3Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
ФудбалКејн по освојувањето на Суперкупот на Германија: Сакавме да ја започнеме сезоната токму вакаФудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, се осврна на синоќешната победа во натпреварот од Суперкупот на Германија.Баварците синоќа во Штутгарт го совладаа истоимениот тим со 2:1. - Сакавме да ја започнеме сезоната токму вака - со добар став и победа во финалето. Летото беше кратко, но работевме добро. Ми се допадна играта. Секако, би сакале да постигнеме уште еден или два гола, но добро ја движевме топката и работевме добро во одбраната како тим, изјави Кејн за клупскиот сајт на тимот од Минхен. Баерн го освои Суперкупот на Германија по 11-ти пат и за прв пат од 2022 година. Штутгарт го загуби натпреварот за трофејот по втор пат по ред - минатата сезона, загубија од Баер Леверкузен. Од сезоната 2025/26, трофејот го носи името на Франц Бекенбауер, кој почина минатата година. Тагови: Баерн Минхен Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТатко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресотЧетири дена откако разорните земјотреси ја погодија Венецуела, спасувачите извлекоа татко и син од урнатините во државата Ла Гваира, давајќи нова надеж во потрагата по преживеани и покрај фактот дека поминаа повеќе од 72 часа од катастрофата. Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници се водат како исчезнати, пренесе Танјуг. Спасувањето на таткото и синот следеше по 12-часовна сложена операција за време на која тимовите користеа специјализирани камери за пребарување. Операцијата за спасување ја водат членови на француската цивилна заштита и американски тим за пребарување и спасување од округот Ферфакс, Вирџинија, кои еден ден претходно извлекоа мајка и нејзиното деветмесечно бебе од урнатините. Член на француската цивилна заштита изјави дека и таткото и синот биле многу слаби, откако поминале четири дена под урнатините. Најмалку 33 лица беа спасени во текот на викендот, но десетици илјади сè уште се водат како исчезнати. Експертите предупредуваат дека 72 часа по земјотресот, шансите да се пронајдат живи луѓе под урнатините нагло се намалуваат.Тагови: Венецуела земјотреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОдржан прв состанок за контролата врз Ормускиот Теснец Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, денеска изјави дека Иран и Оман во Мускат го одржале првиот состанок на заедничкиот комитет посветен на Ормускиот Теснец.Тој на мрежата X изјави дека двете страни размениле мислења за суверените права на крајбрежните држави од Персискиот Залив, како и за идното управување со Ормутскиот теснец, објави Ројтерс. Според него, разговорите се водат во рамките на привремениот договор потпишан овој месец од Техеран и Вашингтон.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБудрис: Литванија направи отстапки за влез во ЕУМинистерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на работна средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.Во фокусот на разговорите беше членството Европската унија. Литванскиот министер посочи дека Литванија направила големи отстапки за добивање статус земја членка на Европската унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook