Кејт Винслет се расплака поради критиките за изгледот: Беше страшно (ВИДЕО) - Канал 5

Кејт Винслет се расплака поради критиките за изгледот: Беше страшно (ВИДЕО)

Актерката Кејт Винслет (49) се уште се сеќава како беше кога ја критикуваа за нејзиниот изглед.

Кејт Винслет се расплака поради критиките за изгледот: Беше страшно (ВИДЕО)

Во интервју за емисијата 60 минути, актерката се присети на својата кариера, а во еден момент едвај ги задржа солзите.

Додека зборуваше за нејзината голема улога во Титаник, на Винслет ѝ беше прикажан клип од интервјуто за Е! Вести од доделувањето на наградите „Златен глобус“ во 1998 година. На снимката се слуша како водителката коментира дека актерката изгледа „малку растопено“ во фустанот и дека „треба да носи фустан два броја поголем и тогаш би било добро“.

„Тоа е апсолутно одвратно. Каков човек треба да бидеш за да ѝ кажеш такво нешто на една млада актерка која само се обидува да си го најде патот?“ рече таа. На прашањето дали некогаш лично се соочила со печатот поради ваквите коментари, Винслет призна дека се соочила. „Им кажав што се случува. Реков: „Се надевам дека ова ве прогонува“, се сеќава таа.

YouTube video

„Тоа беше одличен момент“, додаде таа додека ги задржуваше солзите на 60 минути. „Одличен момент бидејќи не беше само за мене, туку и за сите луѓе кои беа изложени на тоа ниво на вознемирување. Беше страшно. Навистина страшно“, рече таа.

Винслет неодамна глумеше во филмот Ли, биографија на познатата фоторепортерка Ли Милер, која ги документирала настаните од Втората светска војна за Вог. За време на снимањето на филмот, во кој беше и продуцент, Винслет изјави дека во улогата донела еден вид „оклоп“. „Луѓето велат: „Ох, бевте толку храбри за оваа улога, не се шминкавте. Имавте брчки“. И дали ги прашуваме мажите: „Ох, вие бевте толку храбри за оваа улога, пуштивте брада?“, праша Винслет. „Тоа не е храброст, тоа е играње улоги“, продолжи таа.

YouTube video

Еден член на екипата дури ѝ предложил „да го вовлече стомакот и да стане исправна“. Но, Винслет одбила да ги сокрие своите облини, велејќи: „Мислам дека Ли не би го направила тоа. Тоа е дека за нејзиното прифаќање на сопственото тело тешко се бореше“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансирањето на прославата за независнота, демографијата во фоксуот на пратеничките прашања

Финансирањето на прославата за независнота, демографијата и образованието во фоксуот на денешните пратенички прашања во Собранието. 

Финансирањето на прославата за независнота, демографијата во фоксуот на пратеничките прашања

Финансирањето на прославата за независноста, демографијата и образованието во фоксуот на денешните пратенички прашања во Собранието. Од опзоициската сдсм повторно критикуваа за одобрените средства од Државна лотарија за Денот на незвисноста и бараа одговори дали биле обезбедени преку спозорство или донација. Власта уверуваше дека се било транспарентно и дека опозицијата само барала мани и покрај одлучната организација на прославата.

Опзицијата критукуваше и за лошата демографска слика во земјава, уатувајќи обвинувања до власата дека не ја спровеле ветена национална стратегија и дека граѓаните останеле без ветените финансики мерки. од власта уверија дека мерките се кројат и наскоро ќе се најдат пред пратениците.

И на денешната седница за пратенички прашња на изостанаа забелешките од опозициските партии за неприсуството на дел од министрите и на премиеорт Мицкоски, кој како што посочија и потпретседателот на Собранието и од владеачката вмро-дпмне е на претходно најавено патување во САД.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗР со неповолно мислење за ДПИ: Само 148 инспектори на 313 предвидени места

Со помалку од половина од предвидениот број инспектори, Државниот пазарен инспекторат во 2024 година извршил над 28 илјади контроли.

ДЗР со неповолно мислење за ДПИ: Само 148 инспектори на 313 предвидени места

Од 313 предвидени инспекторски места, пополнети биле само 148, 5 одделенија биле без раководител, а во одделението за безбедност на производи имало само 5 од потребните 14 вработени. Ова се дел од наодите на Државниот завод за ревизија за работењето на ДПИ во 2024 година. Според извештајот на ДЗР истата година 19 административци биле незаконски прераспределени како инспектори без буџет и план за вработување, од кои 17 решенија подоцна биле поништени. Ревизијата утврдила и слабости во дигитализацијата поради нецелосна примена на системот „Е-инспектор“ и отсуство на електронска база за проценка на ризик. Дополнително, констатирани биле неправилности и во финансиите меѓу кои изоставени набавки од над два милиони денари во материјалната евиденција.

-За надминување на утврдените слабости, Државниот завод за ревизија препорачува зајакнување на човечките ресурси, целосна дигитализација и воспоставување електронски регистри, подобрување на финансиската и материјалната евиденција, обезбедување простор за одземените предмети и трајни услови за контрола на безбедноста на производите. – препорачуваат од Држаниот завод за резивија.

Директорот на ДПИ Влатко Стојкоски нагласува дека за надминување на утврдените слабости се работи од почетокот на 2025 година. Според Стојкоски минатата година биле реализирани 18 нови вработувања, а до крајот на годинава добиле согласност од Министерството за финансии за уште над 30, главно за Скопје и источниот дел од земјава. Паралелно, уверува дека се работи и на подобрување и на материјалната и финансиската евиденција, како и на дигитализацијата.

-Имавме и нови вработувања во 2025, а планирани се и во тековнава 2026 и 2027 година. Во делот на дигитализацијата, ДПИ со поддршка на Европската Унија работи на целосно ново системско софтверско решение, компатибилно за потребите на Инспекторатот. Институцијата ќе продолжи да работи на зајакнување на капацитетите за контрола и обезбедување услови за континуирани лабораториски испитувања. Државниот пазарен инспекторат ја поздравува работата на Државниот завод за ревизија и дадените препораки ги гледа како основа за дополнително унапредување на работењето на институцијата.

Од ДПИ велат дека ќе продолжат со постапување по препораките на ревизорите, но кадровското доекипирање останува меѓу клучните предизвици. И со најавените нови вработувања, до целосно потполнување на систематизираните 313 инспекторски места, би недостигале уште над 100 инспектори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче ќе ја извести ЕУ за медиумите од „српскиот свет“, најави кривична пријава за Трајчевски

Најдоцна до утре ќе бидат испратени писмата до ЕУ лидерите, како аларм за хибридната војна која се води во земјава преку медиуми од т.н. „српскиот свет“ – порача лидерот на СДСМ – Венко Филипче.

Филипче ќе ја извести ЕУ за медиумите од „српскиот свет“, најави кривична пријава за Трајчевски

Воедно, најавува и кривична пријава за првиот човек на АВМУ – Зоран Трајчевски, за злоупотреба на службената положба и оштетување на државниот буџет, оти како што вели, Арена М каналите создаваат тука програма, а директорот на Агенцијата им дал дозвола како странски канал, што според Филипче е противзаконски.

-Писмата се подготвени и во текот на денешниот, најдоцна утрешниот ден ќе ги испратиме. Јасно е наведено кои се нашите забелешки, а против Зоран Трајчевски од АВМУ, планираме да поднесеме кривична пријава. Затоа што, на македонски медиуми тука кои од тука функционираат, конкретно Арена М, која е сместена во просториите на Градскиот стадион, тука им се канцелариите, од каде што се емитуваше програма, гледавме фудбалски пренос од тие канцеларии, таму од тие простории, им дал дозвола како за странски канал и тоа е противзаконски и тоа е оштетување на буџетот, но тоа не се прави без поддршка од власта, од највисоките кругови на власта. Значи се дало дозвола на медиум кој што од тука продуцира програма како да е странски, а во тие регистри во странство го нема.

Гледате злоупотреба? - Апсолутно, не само злоупотреба, туку и оштетување на буџетот. - Венко Филипче – Претседател на СДСМ.

Покрај Филипче, кривична за Трајчевски најавува и Македонската медиумска асоцијација(ММА), од каде упатија уште едно писмено барање за презентирање на документацијата врз која Арена М емитува програма, а која од АВМУ веќе четири недели одбиваат да ја покажат.

Претседателот на ММА и директор на Канал 5 – Иван Мирчевски посочи дека претставувањето на Арена М каналаите како странска компанија го дерегулира и го делегитимира пазарот, оти станува збор за домицилна, македонска компанија која има простории во земјава, како и уредништво и сопствеништво.

Последен доказен дека Арена М е домашна компанија, од ММА го посоција огласот за вработување на хигиеничарка, во кој јасно се гледа дека фирмата огласник е регистрирана во Скопје.

Трајчевски вчера одби да даде изјава за Канал 5 за случајов, со образложение дека е во Брисел на службено патување и не упати да се обратиме до АВМУ. Но, ниту од таму не добивме одговор врз кои документи Арена М се смета како канал кој се реемитува и каде тој е регистриран, со оглед дека не е заведен ниту во срспкиот регулатор РЕМ. Од агенцијата само посочија дека сите одговори ги дале во претходните соопштенија.

Од ММА веќе реагираа и до ЕК и ЕУ, со оглед дека Арена М каналите не се регистриани ниту во европскиот опсерваторски сајт Мависе.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер