Кејт Мидлтон и официјално се врати на службените обврски

Принцезата од Велс го одржа својот прв деловен состанок по борбата со болеста.

Кејт Мидлтон имала состанок во вторникот во замокот Виндзор, а се работело за нејзиниот проект од раното детство, пишува Би-Би-Си.

Оваа деловна средба уследи по минатонеделната видеопорака во која Кетрин изјавила дека и е олеснето што нејзината хемотерапија е завршена.

Нејзиното заминување на состанок во близина на нејзиниот дом во Виндзор, забележано во официјален документ, укажува на продолжување на тој напредок.

Други детали за средбата нема, но познато е дека еден од водечките проекти во кои таа учествуваше беше кампањата „Shaping Us“ која се однесува на подигање на свеста за важноста на раното детство. Кејт тој проект го нарече нејзино најважно животно дело.

Извор: Б92

Шолц: Германија никогаш нема да толерира антисемитизам

Германскиот канцелар повторно повика на прекин на огнот, за заштита на цивилите во Газа и за ослободување на преостанатите израелски заложници.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја одбележа претстојната годишнина од нападите врз Израел на 7 октомври, ветувајќи дека Германија „никогаш нема да толерира“ антисемитизам, но истовремено се фокусира на постигнување прекин на огнот на Блискиот Исток, јави ДПА.

Во видео-обраќање објавено на интернет, Шолц изјави дека никогаш нема да ја заборави својата посета на Израел минатиот октомври, кога се сретнал со роднини на убиените или киднапираните од страна на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври.

Една година подоцна, Шолц рече дека е неприфатливо „граѓаните од еврејска вера да живеат во Германија во страв и терор“, да се плашат да носат кипа во јавност или да се воздржуваат да го откријат своето потекло пред своите соученици.

- Еврејскиот народ во Германија ја има целосната солидарност од нашата држава и од сите пристојни луѓе во нашата земја, додаде Шолц.

Германскиот канцелар повторно повика на прекин на огнот, за заштита на цивилите во Газа и за ослободување на преостанатите израелски заложници.

Тој предупреди дека конфликтот ризикува да се претвори во регионален пожар, но рече дека Германија координира со меѓународните партнери за да спречи понатамошна ескалација.

„На првата годишнина од терористичките напади на Хамас врз Израел, мирот и помирувањето се чини дека се подалеку од кога било во регионот. Но, знаеме дека одржливото решение на конфликтот зависи од кредибилен пат кон преговарано дво-државно решение,“ заклучи Шолц. /МИА

„Волстрит Џурнал“: Кинески хакери упаднале во мрежи на американски интернет провајдери

Кинески хакери упаднале во супербрзите мрежи на американски интернет провајдери и собрале информации од системите што американската федерална влада ги користи за прислушување со судски одобренија, пренесе денеска „Волстрит Џурнал“.

Компаниите „Verizon Communications“, „AT&T“ и „Lumen Technologies“ се меѓу телекомуникациските фирми чии мрежи биле пробиени при неодамна откриениот хакерски напад, соопшти њујоршкиот весник, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Кинеското министерство за надворешни работи денеска се огласи по повод оваа вест, соопштувајќи дека не е запознаено со хакерскиот упад кој е опишан во извештајот.

Во соопштението се истакнува дека САД и во минатото „измислувале лажни наративи за да ја обвинат Кина“.

„Во време кога кибер безбедноста стана заеднички предизвик за сите земји во светот, ваквиот погрешен пристап на САД само ќе ги попречи напорите на меѓународната заедница да најде заедничко решение преку дијалог и соработка“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Пекинг претходно ги негираше обвинувањата на американската влада и други субјекти дека користи хакери за упади во странски компјутерски системи. /МИА

Германски суд поднесе обвиненија против трoјца тинејџери поради планирање терористички напад

Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.

Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.

Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици./МИА

притисни ентер