Келнерка во хрватски ноќен клуб палела оган на шанкот, повредени се седум лица (ВИДЕО) - Канал 5

Келнерка во хрватски ноќен клуб палела оган на шанкот, повредени се седум лица (ВИДЕО)

Ноќеска имало инцидент во ноќниот клуб Монако во хрватскиот град Карловац.

Келнерка во хрватски ноќен клуб палела оган на шанкот, повредени се седум лица (ВИДЕО)

Како што јавува Радио Мрежница, код каде што објавија и ВИДЕО од инцидентот, ноќеска нешто по 2 часот по полноќ келнерката го „запалила“ локалот со пијалок кој содржи 80 отсто алкохол и се користи во коктели. Според првите информации, се запалило шише во кое имало популарен пијалок, а огнот од локалот зафатил и неколку лица, пренесе Индекс.

Додека локалот „гори“ поради „атмосферата“, се слуша музика и текст „... пијан оваа ноќ“, а во еден момент огнот зафатил најмалку три лица, како што може да се види на видеото. Настанала паника, а како што јавува Радио Мрежница, полицијата многу брзо пристигнала, додека повредените биле пренесени во карловачката болница, на само неколку стотини метри од локалот.

Од полицијата го потврдија инцидентот. Тие велат дека четири лица се тешко повредени.

„Рано утринава околу 2 часот и 30 минути во полиција е пријавено дека во угостителски објект во населбата Шварча во Карловац се повредени неколку лица. На местото на настанот е извршена истрага, при што е констатирано дека четири лица се тешко повредени, а три се полесно повредени од изгореници предизвикани од нестручно ракување со алкохолни пијалоци од страна на 23-годишен вработен во угостителски објект заради палење на шанкот, при што се нанесени изгореници и се повредени лица во локалот.

Ќе следи натамошна кривична истрага за да се утврдат сите околности на настанот на овој настан“, велат оттаму.

Ноќниот клуб Монако се огласи на социјалните мрежи и го изрази своето жалење за инцидентот.

„Сакаме да изразиме искрено жалење за немилиот настан што се случи синоќа во реонот на Диско клубот Монако. На повредените и им посакуваме брзо и безболно закрепнување, ќе ја платиме штетата на личните работи и стоиме на располагање на сите жртви на кои им е потребна каква било помош со се што можеме.

За жал, не можеме да промениме и да влијаеме на тоа што се случил инцидентот, но можеме да изразиме жалење и да се обидеме да го исправиме барем она што е исправливо“, соопштуваат оттаму.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта обезбеди 6 нови возила, како дел од инвестициите за зголемување на ефикасноста и подобрување на работните капацитети на терен.

6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Оваа инвестиција ќе овозможи подобри услови за работа на вработените и поефикасно извршување на работните задачи на терен, имајќи ја предвид територијалната распространетост и потребите на претпријатието.

Набавката на новите возила е дел од заложбите за модернизирање на опремата и средствата за работа, како и за создавање подобри услови за вработените кои секојдневно ги извршуваат своите работни задачи на терен.

Денес не слушаме само оправдувања, туку покажуваме резултати. Оваа инвестиција е конкретен доказ дека со планирање, одговорност, конкретна работа и колективен ангажман можат да се реализираат проекти кои директно придонесуваат за подобрување на работата на институцијата.

Претпријатието и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции и активности насочени кон зголемување на ефикасноста, подобрување на условите за работа и унапредување на услугите на терен.

Конкретна работа. Конкретни резултати.

Јавно претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часот

На ден 12.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 5 пожари, под контрола се 3 пожари, а 1 пожар е изгаснат.

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часот

Активни пожари:

Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки);

Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума);

Општина Илинден – населба Илинден (ниска вегетација);

Општина Желино – с. Чифлик (ниска вегетација и мешана шума);

Општина Битола – с. Букри (ниска вегетација).

Пожари под контрола:

Општина Делчево – градска депонија (депонија);

Општина Ново Село – кај Ново Село, планината Огражден (депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација);

Општина Кичево – с. Зајас (стрниште, борова шума и гуми).

Изгаснат пожар:

Општина Врапчиште – с. Врањовце (ниска вегетација).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна

​До сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници.

Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна

Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните.

СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна.

Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, намерно во договор со структури на СДС создаваат паника и хаос помеѓу граѓаните во Скопје, за да тие заработат денар повеќе, а СДС политички поени.

Граѓаните на главниот град пијат чиста и безбедна вода за пиење, а Филипче од Грција на гости кај Заев каде ги поминува годишните одмори, дал насока до неговите пајташи од СДС да создаваат недоверба кај граѓаните за безбедноста на водата.

До каде дојде некогаш големата СДС? Дојде до талогот, до дното.

Наместо да се извинат за Гостивар, но и за сите други населени места во кои изминатите години додека тие беа на власт, поради Филипче и СДС, граѓаните конзумирале небезбедна вода за пиење, а тогашните власти не ги известувале преку институциите, денес одат чекор повеќе и прават хаос во општеството затоа што не знаат како да дојдат до медиумско и граѓанско влијание.

Ова веќе ја помина секоја граница.

Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДС шират дезинформации за водата во Скопје. Го повикуваме и ЈО да се разбуди од длабокиот сон и да почни да работи. Одговорност за тоа што граѓаните се труеле со години, а не дознавале, како и за ширење на лаги и манипулации како оваа денес во Скопје, мора да има.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер