3Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
2Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
ФудбалКејн по пласманот на СП 2026: Понекогаш изгледа лесно Фудбалерот на Англија, Хари Кејн, се осврна на обезбеденото учество на националниот тим на Светското првенство во 2026 година. -Понекогаш изгледа лесно. Но, овие групи и натпревари можат да бидат тешки... Зборуваме за високи стандарди, без разлика со кого играме, за да го одржиме моментумот, а овој квалификациски турнир го докажа тоа, изјави Кејн за „ESPN 32-годишниот“. Англија синоќа ја победи Летонија во квалификациски натпревар и избори учество на Светското првенство во 2026 година пред завршување на квалификациите, откако освои 18 бода од шест натпревари. За второто место во оваа група се борат Албанија и Србија.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ФормулаПроблеми во Формула 1: Возач на Хаас е отстранет од тимот на четири трки до крајот на сезоната Естебан Окон дефинитивно ја заврши својата епизода во тимот на Хаас. Францускиот возач нема да се врати за следните четири трки, а ова е резултат на големи несогласувања и дискусии што ги имал со тимот. Ова е официјалната одлука на Хаас, потврдена од шефот на тимот, Ајао Комацу: - Овие одлуки не се донесуваат лесно, како што беше случајот во Мексико Сити, но како и тогаш, веруваме дека ова е најдобро за тимот. Разговорите што се водеа меѓу тимот и Окон ќе останат интерно прашање и ние ќе продолжиме да ја почитуваме доверливоста и приватноста на сè што се случува зад затворени врати - рече Комацу. Поради оваа причина, Хаас го премести Рафаел Камара, бразилски возач кој веќе се натпреварува во Формула 2, во Хаас. Бразилецот дефинитивно ќе биде возач на овој тим во 2027 година, а ќе добие шанса да дебитира во својата татковина, на легендарната патека Интерлагос.Тагови: Формула Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВајц ја повика Кос да помогне во надминувањето на спорот меѓу Македонија и БугаријаБилатералните прашања не треба да го попречуваат пристапниот процес, посочи известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната седница на Комитетот за надворешни работи на европскиот Парламент. Тој ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека директниот дијалог меѓу двете влади е единствениот начин за излез од застојот. Посочи и дека тоа го бара бидејќи мотивацијата за разговори меѓу Скопје и Софија не била секогаш на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Балкан„Го нарекуваше брат, а го уби“- се огласи синот на убиениот бизнисмен од Бугарија Калојан Бинев напиша емотивни зборови на социјалните мрежи по убиството на неговиот татко Слави Бинев. Синот на бизнисменот и претседател на федерацијата за теквондо откри дека обвинетиот за убиството, Ејуп Темиз, бил исклучително близок со својот татко и семејството, пишува порталот 24chasa.bg. „Тој ден, еден човек, семеен пријател кој го нарекуваше мојот татко свој брат, уби не само една личност, туку илјадници луѓе на овој свет. Бидејќи во секого што го допре, мојот татко остави дел од себе! Да, беше строг, и тоа исклучително. Но, тоа не значеше дека сакаше помалку или дека не му е грижа. Тој беше човек со огромно срце и насмевка што ништо и никој не можеше да ја избрише! Човек од чест, со огромно достоинство! Тато, не го заслужуваше ова! Сите те сакаме и ни недостигаш.“ Слави Бинев беше убиен со еден истрел во својот дом на 24 октомври. Еден час подоцна, полицијата го уапси турскиот бизнисмен Ејуп Темиз, кој работи во Бугарија. Тој е обвинет за убиство и е во притвор од страна на Градскиот суд во Софија. Во последните денови стана познато дека Ејуп и неговата сопруга, архитектката Нија Темиз, ќерка на покојниот главен архитект на Софија Стојан Јанев, биле семејни пријатели со Бинев. Можеби затоа тој се согласил да посредува во спор за недвижности меѓу Нија Темиз и познатиот архитект професор Калин Тихлов. Двајцата имале деловен спор. Сепак, како што стана јасно на рочиштето за мерката притвор за Ејуп, мотивот сè уште не е разјаснет. Според неговата одбрана, тој се плашел за своето семејство откако во спорот се вмешале трети лица, имено Пламен Дисков - Кела, човек чија биографија е контроверзна низ годините.Тагови: бизнисмен Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook