ЗабаваКелнерка од бакшиш си купила автомобил !?Малку добри зборови и насмевка на лицето и донесоа многу радости на келнерката Бриан Сигал од Њу Џерси.Младата келнерка од еден пар кој бил гостин во ресторанот во кој работи поради добрите зборови и насмевката на лицето доби неверојатен бакшиш од 1200 долари за сметка од само 20 долари. Младата девојка во барот служела една двојка од Вудбирџ, откако гостите ја платиле сметката од 20 долари на келенерката и дале плик и и рекле да го отвори дури кога ќе стигне дома. Младата Сигал за локалните медиуми изјавила дека буквално паднала на земја кога дома го отворило пликот и во него пронашла чек од 1200 долари. Двојката покрај чекот оставила и порака на која меѓу другото пишувало: -Кога и да стане тешко знај дека Бог те чува“. Келенерката потоа чекот го претворила во пари кои потоа ги искористила за купување на автомобил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
БалканСе огласи Албанија по наводите дека учествувала во нападот на руски бродови покрај брегот на Либија Албанските власти негираа каква било вмешаност во нападот со поморски беспилотни летала врз руски бродови покрај брегот на Либија и ги отфрлија извештаите дека нападот бил извршен од нејзина територија.Во соопштение објавено на социјалната мрежа X, албанското Министерство за надворешни работи изјави дека извештаите се неточни и не ја одразуваат реалната состојба. „Албанија не била вклучена во овој инцидент, а нејзината територија не била користена или ставена на располагање за започнување или олеснување на таков напад“, се вели во соопштението, додавајќи: „Категорично ги отфрламе овие тврдења, изнесени без проверливи докази“, соопшти Тирана. We have taken note of reports alleging that the naval drone attack against a Russian corvette originated from Albanian territory. The reports in question are inaccurate and do not reflect the facts. Albania was not involved in this incident, and its territory was neither used nor made available for the launch or facilitation of such an attack. We categorically reject these allegations, which have been presented without verifiable evidence. We call on those responsible for disseminating them to correct the record and to exercise accuracy, due diligence and responsibility when reporting on matters of such sensitivity. — Albanian MEFA 🇦🇱 (@AlbanianDiplo) November 23, 2026 Министерството, исто така, ги повика оние што шират вакви тврдења да издадат корекции и да дејствуваат точно, со должно внимание и одговорност кога известуваат за чувствителни прашања. Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди претходно денес дека руски воен брод бил потонат вчера во напад на украински беспилотни летала во либиско пристаниште. Експлозијата на бродот во поморската база во Бенгази се случила додека се прикотвувал за да наполни гориво и други залихи пред да се врати во Русија, соопшти владата што ја контролира источна Либија. Зеленски додаде дека втор руски брод, товарен брод за кој се вели дека се користел за транспорт на оружје, исто така бил погоден во украинскиот напад. Кремљ предупреди на „ескалација на тензиите во регионот“ по нападот. Зеленски ја пофали „примерната украинска операција како одговор на војната на Русија“. Тој рече дека седум поморски дронови биле користени за напад и потопување на корветата Меркури, еден од најновите руски бродови. Тој додаде дека другиот погоден брод бил МВ Ангара, руски контејнерски брод.Тагови: Албанија Либија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЛегендарниот автомобил на Бетмен денеска се продава на аукција, се очекува милионска сума (ВИДЕО)Еден од најзначајните автомобили во историјата на филмот наскоро би можел да има нов сопственик. Оригиналниот Бетмобил од филмот „Бетмен се враќа“ од 1992 година е на аукција, со проценета вредност помеѓу 5 и 7 милиони долари. Но, дури и купувач кој е спремен да издвои толку пари нема да може да го вози бесплатно. Автомобилот е користен за време на снимањето на филмот на Тим Бартон, во кој Мајкл Китон го играше Бетмен. Тоа е една од трите специјално изработени копии, познати како „Автомобил број еден херој“, кои се појавија во повеќето сцени на возење. Бетмобилот е долг речиси шест метри, има препознатливи задни крила и оригинален V8 мотор од Шевролет. Зачуван е и издувниот систем на автомобилот што испушта пламен, користен во една од сцените со помошниците на Пингвинот. Автомобилот е изложен во Музејот на автомобили Маркони во Калифорнија со години и ја задржува својата оригинална боја и голем дел од опремата од снимањето. Сепак, постои сериозно ограничување за идниот сопственик. Бетмобилот нема лиценца за употреба на јавни патишта, а договорот со „Ворнер Брос“ предвидува дека за одредени јавни прикази мора да се добие посебна дозвола. За време на вакви настани, автомобилот мора да остане паркиран. Аукцијата, одржана од аукциската куќа „Џулиенс“ во Калифорнија на 23 ноември 2013 година. Доколку Бетмобилот ја достигне очекуваната цена, би можел да го сруши рекордот што го држеше копија од телевизиската серија „Бетмен“ од 1960-тите, која беше продадена во 2013 година за приближно 4,6 милиони долари.Тагови: аукција Бетмен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРуте го разочара Зеленски: Моментално нема согласност за влез на Украина во НАТОГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли барањата на Украина за приклучување кон трансатлантската алијанса во овој момент.Тој на годишната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин изјави дека постои можност Украина да стане дел од Алијансата во иднина, но дека членките на НАТО во моментов не се едногласни по ова прашање, објави „Зидојче Цајтунг“. „На НАТО е да одлучи кој може да стане членка на НАТО“, рече Руте. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно повторно се залагаше за прием на неговата земја во НАТО. Тој оцени дека ова е подобро решение за безбедноста во Европа отколку безбедносните гаранции кои само личат на клаузулата за заемна помош во член 5 од договорот за НАТО. Русија го отфрла влезот на Украина во НАТО, а Одбранбената алијанса во принцип одлучи дека Украина треба да стане членка, но САД се спротивставија на тоа во последните години.Тагови: Володимир Зеленски Марк Руте Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook