Кејт Винслет донира 17.000 фунти за спас на болно девојче - Канал 5

Кејт Винслет донира 17.000 фунти за спас на болно девојче

Актерката Кејт Винслет ѝ донирала 17.000 фунти на мајка која се соочува со огромна сметка за енергија поради медицинските помагала кои ја одржуваат нејзината ќерка во живот.

Кејт Винслет донира 17.000 фунти за спас на болно девојче

Советот на Клакманашир пишува за Би-Би-Си, дека ја предупредиле Каролин Хантер дека нејзината сметка за струја и гас следната година би можела да ја достигне оваа огромна сума. Нејзината ќерка Фреја (12) има тешка церебрална парализа и се потпира на кислород за хронични проблеми со дишењето.

Хантер сега е во неверување и воодушевена кога ѕвездата од „Титаник“ интервенирала откако го слушнала извештајот на Би-Би-Си за нивната борба.

Винслет, донирала 17 илјади фунти на семејната страница GoFundMe и ја контактирала 49-годишната мајка за да им посака сѐ најдобро.

„Нашето патување како семејство беше многу трауматично и едноставно се чувствував како да сум на работ. Кога слушнав за парите, само плачев - мислев дека не е реално. Сè уште размислувам дали ова е реално?“, рекла Каролин Хантер. .

Семејството Хантер живее во куќа во Тиликултри, зграда која не е енергетски ефикасна, но има доволно простор за опремата на Фреја. Тие во моментов плаќаат околу 6.500 фунти годишно за да работи опремата и да ја загреат куќата - иако Хантер рекла дека го исклучила греењето во повеќето соби за да заштеди пари. Таа работи со полно работно време со умерена плата, па не ја добива истата поддршка како оние со ниски примања. Таа е исто така загрижена дека евентуалните зимски прекини во случај на намалено снабдување со гас може да ја загрозат грижата за Фреја. Покрај церебралната парализа, Фреја се потпира на кислород поради проблеми со дишењето - особено ноќе. На семејството му е потребна помош од најмалку две медицински сестри, кои го следат отчукувањата на срцето и нивото на кислород на Фреја и вршат чести вшмукување за да ги одржуваат нејзините дишни патишта чисти. Во изминатите неколку месеци, собата на Фреја беше единствената што се загревала за неа и нејзиниот персонал да им биде удобно, но г-ѓа Хантер вели дека и таму морале да заштедат .

„Сè уште мрзнеме и уште не сме ни во минус. Ги молам вработените да не го вклучуваат парното ако не е потребно. Советот постави соларни панели за да помогне при прекин на струја, но не верувам дека ќе помогнат со сметката“, изјавила загрижената мајка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Во однос на актуелните активности на Бит Пазар, Општина Чаир информира дека станува збор за замена на постојните продажни боксови, кои со текот на годините се амортизирани, со нови и современи боксови.

Општина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксови

Целта е Бит Пазар да добие целосно уреден, модерен и унифициран изглед, како што веќе има поголемиот дел од пазарот. Со обновувањето на преостанатиот дел се создаваат подобри и похигиенски услови за работа за продавачите, но и поуредна, почиста и попријатна средина за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат пазарот.

Важно е да се нагласи дека суштинската намена на просторот не се менува. Постојните продажни места остануваат, но добиваат нов и посовремен изглед, а продавачите продолжуваат да ја извршуваат својата дејност. Целта е процесот на модернизација да придонесе Бит Пазар да стане пофункционален, поуреден и попријатен простор и за оние кои работат таму и за граѓаните.

Воедно, станува збор за активности на приватен имот во сопственост на „Скопски пазар“.

Општина Чаир го поздравува секое уредување и подобрување кое придонесува за почиста, посовремена и поуредна средина за граѓаните. Нашата заедничка цел треба да биде Бит Пазар да го задржи своето значење и традиција, но истовремено да добие современ изглед и услови што одговараат на потребите на граѓаните и на времето во кое живееме, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

Против него ќе следува соодветна пријава.

Лишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)

На 05.10.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне.

Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!

По речиси 11 години застој, затворениот базен во Охрид конечно ќе биде завршен и ставен во функција.

По 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!

Владата на Република Македонија на денешната седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на затворениот базен во Охрид.

Обезбедени се 470 милиони денари за негово целосно завршување.

Ова за мене е многу повеќе од уште еден инфраструктурен проект. Ова е инвестиција во младите, во спортистите, во пливањето. Во иднината на спортот во Охрид и во целата држава.

Со завршувањето на базенот, спортистите ќе добијат современи услови за тренинг, младите категории ќе добијат простор за развој, а Охрид ќе добие услови за организирање натпревари и за понатамошен развој на спортот.

Како Влада и како Министерство за спорт не сакаме капитални спортски објекти да стојат со години и да чекаат. Сакам да ги гледаме завршени и ставени во функција.

Токму затоа ова е еден од проектите на кои сме посебно посветени и драго ми е што денес можеме да кажеме дека по 11 години – конечно се движиме кон неговата реализација.

Голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и до Владата за поддршката и за јасната определба да инвестираме во спортот и во спортската инфраструктура.

Охрид заслужува затворен базен. Охрид ќе го добие.

Продолжуваме со работа, се наведува во соопштението на Влада на Македонија/Министерство за спорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер