ЖивотКејт и Вилијам се вселуваат во нова куќа вредна околу 18,7 милиони евраПринцот Вилијам и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, ќе се преселат во нова резиденција „Форест Лоџ“ со осум спални соби во Виндзор Грејт Парк, вредна околу 18,7 милиони евра.Новата куќа, стара 328 години, се наоѓа во затскриен дел од паркот од 4.800 хектари, пишува „Индипендент“. Портпаролот на Кенсингтонската палата потврди дека британското кралско семејство во новата куќа ќе се всели до крајот на годината. Кејт и Вилијам сами ќе го финансира преселувањето и реновирањето, без никакви трошоци за даночните обврзници. Според британскиот весник „The Sun“, британското кралско семејство планира да остане во куќата откако Вилијам ќе стане крал. Реновирањето на имотот веќе започна, а семејството се надева дека ќе се всели до Божиќ. Дозвола за надворешни и внатрешни работи, вклучувајќи нови прозорци, врати, ѕидови и подови, беше поднесена во јуни, а одобрението беше дадено на почетокот на август. Имотот е во сопственост на кралот како дел од Крунскиот имот и се наоѓа на шест километри од нивната сегашна резиденција. Семејството се пресели во Виндзор во 2022 година од Лондон, за да ги школува своите деца. Форест Лоџ последен пат беше реновирана во 2001 година, за околу 1,75 милиони евра, а во тоа време беше понудена за изнајмување за 17.500 евра месечно. Куќата има многу оригинални архитектонски детали, вклучувајќи венецијански прозорци, мермерни камини и украсни тавани. Во споредба со резиденцијата на принцот Ендру во „Ројал Лоџ“ со 31 спална соба, новиот дом на семејството Велс е поскромен, но сепак луксузен, истакнува „Индипендент“. Покрај „Форест Лоџ“, Вилијам и Кејт поседуваат и „Анмер Хол“, селска куќа со 10 спални соби во Норфолк, која кралицата Елизабета им ја подари како свадбен подарок, како и стан во палатата Кенсингтон. Како наследник на престолот, принцот Вилијам го наследи и Војводството Корнвол - портфолио од земјиште, имот и инвестиции вредни повеќе од 1,17 милијарди евра. Принцот Хари и Меган Маркл ќе вратат околу 2,8 милиони евра јавни пари инвестирани во реновирањето на „Фрогмор Котиџ“ во 2023 година, откако ќе се преселат во САД.Тагови: Принцот Вилијам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.Тагови: затворска казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родителиЃорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски. - Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПарното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти. Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.Тагови: парно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook