МакедонијаКазни од 800 до 10.000 евра за непочитување на Одлуката на Владата за цената на леботДржавниот пазарен инспекторат е континуирано на терен, врши надзори со сите свои расположливи ресурси.Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен, врши надзори со сите свои расположливи ресурси и покрај Одлуката за замрзнување на цената на лебот на 33 денари, ќе врши надзори и по Одлуката која ги обврзува трговците да доставуваат и продаваат леб. Во изминатите два дена проверени се над 460 економски субјекти, а забележано е дека цената на белиот леб се движи од 25 до 33 денари. Дури на некои места, леб со поголема грамажа од предвидената во Одлуката се продава по 33 денари. Генерално се почитува владината Одлука за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, но имаше и такви трговци кои ја прекршиле оваа Одлука, за што беа изречени казни во висина од над 300.000 денари. Пазарниот инспекторат е континуирано на терен со сите свои раасположливи ресурси и ќе врши надзори каде ќе утврдува која е минималната количина на лебот што ја опфаќаат Одлуките на Владата, која на дневна основа мора да се набавува и продава од страна на трговците и ќе ја контролира крајната продажна цена до 33 денари. Ако се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор. Затоа апелираме да се почитуваат Одлуките, а ние како институција постојано сме на терен, постапуваме по Одлуките и останатите наши надлежности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАна Марјановиќ во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Ана Марјановиќ.Ќе има ли лек за доцнењето на терапијата на клиниката за онкологија? Што значи потврда на канцер за пациент по која патека продолжува во здравствениот систем? Дали има стратегија за скрининг програми? Со Ана Марјановиќ од хема онко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАвгустовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
ФудбалВидео: Средба Џеко - Тадиќ: Опаа како си се набилдал„Ал си се набилд’о“: Средбата меѓу Џеко и Тадиќ во Најмеген стана хит.НЕК Најмеген направи големо изненадување и се пласираше во последното коло од квалификациите за Лигата на шампионите, откако го победи Олимпијакос со 2:1 по продолженијата. Сепак, покрај драмата на теренот, вниманието на јавноста го привлече средбата меѓу пријателите Един Џеко и Душан Тадиќ. Edin Dzeko, Fenerbahçe'den takım arkadaşı Dusan Tadic'i izlemek için tribünde.. pic.twitter.com/Kz9tCG0wYz — Tek Yol FENER (@TekYolFener) August 11, 2026 Капитенот на БиХ, Џеко отпатува во Холандија за од трибините да му даде поддршка на својот голем пријател и поранешен соиграч од Фенербахче екс капитенот на Србија, Тадиќ. Нивната средба била снимена и набрзо стана вирална на социјалните мрежи. Двајцата пријатели се поздравија за време на претставувањето на играчите, а уште поемотивна средба уследи по натпреварот, кога Џеко слезе пред соблекувалната за да му честита на Тадиќ. „Имаш многу пари“, се пошегува Џеко. Тадиќ одговори: „Ни донесе среќа“. Набргу потоа им се придружи Емре Мор, поранешен соиграч од Фенербахче и херој на натпреварот, кој го постигна победничкиот гол за НЕК. Џеко и Тадиќ играа заедно во Фенербахче од 2023 до 2025 година, а нивното пријателство очигледно остана цврсто и по разделбата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПовеќе од 200 загинати во Колумбија, спасувачите сè уште не стигнале до епицентарот! Повеќе од 200 загинати во Колумбија, спасувачите сè уште не стигнале до епицентарот!ЕУ доделува помош од 2 милиони евра поради земјотресот, Фон дер Лајен се обрати на шпански.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера објави дека ЕУ ѝ пружа поддршка на Колумбија, откако земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала однесе повеќе од 200 животи и уништи илјадници згради и куќи. „Додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување, ЕУ ѝ пружа поддршка на Колумбија секаде каде што е тоа можно“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“ (X). Таа изјави дека ЕУ става на располагање помош од два милиони евра за заедниците во најтешко погодените подрачја. – Откако Колумбија го активираше Механизмот за цивилна заштита, работиме на тоа помошта да одговара на потребите на терен. Ова е европска солидарност – заклучи Фон дер Лајен во соопштение на шпански јазик. Колумбија во понеделникот беше погодена од земјотрес во кој, според Си-Ен-Ен (CNN) и податоците на локалните власти, загинаа најмалку 200 луѓе, а спасувачките екипи сè уште не успеале да стигнат до епицентарот на земјотресот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook