ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%
Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
2Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
3 Пановски за Канал 5: Состојбата во Гостивар ги исполнува условите да биде прогласена епидемија на гастроентеритис
БалканКефалојанис: Грчката „Железна купола“ ќе има четирикратна функцијаЦелта е да имаме целосно функционална купола во пролетта 2026 година, која во суштина ќе има четирикратна функција.Противвоздушна, противдронска, антибалистичка, но и противбродска одбрана ќе има грчката „Железна купола“, што се очекува во првите месеци на 2026 година да биде ставена во функција, а ќе чини над две милијарди евра, според заменик-министерот за одбрана на Грција Јанис Кефалојанис, кој откри детали говорејќи за радијата „Скај“ и „Talk radio“, јави дописничката на МИА од Атина. -Целта е да имаме целосно функционална купола во пролетта 2026 година, која во суштина ќе има четирикратна функција. Ќе биде и противдрон и антибалистички и противвоздушен, во однос на воздушните закани, но и противбродски систем во однос на поморските закани. Го штитиме Егејското море од секаква можна опасност, без во првата фаза, да мораме да ги користиме авионите кои досега пресретнуваа или бродовите кои вршат набљудување на море. Очигледно ќе биде скап систем, нема да чини, според првите процени, под 2-2,5 милијарди евра, објасни Кефалојанис за „Talk radio“. Додаде дека конечниот износ ќе се утврди преку тендерскиот процес, а во однос на видот на системот рече дека во некои аспекти ќе биде како израелскиот, „но бидејќи заканата е различна од онаа со која се соочува Израел, карактеристиките може да бидат малку поинакви“. Во интервјуто за „Скај“ посочи дека „кога постои нелегален casus belli од страна на Турција“, мора да бидат подготвени во секое време да ги обезбедат суверените права и истакна дека станува збор за систем што е за одвраќање, а не за напади и ќе ја покрива целата земја. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Ноле во стилот на Стеф Кари, „сипа“ тројкиНајтрофејниот свтески тенисер во историјата , Србинот Новак Ѓоковиќ е активен и во пресрет на финалните натпревари од Светското првенство.Српскиот тенисер престојува во Америка, каде што присуствуваше на неколку интересни настани. Организаторите ја искористија можноста и неговата подготвеност да се појави на разни случувања. Меѓу другото, Новак Ѓоковиќ излезе на кошаркарскиот терен и покажа што умее. Популарниот Ноле го зеде баскетот и во стилот на најдобриот тројкаш во НБА лигата Стеф Кари погоди три тројки по ред. Tennis star Novak Djokovic hits 3 straight 3-pointers at @FanaticsFest 👌 pic.twitter.com/SdJuOWBhIE — NBA (@NBA) July 18, 2026 Видеото беше објавено на официјалниот профил на НБА на социјалната мрежа Инстаграм, по што почна масовно да се споделува.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
БалканВо Црна Гора приведен популарниот српски рапер Десингерица Црногорската полиција издаде итно соопштение по апсењето на Десингерица,родители, пријавете доколку имате информации!Популарниот рапер на овие простори Драгомир Деспиќ – Десингерица е приведен во Црна Гора под сомнение за прекршување на Законот за странци, а по тој повод се огласи и локалната полиција. - Полициските службеници од Одделението за безбедност во Бар, во соработка со инспекторите за странци, санкционираа три лица од Република Србија, меѓу кои и изведувачот Драгомир Деспиќ – Десингерица, поради прекршување на Законот за странци. Во ноќниот клуб во Сутоморе, каде што настапуваше Деспиќ, затекнати се 11 малолетници како консумираат алкохол, поради што надлежните инспекциски служби, покрај другите прекршоци, изрекоа парични казни во висина од 11.200 евра за правното лице и за одговорните лица, стои во соопштението од Црногорската полиција. Во текот на ноќта на 18 јули 2026 година, од 02:00 до 03:00 часот, службеници од Одделението за безбедност во Бар извршиле контрола во угостителски објект – ноќен клуб во Сутоморе, при што три лица биле приведени во просториите на Одделението заради утврдување на идентитетот: изведувачот Драгомир Деспиќ Десингерица ), кој настапуваше во клубот, како и М.Ј. (24) и С.Љ. (33), сите државјани на Република Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%СДС не може да се помири со успешните политики на Влада кои инфлацијата ја доведоа до 3,4%, а цените на горивата најниски во регионот. .РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС Залудни се хистеричните обиди на СДС за креирање страв, паника и неизвесност кај граѓаните. Прес-конференциите на СДС за создавање хистерија за наводни ценовни шокови, скапотија, банкрот на државата веќе никој не ги слуша. Две години по ред викаат дека државата е во финансиски колапс и само што не банкротирала, но еве две години по ред Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува како се консолидира економијата со континуиран раст на БДП од 3 или над 3%. Вистината е дека СДС се тие што ја оставија државата на раб на банкрот, со ограбени институции и осиромашени граѓани кои за време на седумгодишното владеење ја плаќаа нивната неспособност со рекордна двоцифрена инфлација. Оттука се поочигледно е дека СДС не можат да се помират со сегашните економски резултати и преземени мерки во време на енергетска криза кои цените ги држат под контрола, енергенсите со најниска цена од земјите во регионот, а инфлацијата на ниво од 3,4%. Ако СДС сака да зборува за економија, цени и инфлација, добро е да зборува со бројки кои најдобро опишуваат како живеат граѓаните сега, а како до пред две години кога скапотијата рушење европски рекорди. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook