Кембриџ :Само една доза на вакцината од Фајзер го намалува ширењето на короната - Канал 5

Кембриџ :Само една доза на вакцината од Фајзер го намалува ширењето на короната

Само вакцинацијата со една доза на вакцината на Pfizer ја намалува веројатноста за пренесување на вирусот за 75 проценти, покажала новата студија.

Кембриџ :Само една доза на вакцината од Фајзер го намалува ширењето на короната

Студијата е спроведена на 9000 луѓе меѓу здравствени работници во Кембриџ, Велика Британија. Тестовите за присуство на вирусот кај лица вакцинирани со единечна доза на Pfizer 12 дена по вакцинирањето покажале дека процентот на лица заразени со вирусот САРС-CoV-2, но без симптоми, е за 75 проценти помал. Бројот на заразени со симптоми се намалил за сличен процент.

Ова откритие е важно затоа што покажува дека вакцинацијата значително го намалува преносот на вирусот.

Од претходните истражувања било јасно дека Pfizer е многу ефикасен во намалувањето на симптоматските инфекции, но досега не било познато дали вакцинираните лица можат да станат асимптоматски и да продолжат да ја пренесуваат инфекцијата.

„Ова ќе значи дека со зголемување на вакцинацијата, пренесувањето на вирусот кај луѓето значително ќе се намали, што е одлична вест“, изјави за Гардијан водачот на студијата Мајк Викес од Универзитетот во Кембриџ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август

Одбројувањето започнува. На 29 август сите патишта водат кон Крива Паланка, градот каде што ова лето ќе се одржи најголемиот музички спектакл во регионот.

Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август

Во духот на одбележувањето на големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и празникот посветен на Св. Јоаким Осоговски – небесниот заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка подготвува музички спектакл каков што градот не памети во поновата историја.

На 29 август, Градскиот стадион во Крива Паланка ќе биде местото каде што илјадници посетители ќе уживаат во незаборавна вечер исполнета со врвна музика, безвременски хитови и спектакуларна атмосфера, со настапите на три големи музички имиња: Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар.

Музичката програма ќе ја започне нашиот Слаткар, еден од најпрепознатливите изведувачи на македонската музичка сцена, кој ќе донесе свежа енергија, модерен звук и хитови што ќе ја кренат публиката на нозе.

Потоа следува настапот на музичката икона Лепа Брена – ѕвезда која со децении ги обединува генерациите низ целиот регион. На сцената во Крива Паланка ќе приреди вистински спектакл исполнет со нејзините најголеми хитови, песни што ја одбележаа балканската музичка историја и енергија што ги освојува сите генерации.

Големата музичка вечер ќе ја заокружи легендарниот Ацо Пејовиќ, еден од најпопуларните регионални изведувачи кој ќе ја донесе својата претпознатлива интерпретација и безвременски хитови.

Спојот на романтика, емоција, врвна музика и незаборавна сценска продукција ќе создаде вечер што долго ќе се памети, настан кој ќе го одбележи летото и празничните денови во Крива Паланка.

„Особена чест ни е што токму во деновите кога го славиме нашиот духовен заштитник – Св. Јоаким Осоговски и големиот празник Успение на Пресвета Богородица, на нашите сограѓани и гости им подаруваме музичка вечер со три големи имиња кои оставија неизбришлива трага на регионалната и македонската музичка сцена.

Верувам дека со Ацо Пејовиќ, Лепа Брена и Слаткар подготвуваме вечер која ќе ја надмине рамката на обичен концерт.Ова е вечер која ја подготвуваме за сите.

Ги поканувам сите граѓани од Крива Паланка, од цела Македонија, како и нашите пријатели од соседните земји и целиот регион, да бидат дел од овој голем музички концерт. На 29 август да се видиме во Крива Паланка, заедно да создадеме спомени што ќе останат засекогаш и уште еднаш да покажеме дека нашиот град е место каде што традицијата, гостопримството и врвните настани се спојуваат во едно незаборавно доживување. “, изјави градоначалникот Сашко Митовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поповиќ: За Гостивар има папка со факти - Савески кога ќе се врати од екскурзија да постапи веднаш

Министерот Клековски конечно прозборе, призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. 

Поповиќ: За Гостивар има папка со факти - Савески кога ќе се врати од екскурзија да постапи веднаш

А премиерот Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна. Како Владата ги уверуваше граѓаните дека водата е исправна и може да се користи како „техничка“?

Никогаш не беше објавена анализа, кој потпишал, кој дозволил. Поминаа 4 недели и никој не одговара за труењето со вода во Гостивар.

Граѓаните чекаат. А Обвинителството сè уште молчи.

До кога? Да не е обвинителот Савевски на екскурзија исто така?

Еве 10 факти за обвинителот Савевски за постапува:

1.Загадувањето на водата во Гостивар започнало на 25 јуни.

2.Првите случаи со симптоми на труење биле регистрирани на 13 јули по што и по 200 нови случаи дневно.

3.Пет дена никој не реагирал и не презел ништо. Првите препораки биле објавени на 18 јули!

4.А три дена пред да се објави дека водата е загадена Центарот за јавно здравје Тетово издал извештај дека водата е безбедна за пиење.

Значи 22 дена граѓаните на Гостивар се труеле со загадена вода со фекалии. Резултатот, 4.700 граѓани отруени.

5.На 23 јули, премиерот Мицкоски најавува „техничка вода“ за користење, а до крајот на таа недела и вода за пиење.

Потоа Тошковски рече дека се врши хиперхлорирање на водата и стана експерт за анализа на вода.

6.Четири дена по најавата на Мицкоски, на 27 јули, Тошковски јавно ќе соопшти дека „Гостивар доби техничка вода“ која може да се користи за капење, но не и за пиење.

7.Никогаш не беше објавен документ, анализа на водата, кој одобрил, кој потпишал, дека водатата може да се користи како техничка.

8.На 3 август, значи после цела недела од изјавата на Тошковски, Стојанче Ангелов ќе објави дека во водата во Гостивар има бактерија.

Па како им кажаа на луѓето дека може да ја користат водата техничка за капење и миење ако има бактерија?

Тотален хаос и распад.

9.Вчера, на 7 август Клековски ќе соопшти дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“.

Клековски минатата недела најавуваше дека водата наскоро ќе биде за пиење.

Сега е полна со бактерии. Не една - туку многу различни.

10.Илјадници луѓе се отруени. Речиси 5.000 луѓе завршија по болници.

Еве ги фактите.

Се му е спремно на Савевски, па кога ќе се врати од ексрузија еве го чека, нека постапува.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници

​СДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат.

ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници

Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик.

Тој практично со неговата изјава денес од Ново Село потврди дека кажувањата на ВМРО-ДПМНЕ се точни, односно дека станува збор за правосилно осудени лица на условна казна затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства.

Децата како што вели Филипче, се практично роднини на лицето кое него го направи претседател на СДС, Зоран Заев, роднини кои учествувале во незаконски дејствија.

Ова е уште една потврда дека ова не се децата, туку дека е талогот на Македонија. Ова е срамот на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер