Казните во Грција за профитерство на компаниите надминаа десет милиони евра - Канал 5

Казните во Грција за профитерство на компаниите надминаа десет милиони евра

Казните во Грција за профитерство на компаниите надминаа десет милиони евра од почетокот на годинава.

Казните во Грција за профитерство на компаниите надминаа десет милиони евра

Од почетокот на годинава, Министерството за развој на Грција изрекло казни од над десет милиони евра за компании кои го прекршиле законот за нелојална добивка и се парично казнети за профитерство, јави дописничката на МИА од Атина.

Од надлежното Министерство соопштија дека само во ноември биле извршени повеќе од 1.250 контроли и изречени парични казни од над 5,5 милиони евра, додека пак од почетокот на 2023 година имало над 20.600 контроли, а казните се во вкупна вредност од 10,3 милиони евра.

Последниот случај е објавен денеска, односно компанијата за кафе „Jacobs Douwe Egberts“ е казнета со еден милион евра поради прекршување на Законот за намалување на појавите на нелојална добивка.

Министерот за развој на Грција Костас Скрекас рече дека „битката во корист на грчките домаќинства продолжува“, но и дека никој нема право да профитира на сметка на граѓаните, особено во период на увезена инфлација.

- Грчката Влада е единствената во Европа која има и применува закон против нелојално профитерство. Постојаното присуство на контролните механизми на Министерството за развој на пазарот обезбедува почитување на законитоста, здрава конкуренција и, како што се докажува во пракса, намалување на цените на полиците во маркетите, рече Скрекас. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на бакарот руши рекорди – новиот максимум е 14.912 долари за тон

Светот „во трка“ по бакар. Цената руши рекорди, па на Лонодонската берза за метали достигна историски максимум од 14.912 долари за тон.

Цената на бакарот руши рекорди – новиот максимум е 14.912 долари за тон

Причината е растечката побарувачка, но и стравувањата дека новото производство нема да може доволно брзо да го следи растот. Според долгорочните проценки, светската побарувачка за бакар може да надмине 50 милиони тони годишно до 2050 година, од околу 34 милиони тони денес. Македонија има бакар – но сè уште нема јасен одговор дали може да го искористи потенцијалот кој е под земја, без да ја загрози животната средина.

Најголемиот потенцијал го има Иловица, но неизвесноста околу реалзиацијата на проектот продолжува. Дел од жителите на Иловица организирани преку иницијативата „И Здравје и Работа“ даваат поддршка. Дел од неа е и Никола Стаменов, поранешен претседател на Федерацијата на фармери на Македонија, кој за Канал 5 вели дека има начин како да имаме финансиски бенефит како држава и да ја заштитиме животната средина, ако се почитуваат светските еколошки стандарди.

-Ние граѓаните, мнозинството од двете населени места, па можам да кажам и општина Босилово и регионот и граѓаните од таму со кои комуницираме, сме „за“ отворање на рудникот за бакар и злато „Иловица“. Имаше неколкумина кои беа противници на отворањето со напомената дека со рудникот ќе се загрозат животната средина, воздухот, почвата, меѓутоа, со најсовремена европска и светска технологија имаме целосна гаранција дека до тоа нема да дојде. - Никола Стаменов – Иницијатива „И здравје и работа“

Бакарот е неопходен за електричните мрежи, обновливите извори на енергија, електричните возила, но и за изградбата на центри за податоци кои се потребни за развојот на вештачката интелигенција. Поради ова, побарувачката расте, а отворањето нови рудници трае со години. Дополнителен притисок на пазарот периодов создаваат и САД, каде поради очекувањата за царини се пренасочуваат големи количества физички бакар кон американскиот пазар, а тоа ја намалува достапноста на металот на другите пазари.

Каја нас, бакар веќе се експлоатира во Бучим, каде годишно се преработуваат повеќе од 4,5 милиони тони руда, но Иловица-Штука според проценките би произведувала околу 16 илјади тони бакар годишно, во период од околу 20 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Истиот познат вкус, со освежен изглед

Скопско го претстави освежениот изглед на своите етикети и новиот Скопско мурал

Истиот познат вкус, со освежен изглед

Со одлична енергија и супер дружење во препознатлив шмек, СКОПСКО го одбележа освежувањето на изгледот на своето портфолио со отворен настан на 20-ти август, во Дебар Маало, на кој се собраа сите пријатели и љубители на СКОПСКО.

Освежениот изглед на етикетите ја задржува длабоката врска со традицијата и клучните симболи што го дефинираат брендот низ децениите и истовремено воведува современ израз, што е прилагоден на времето што доаѓа.

Како дел од прославата присутните имаа можност да го видат уникатниот СКОПСКО мурал, потпишан од уметникот Драш и специјалната СКОПСКО фонтана, која донесе вистинско, но и визуелно освежување.

За спектакуларната завршница на настанот беа задолжени дечките од Дупер, кои со својот енергичен настап ја кренаа атмосферата на следно ниво и ја затворија оваа незаборавна вечер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во вторник во владата ќе се носи одлуката што точно ќе содржи училиштата кошничка

Училишна кошничка со попуст до 15 % - чии состав и крајна цена ќе се разликуваат од книжарница до книжарница во зависност од изборот, квалитетот и брендот – ова е предлог одлуката која министерството за економија ќе ја достави до владата.

Во вторник во владата ќе се носи одлуката што точно ќе содржи училиштата кошничка

Одлуката е направена во консултации со трговците на големо и мало кој продаваат училишен прибор. Од ресорното министерство појаснуваат дека кошничките ќе бидат јасно означени и поставени на видно место во книжарниците со прецизно наведен состав и цени на производите, а попустот до 15 % ќе се пресметува директно на каса и ќе биде прикажан на фискалните сметки...

Премиерот Христијан Мицкоски и денеска повтори одлуката ќе биде донесена во вторник на владина седница, а веќе, како што рече, по ова прашање во рамки на Владата имало согласност.

Ние имаме во рамките на Владата согласност на следната владина седница во вторник да донесеме таква одлука со која ќе се формира училишната кошничка и мислам дека во рамки на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и учениците така што во вторник тоа ќе се донесе како одлука....“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Граѓаните оптимисти очекуваат најавената кошница да донесе значително пониски цени, бидејќи велат секогаш пред старот на училишната година цените растат, а голем дел од семејствата се со ниски примања и тешко може да ги купат макар и основните работи...

„Јас како професор на универзитет мислам дека треба да има попуст за образованието. И не се како со квалитет како што беа порано и мислам дека треба да има ... “

„Имам помал брат и сум упатена. Мислам дека да се бара малку повеќе од нив и сепак е тоа основно училиште и некој работи за основни потреби треба да се подостапни и има луѓе кои имаат пониски примања и некој основни рбаоти не треба да се толкав трошок.“

„Мислам дека треба да има и попуст а мислам дека може и секоја општина да изводвои од својот буџет и барем за првачињата конкретно основните работи ранците и приборот да бидат бесплатни. “

Од друга страна, лидерот на опозицијата Венко Филипче смета дека највената кошничка ќе биде само како што вели уште еден ПР трик од кои граѓаните нема да имаат никаков бенефит.

„Според досегашната пракса нешто што може да констатираме е дека повторно ќе излажат и нема да излезат во пресрет со никаква мерка. Гледам дека чето целокупниот наратив е да се споредува тоа што сега се случува со 2021 година....“ - Венко Филипче – претседател на СДСМ.

И додека се чека конечната одлука за училишната кошничка, според пресметките во моментов за основен прибор, како тетратки, моливии, гуми, блок, боици, како и ранец потребни се минимум 5 илјади денари. Само ранец во актуелните понуди може да се најде по цени од 1 300 па се до 5 000 денари.

Тетратки 15 денари до 250 денари

Молив 20 денари до 150 денари

Гуми и острилки 20 денари до 150 денари

Сет линијари 200 денари до 300 денари

Футрола за училишен прибор 400 денари до 1.200 денари

Блок 60 денари до 100 денари

Боици 140 денари до 700 денари

Ранец 1.300 денари до 5.000 денари

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер