Кенеди: Ова е новата пирамида на храна, не е се превртено, туку досега беше така - Канал 5

Кенеди: Ова е новата пирамида на храна, не е се превртено, туку досега беше така

Во САД овој месец беа објавени новите „Диететски упатства за Американците 2025-2030“ ('Dietary Guidelines for Americans' - ДГА). 

Кенеди: Ова е новата пирамида на храна, не е се превртено, туку досега беше така

Новата пирамида на исхрана: Речиси целосно обратна од досегашните препораки

Во САД овој месец беа објавени новите „Диететски упатства за Американците 2025-2030“ ('Dietary Guidelines for Americans' - ДГА). За разлика од претходните, подолги и бирократски документи, новите правила се на само околу 10 страници - но според експертите, значат целосно ресетирање на прехранбениот систем и во САД и пошироко.

Министерот за здравство на САД, Роберт Ф. Кенеди Помладиот ги објави новите федерални диететски упатства, охрабрувајќи ги Американците да ја ограничат високо преработената храна и да ги намалат рафинираните јагленохидрати.

- Многумина од вас би кажале: „Сѐ е превртено“. Но, всушност, сѐ беше превртено претходно, нагласи Кенеди.

За пораката „Јади вистинска храна“ ('Eat Real Food'), се чини, допрва ќе се говори. Пред сѐ, „ДГА“ пропишуваат внес од 1,2 - 1,6 грама протеини на килограм дневно, со нагласка на протеините во секој оброк. Списокот препорачани извори вклучува јајца, риба, живина, па и црвено месо - под услов производите да не содржат адитиви, шеќер и преработен скроб. Ова е радикално отстапување од децениските предупредувања против „премногу месо“, но исто така, и поткрепа на научните тврдења дека протеините го зголемуваат чувството на ситост, го забрзуваат метаболизмот и ја чуваат мускулната маса, особено во староста.

Натаму, друг новитет се млечните производи. „ДГА“ поттикнуваат користење полномасни намирници без додаден шеќер, со три порции дневно и до 2.000 калории. Притоа, упатствата ја напуштаат старата парадигма „малку маснотии е здраво“ бидејќи многу производи „без маснотии“, всушност, биле стапици со шеќер.

Нагласката сега е на едноставноста: помалку индустриска обработка, но без забрана на полномасното млеко и јогуртот, оти сѐ поголем број научници кои веруваат дека здравите масти не се непријател.

- Ѝ ставаме крај на војната против заситените масти. Мојата порака е јасна. Јадете вистинска храна - ништо не е поважно за резултатите од здравствената заштита, економската продуктивност, воената подготвеност и физичката стабилност, изјави Кенеди.

Зад овој документ стои тимот составен од поранешниот хирург д-р Кејси Минс, нејзиниот брат Кали Минс - лобист и критичар во прехранбената индустрија, Нина Тејхолц - авторка на книгата „Големото дебело изненадување“ (The Big Fat Surprise) и други научници од областа.

„ДГА“ сега дозволуваат и употреба на путер или говедска лој во подготовката на храна, додека се одржува ограничување од 10 отсто од вкупната енергија од заситени масти.

Меѓу новите мерки е и: максимум 10 грама додаден шеќер по порција, со тоа што вештачките засладувачи не се дел од здравата исхрана. Меѓутоа, некои критичари велат: Поимот „оброк“ не е дефиниран, па на некој што јаде двапати на ден, според ова упатство, му е дозволено само 20 г, а на оној кој јаде пет пати - 50 г на ден.

Аргументи против ултра-преработената храна

„ДГА“, повикувајќи се на класификацијата „НОВА“ (NOVA), нагласуваат дека „храната што изгледа како да е излезена од 3-Д-печатач не е храна“. Вештачките бои, ароми и засладувачи се особено вон дозволеното. Целта е враќање на исхраната кон интегрална храна.

Овој дел од документот има најширока поддршка: Од СЗО до истражувачите кои предупредуваат дека високиот степен на преработка на храна поттикнува прејадување и хормонален дисбаланс - скоро сите ги прифаќаат аргументите тука.

Новиот пристап кон алкохолот ги напушта бројчаните ограничувања („Еден пијалак за жени, два за мажи“) и ги заменува со пораката: „Пијте помалку за подобро здравје“.

Шеќери

Новите „ДГА“ јасно ги препознава вистинските причини за дебелината: вишок шеќер и прекумерно-преработена храна. Но, нивните решенија - висок внос на протеини, враќање на животинските масти и помалку алкохол - покренуваат нови прашања за долгорочните здравствени последици и практичната изводливост.

Сепак, добар дел од новите упатства носат силна логика: намалување на паштета, салама, чадени сушени месни производи полни со адитиви и нитрити, како и чипс и сите можни видови брза храна. Се препорачува риба, пилешко, мисиркино месо, јајца, јогурт, сирење во умерени количини, а исто така, и помалку леб и црвено месо, а што повеќе салата или варен зеленчук.

Исто така, се вели: Пијте вода, избегнувајте алкохол колку што е можно повеќе, избегнувајте газирани напитоци и сите видови сокови - без разлика дали се „природни“ или без шеќер, пијте чаеви и умерено со кафето - по можност без шеќер... И, намалете ги шеќер. Покрај тоа, оние со вештачки засладувачи секако треба да се прескокнат.

Предвесникот на новата политика

Старата пирамида на исхрана е разнишана пред околу 20 - 30 години, пишува списанието „Тајм“. Имено, во напис под наслов „Јадете путер: Научниците ги означија мастите како непријател. Зошто грешеа?“ од 2014 година јасно се признава дека битката против мастите е неуспешна стратегија.

Клучната порака е: Путерот не е „непријател број еден“, и се опишува како нутритивно „среден“ избор - подобар од шеќерот и рафинираните јаглехидрати, а полош од, на пр. - маслиновото масло, но никако не е „отров“ како што е прикажуван со десетлетија. Се вели и дека внесувањето путер не е поврзано со поголема опасност од срцеви заболувања, а е малку благотворно во однос на опасноста од дијабетес тип 2.

Стручњаци (на пр. Дејвид Лудвиг) велат дека со години предупредуваат дека фокусот на јавното здравје на елиминирање на мастите - наместо намалување на шеќерот и ултра-преработените јаглехидрати - бил погрешен.

Се споменува и дополнителна анализа на крвта на повеќе од 3.000 возрасни лица во којашто биомаркерите на млечните масти биле поврзани со околу 46 отсто помала опасност од дијабетес кај оние кои имале повеќе од овие маркери. Вистинскиот непријател, во таа смисла, е шеќерот и рафинираните скробови (во леб, бели житарки, сокови).

Написот истакнува оти исхраната со „ниска масленост“ не ги донела очекуваните придобивки и дека новите истражувања одат во прилог дека „демонизацијата“ на путерот била претерана и научно слабо поткрепена. Се признава и дека мастите биле „жртвеното јагне“ со десетлетија, додека вистинските проблеми биле скриени во шеќерот, белото брашно и ултра-преработената храна.

Одглас дома и преку океанот: Европа нема да копира сè кај себе

Научниците од американскиот Центар за наука и јавен интерес во Вашингтон и Центарот за биолошка разновидност во Тусон, ги сметаат официјалните упатства за премногу благи, нејасни и под влијание на политиката на американската прехранбена индустрија. Во заеднички одговор, тие ги објавија своите „Бескомпромисни препораки“, повикувајќи на построги ограничувања за ултра-преработена храна, додадени шеќери и црвено месо, како и посилен фокус на здравјето и животната средина.

„Додека месната и млечната индустрија можеби се воодушевени од новата пирамида на исхрана, американската јавност не треба да биде; упатствата за протеини и масти во оваа 'ДГА' се, во најдобар случај - збунувачки, а во најлош случај - штетни. Покрај тоа што дава контрадикторни препораки, документот, исто така, шири отворени дезинформации дека 'здравите масти' вклучуваат путер и говедска маст“, ​​предупредуваат научниците.

Претседателот на Американскиот колеџ за кардиологија, доктор по медицина, Кристофер М. Крејмер, се сложува со препораките.

- Колеџот го признава и го цени објавувањето на новите федерални упатства за исхрана и останува посветен на помагање на клиницистите и пациентите да ги користат за поддршка на здравјето на срцето. Го поздравуваме вклучувањето на неколку важни препораки засновани на наука, вклучувајќи го и јадењето интегрално овошје и зеленчук; ограничување на додадените шеќери, високо преработената храна, заситените масти и шеќерните пијалоци; и вклучување интегрални житарки и здрави масти од интегрална храна како месо, морска храна, јајца, јаткасти плодови, семиња, маслинки и авокадо, изјави д-р Крејмер.

Претседателот на Федерацијата на Американското земјоделско биро, Зипи Дувал вели дека новите упатства за исхрана ја признаваат вредноста на висококвалитетните протеини, млечните производи и свежото овошје и зеленчук.

- Бирото со нетрпение очекува да соработува со Администрацијата за да се осигури дека одлуките за политиката за храна се засновани на наука и лесно разбирливи, така што американските семејства ќе имаат доверба при полнењето на своите полици, вели Дувал.

Американско-италијанската коалиција за храна, се согласува дека новите упатства за исхрана го препознаваат она што италијанските и медитеранските традиции на храна го покажуваат со векови - ниедна поединечна храна не го одредува здравјето. Наместо тоа, се вели, рамнотежата, умереноста и разновидноста во сите групи на храна се клучеви за долгорочна благосостојба.

Според многумина, новите упатства се залагаат за поддршка на американските земјоделци и сточари. „Јадете вистинска храна“, на тој начин, станува слоган на национализмот во областа на храната, заедно со политичкото отстапување од корпоративниот модел на глобална исхрана. Проф. д-р Дарија Вранесиќ Бендер од Хрватска истакна дека од упатствата на „ДГА“ се гледа дека креаторите на документот не биле водени од важните прашања за одржливоста и јаглеродниот отпечаток.

- Тоа има важна улога во развојот на упатствата за храна на ЕУ. Сѐ ова е проблематично бидејќи изборот на храна значително влијае на животната средина, а во истовреме е силно обликуван од социоекономските и културните фактори, вели таа.

Се верува дека Европската Унија и Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) сè повеќе ја поврзуваат политиката за храна со климатските и одржливите цели, со нагласка на исхраната заснована на растенија и со помалку месо. Следствено, Европа веројатно ќе прифати дел од пораките за шеќерите, ултра-преработената храна и засладувачите - но враќањето на Америка кон црвено месо и говедска маст ќе биде потешко да се следи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Брачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com.

Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација.

Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка

Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето.

Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник.

Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана.

Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност

За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор.

Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните.

Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата.

Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција.

Таткото веќе бил осудуван

Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време.

Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал.

За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна.

Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста.

Сомнителни финансиски трансакции на двојката

Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите.

Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП.

Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата.

YouTube video

Засолништето купува камери

Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд.

Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун.

Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките.

Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари.

Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните.

Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите.

YouTube video

Проба алкохол од повеќе шишиња

Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари.

Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите.

„Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард.

Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци.

Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот.

Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран.

Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември.

Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон.

„Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој.

Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај.

„Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“.

Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите.

Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата.

Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер