласувајќи: „Сè се случува многу, многу побрзо отколку што мислиме, предизвикувајќи ризици. Отпорот на климатските промени не е пријатен задача, но тоа е императив".

Нема да бидат донесени обврзувачки заклучоци на самитот, но холандската влада објави акционен план со практични решенија.

Самитот е прв што се фокусира на ефектите од климатските промени, велат организаторите.

Претходните самити главно биле посветени на борба против причините за климатските промени, особено против емисиите на стакленички гасови.

Младеновска: Комуникацијата со економската директорка Иљази се одвивала со преведувач

И покрај опомената на Државниот санитарен и здравствен инспекторат здравствените работници кои останаа без потпишани договори за работа доаѓале на работа и се пријавувале во системот за работа, изјави директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.

Од ДСЗИ рекоа дека ќе донесат решение за забранет пристап на клиниката на поранешните вработени. Доколку не се почитува и ова решение клиниката и двајцата директори ќе бидат казнети. Иако претходните мерки од страна на ДСЗИ не биле потпишани само од економската директорка Иљази.

„Со оглед на фактот дека на самиот надзор присуствуваа двајцата директори и медицинскиот и организацискиот беше доставена документација во однос на листи од електронска евиденција на работно време и контрола на пристап во просториите од истите документи ДСЗИ го констатираше следново: По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.12.2023 година истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението, рече Младеновска.

И од ДСЗИ потврдија дека комуникацијата со економската директорка Иљази се одвивала со преведувач, бидејќи таа не разбира Македонски јазик.

„Со организациската директорка, како што изјави, разговарале со преведувач бидејќи таа не го користи македонскиот јазик“

Денеска се одржал управен одбор на клиниката каде било речено поранешните вработени до 9 Мај да не доаѓаат во клиниката. Извори од клиниката канал 5 ќе има проемни на клиниката и дека поранешните вработени ќе бидат вработени, а најверојатно досегашниот директор Данил Петровски ќе биде разрешен како што најави и министерот Демири.

„Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Аеродром

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, веројатно на аеродромот во Скопје ќе го пречека специјалната единица „Тигри“.

Според досегашната пракса на екстрадиција на високоризични затвореници, Палевски, би требало во присуство на турската полиција да биде спроведен до авионот со кој ќе патува, а таму ќе го пречекаат припадници на македонската безбедносна служба. Тие ќе бидат задолжени за него за време на летот. Веднаш по слетувањето, под силно полициско обезбедување, веднаш ќе биде транспортиран во истражниот затвор ,,Скопје”, бидејќи му е одредена мерка притвор.

Професорот за безбедност, Методи Хаџи Јанев, не очекува никакви проблеми при спорведувањето, но предупредува дека мора да бидат запазени сите човекови права, во спротивно осомничениот би можел тоа да го употеби во своја корист.

Во пресрет на екстрадицијата, политичката партија Десна на својот официјален Фејсбук профил, објави наводно писмо од својот поранешен лидер Љупчо Палевски. Тврдат дека тоа било упатено до министерот за правда Кренар Лога, пишувано лично од Палчо, на 29 април, а следниот ден му било испратено преку службениот маил. Тој во писмото го обвинува министерот за правда Кренар Лога дека правел калкулации и застој со екстрадицијата поради изборите во земјава.

Барањето за екстрадиција доаѓа по неговото апсење на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

Димитриевски: До 8 мај нема да учествуваме во било какви преговори

Една изборна единица, црвени национални линии, промена на преговарачката рамка, се условите на Максим Димитриевски за постизборна соработка. 

Тој во гостувањето во утринската програма на Канал 5 „Здраво Македонија“, оцени дека СДСМ го допрела дното, а опозицијата уште не дојдена на власт потсетува на власта до 2016 година...

притисни ентер