3Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра
Шоу бизКејт Бланшет се сокри под маса среде доделување на награди (ВИДЕО)Кејт Бланшет се појави на саботните награди „Спирит“, а ѕвездата на Тар во еден момент се сокри под маса по необично барање на водителот, комичарот Хасан Минхај.Имено, комичарот не успеал да ја убеди актерката да учествува во неговиот скеч, при што ѝ пришол на масата и ја замолил да направи „неколку фаци“ за камерите да креираат фотографии „клик-бајт“ за видео на YouTube на официјалниот канал на наградите. Актерката го сокри лицето со рацете, а потоа ги шокираше водителот и гледачите со тоа што се сокри под масата, од каде не сакаше да излезе. „Дали ќе излезе на крајот?“ сериозно праша збунетиот водител, но потоа целата приказна стана уште посмешна. Водителот се сврте кон режисерот на Тар, Тод Филд, кој исто така скокна за да ѝ се придружи на актерката под масата. „Имаме ли некој друг?“ праша водителот, а актерките Мариса Томеи и Реџина Хол потоа се придружија на егзодусот. Комичарот немал повеќе избор и се оддалечил од нивната маса и така останал без фотографија. This moment from the #SpiritAwards left me in utter shock. I’m still not over it! pic.twitter.com/Md9DXQPHAb — Sam Meltzer (@SamTheParasite) March 4, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со вицепремиерот на Црна Гора, Филип ИвановиќМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Соговорниците го потврдија високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан. Во фокусот на разговорите беа европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон Европската Унија да се одвива врз основа на заслуги. На средбата стана збор и за утрешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШефицата на Европската централна банка поднесува оставка Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ќе поднесе оставка на 7 февруари 2027 година, објави денеска ЕЦБ.Лагард го информираше Управниот совет на ЕЦБ и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, за својата одлука, се вели во соопштението. Кристин Лагард е на чело на банката од јули 2019 година и ќе замине пред крајот на нејзиниот мандат во октомври 2027 година. Нејзиниот наследник ќе го назначи Европскиот совет, по постапката за номинирање предвидена во член 283 од Договорот за функционирање на Европската унија. Управниот совет на Европската централна банка ѝ се заблагодари на Лагард за нејзината работа, со долг аплауз, соопшти ЕЦБ на својата веб-страница.Тагови: Европската централна банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евраЗа операции на очи, приватна болница наплаќале двојно, и од пациентите и од Фондот.. Прво склучиле незаконски договор, а потоа наплаќале за операции на очи и од Фондот и од џебот на пациентите, фалсификувале медицински податоци, изготвувале фиктивни фактури и прикривале утврдени неправилности – ова се само дел од злоупотребите на шемата помеѓу раководни лица во ФЗО и приватна очна болница, за кои МВР до ОЈО ГОКК поднесе 11 кривични пријави и уапси осум лица. Тројца осомничени, меѓу кои двајца се екс-директорот на ФЗО, а едниот од нив е Ден Дончев, во чие директорување е потпишан спорниот договорот во 2020 година, се сомничат за злоупотреба на службената положба. Претседателот на УО на фондот се сомничи за неправилности при одобрувањето на договорот, преку кој болницата се незаконски се стекнала со 4,5 милиони евра, а буџетот бил оштетен за 1,7 милиони. Од 2022 до 2025, периодот кој ги офаќа малверзациите, според пријавата биле оштетени од 3000 до 4000 пациенти. „Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од фондот и од пациентите. На пациентите покрај законската партиципација им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од фондот.“ Сомнежите се однесуваат и на прикривање на неправилностите.. Екс-директорот на секторот за контрола, според пријавата, ги одложувал контролите, не доставувал и не доставувал извештаи, а раководителките на подрачна служба на фондот не ја следеле наплатата на казните. Еден од осомничените пак се товари и за фалсификување и уништување на деловни книги. Приватната очна клиника, која е отворена во 2011 година, се сомничи за перење пари и други приноси од кривично дело, а две нејзини директорки се товарат дека сториле измама во службата и ја злоупотребиле службената положба и овластувања. Ваквите, сериски прекршувања на законот биле аларм за актуелниот министер за здравство и поранешен директор на фондот Клековски да се обрати до надлежните инсититуции и, како што кажа, да ја иницира истрагата. „Јас бев иницијатор на истрагата бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е еднаш, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. Според моите информации станува збор за три лица од Фондот и две од здравствената устанува во моментов.“ Канал 5 се обиде да стапи во контакт со Дончев, кој во 2020 даде оставка од „приватни семејни причини“ , но тој не одговори на нашите повици. Засега е непознато дали е помеѓу уапсените, бидејќи често престојува во Австралија. За време на полициската акција биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и во Куманово, а при истите биле запленети 50.000 евра и мобилни телефони. Во моментов, за осуммината лишени од слобода, се очекува какви мерки ќе бидат побарани од ОЈО ГОКК до судот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter