Кенеди јуниор: Трошиме повеќе за здравство од било која друга земја, а имаме најмногу болни во светот! Како е можно тоа? - Канал 5

Кенеди јуниор: Трошиме повеќе за здравство од било која друга земја, а имаме најмногу болни во светот! Како е можно тоа?

„Имаме криза со дебелината, имаме криза со дијабетес“, вели Кенеди јуниор.

Кенеди јуниор: Трошиме повеќе за здравство од било која друга земја, а имаме најмногу болни во светот! Како е можно тоа?

-На секое ниво, од докторите, болниците, до осигурителните компании, фармацевтските компании, луѓето заработуваат пари со тоа што ги одржуваат болестите кај Американците, не ги лечат луѓето, туку ги одржуваат болни. Така што, денес имаме население со најмногу болести на светот. Повеќе од 60 отсто од нашите деца страдаат од хронични болести. Кога чичко ми беше претседател (Џон Кенеди, убиен во Далас во 1963 г. н.з.), јас имав 10 години, тоа беа само 3 отсто, изјави во едно од своите интервјуа, американскиот секретар за здравство, Роберт Кенеди јуниор.

Според податоците што тој ги изнесе околу 8 од 10 американски деца не можат да се квалификуваат за воена служба.

-Имаме криза со дебелината, имаме криза со дијабетес. Стапките на аутизам кај нашата популација - во 1970 година ја имавме најголемата епидемиолошка студија спроведена дотогаш, според која околу 0.7 отсто, значи помалку од 1 од 10 000 Американци имале аутизам. А денес, според најновите податоци од ЦДЦ (американскиот Центар за контрола на болести и превенција, н.з.), што е една од агенциите кои јас ги водам, таа бројка е 1 на секое 31 дете. Едно од 20 момчиња во Калифорнија, која има најдобра архива на податоци од која било друга наша држава, веројатно и најточна, што значи дека веројатно е и полошо од ова – едно од 19 деца има аутизам. Значи навистина треба да ја промениме ситуацијата. Треба да ги смениме работите во оваа Агенција, и да ја направиме, да започнеме на секое ниво, да ги менуваме овие перверзни состојби кои ги прават луѓето богати со тоа што ги одржуваат луѓето болни, не да умрат, но не и да оздрават, туку да бидат постојано под потреба од лечење. Тоа мора да го смениме“, вели Кенеди, кој иако некогаш беше демократ, како што е впрочем и целето семејство Кенеди, прифати да работи со републиканците и со претседателот Трамп, само и само да може да придонесе за справување со, според него, лошата состојба со здравјето на Американците.

При сослушувањето во Сенатот на САД, пред да биде потврдено неговото именување на функцијата, од една накострешена сенаторка беше прашан:

– Дозволете ми тогаш да ве прашам следново, бидејќи постојано ја цитирате администрацијата на Трамп, само ќе го извршувате тоа што тие ќе го кажат, тоа ли го правите, само автоматски ќе одобрувате сè што ќе кажат тие? Без разлика дали сте тоа вие, може да биде кој било, сè додека се само извршители за оваа администрација, игнорирајќи ги вашите сопствени убедувања и она што вие го мислите. Значи, моето прашање до вас е – ако навистина е од суштинско значење за она во кое што верувате, како живеете со тоа? Како се справувате со тие прашања додека продолжувате понатаму знаејќи дека тоа ќе им наштети на Американците?

Кенеди се обиде да одговори:

Претседателот Трамп ми рече – стави крај на епидемијата на хронични болести и направи ја Америка повторно здрава.

Беше прекинат и прашан:

-Дали тогаш тоа е единствената причина зошто сте во Министерството за здравство, за да се справите само со тој еден проблем?

На тоа Кенеди поопширно објасни:

- Претседателот Трамп ме назначи бидејќи сум во единствена позиција да ставам крај на тоа, и тоа и го правам. Ако не го решиме тој проблем, сенаторке, сите други дебати што ги имаме околу тоа кој плаќа и дали тоа се осигурителните компании, дали тоа се давателите на услуги, дали се организациите за одржување на здравјето, дали тоа се пациентите или нивните семејства, сето тоа е залудно, нашиот брод тоне.

Имаме зголемување и имаме најголема буџетска линија во моментов, и расте побрзо од која било друга, трошиме повеќе пари од било која друга земја во светот, а ниедна друга земја во светот го нема она што го имаме ние овде. Ниедна друга земја нема толку хронични болест. Ние имаме највисока стапка на хронични болести од која било земја во светот. За време на КОВИД, имавме 16 отсто од смртните случаи предизвикани од КОВИД, а имаме само 4,2 отсто од светската популација. Имавме поголем број на смртни случаи од која било друга земја во светот. И кога ЦДЦ беше прашан зошто, рекоа дека тоа е затоа што Американците најмногу страдаат од болести во целиот свет. Просечен човек што починал од КОВИД, Американец, имал 3,8 хронични болести. Ова е егзистенцијална закана, економски, за нашата војска, за нашето здравје, за нашето чувство на благосостојба. И тоа е приоритет за претседателот Трамп. И затоа ме повика да ја водам агенцијата. И ако ја имам таа привилегија да бидам потврден, токму тоа и ќе го направам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. 

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела.

Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто.

Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден.

Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател.

После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта.

Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен.

Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата.

Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош.

На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси.

Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција.

Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот.

Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата.

Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни.

Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители.

По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби.

Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата.

Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот.

Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.

Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери.

„Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп.

Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје.

„Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп.

Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година.

„Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. 

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV.

Неочекуван пресврт

Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето.

„Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“

Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат.

@chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼‍♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis

Разочарување на социјалните мрежи

Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи.

„Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата.

Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“.

@katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte

Се обидоа да ги обештетат

И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија.

„Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер