Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
1Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
Шоу бизКејт Винслет ѝ помогна на девојче (11) да ја види поларната светлина пред да го изгуби видотБританската актерка Кејт Винслет испрати донација и остави порака за Лили-Реј Мерчант-О'Хенлон (11) на веб-страницата GoFundMe, поставена од мајката на тинејџерката, Ема Мерчант (45).На Лили-Реј, од Нотингем, во декември ѝ била дијагностицирана Старгард-ова болест, наследна состојба која предизвикува заматување на централниот дел на окото. Оваа состојба погодува еден од 10.000 луѓе, според Макуларното друштво, а тинејџерката користи бастун и учи Брајово писмо, пишува Би-Би-Си. Мајката на девојчето организирала собирање средства за да ѝ помогне на Лили-Реј да ги види „работите што сака да ги види“ пред да ѝ се влоши видот, а поларната светлина била на врвот на листата. Мајката и ќерката биле воодушевени кога добиле донација од 5.841 евра и лична порака од актерката. „Бевме шокирани. И двете плачевме“, изјави Лили-Реј. Таа додаде дека се надева дека ќе го види светот со нејзината мајка пред да ѝ се влоши видот. „Но, можам да имам само ментални спомени и мускулни спомени од сите различни искуства“, додаде таа. Ема Мерчант, извршен асистент и диџеј, рече: „Ние сме воодушевени. Да се има некоја како Кејт Винслет... Не можам да објаснам колку ја почитувам оваа жена како актерка, а камоли сега како индивидуа и како жена. Толку е дарежлива. Испрати и убава порака“, откри таа. Кејт Винслет напишала во пораката: „Посакувам на Лили-Реј магични авантури за да може да направи многу посебни спомени! Со многу љубов, Кејт Винслет и семејството“. Донацијата за мајката значи многу, бидејќи таа самата не би можела да ја плати. Забележала дека видот на нејзината ќерка се влошува кога имала пет години - ѝ било тешко да чита на училиште. На девојчето во 2023 година ѝ била дијагностицирана јувенилна макуларна дистрофија, а семејството пред неколку недели добило потврда дека има Старгардтова болест. „Сега сѐ зависи од тоа што можеме да направиме заедно и како ќе ги зачуваме тие спомени. Сакам да живеам за денес. И двете живееме за денес“, рече мајката на девојчето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патВо разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежностиЈавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија. На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки? Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура. Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно и релативно топлоВремето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter