Казнети една третина од контролирани даночни обврзници - Канал 5

Казнети една третина од контролирани даночни обврзници

 Управата за јавни приходи во јуни и првата половина од јули годинава при контрола на 883 даночни обврзници, казнила 294 субјекти кај кои се утврдени неправилности.

Казнети една третина од контролирани даночни обврзници

Како што соопшти УЈП, изречени се 212 глоби за неиздавање фискални сметки, 49 за неводење книга за дневни финансиски извештаи, 20 глоби за фискални сметки без пропишани елементи, осум за нерегистрирана резервна фискална апаратура, две глоби за неисправен фискален апарат и по една глоба за неиздавање парагон-блок, за некористење одобрен фискален апарат и за неводење итна сметководствена книга

Контролите биле насочени кон трговци, угостители низ целата држава и кај субјекти кои вршат дејност во туристички места и локации со зголемена фреквенција на посетители, како што се угостителски објекти, аква - паркови, плажи, базени и објекти за изнајмување спортско-рекреативна опрема.

Од УЈП потсетуваат на обврската за почитување на Законот за регистрирање на готовински плаќања преку која секој остварен промет мора да биде регистриран преку одобрен фискален уред, задолжително да се користи одобрен фискален апарат во доволен број, за секоја продажба да се издава фискална сметка....

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија откри 111 случаи на редок рак поврзан со импланти за гради

Шпанските здравствени власти потврдија дека до крајот на 2025 година ќе бидат регистрирани вкупно 111 случаи на анапластичен лимфом на големи клетки, ретка форма на рак поврзан со импланти за гради.

Шпанија откри 111 случаи на редок рак поврзан со импланти за гради

Шпанската агенција за лекови и медицински помагала (Aemps) примила вкупно 146 сомнителни пријави откако започнала да ја следи состојбата во 2012 година, објавува Euronews.

Податоците се дел од шестиот извештај за следење на националниот протокол за откривање и проучување на овој вид лимфом, изготвен врз основа на извештаи регистрирани во Системот за надзор на медицински производи. Агенцијата со години спроведува надзор на специфични болести во соработка со медицинските друштва и европските здравствени власти.

Според извештајот објавен од агенцијата, најголем број пријави се регистрирани во Мадрид, по што следат Андалузија, Каталонија и Валенсија.

Анапластичниот лимфом на големи клетки поврзан со импланти на дојка, меѓународно познат како BIA-ALCL, е редок вид на не-Хочкинов лимфом.

Важно е да се напомене дека ракот не потекнува од самото ткиво на дојката, туку од клетките на имунолошкиот систем кои можат да се развијат во ткивната капсула околу имплантот.

-Aemps нагласува дека ова е ретка болест чија инциденца е ниска во споредба со големиот број жени кои имаат импланти на дојка. И покрај ова, агенцијата ја нагласува важноста на понатамошниот надзор и подобрувањето на раното откривање. Досегашните истражувања сугерираат дека болеста има повеќе причини.

Меѓу факторите што се проучуваат се видот на имплантот што се користи, генетската предиспозиција и можните воспалителни процеси или контаминација поврзани со имплантацијата. Сепак, експертите забележуваат дека дефинитивна причинско-последична врска сè уште не е утврдена и дека механизмот што го активира развојот на лимфом сè уште не е прецизно познат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на Фејсбук напиша: Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот.

Јанчев: Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот

Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот.

Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци.

[✔️] Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски празник за младите во Кичево: Македонски Олимписки Комитет успешно го одбележа „Олимпискиот ден“

Во својата континуирана мисија за масовна промоција на олимпизмот и негување на спортските вредности ширум државата, Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) успешно ја организираше спортската манифестација „Олимписки ден“. 

Спортски празник за младите во Кичево: Македонски Олимписки Комитет успешно го одбележа „Олимпискиот ден“

Овој значаен настан, кој е дел од стратешката програма на МОК за инспирирање на младите кон активен начин на живот, се реализираше со огромна поддршка и во директна соработка со Општина Кичево и основното училиште „Кузман Јосифоски - Питу“.

Иницијативата беше директно предводена од највисокото раководство на Македонскиот Олимписки Комитет. Настанот започна со работна средба на која претседателот на МОК, Даниел Димевски, придружуван од членот на управниот одбор, Сашо Димитријоски, раководителот на секторот за спорт, Петар Спасеновски, и шефот на кабинет, Елена Зисовска Апостолска, се сретнаа со заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јакимоски, претставници од Општина Кичево и директорот на училиштето, Бошко Лазаревски. На оваа средба беше силно реафирмирана заедничката посветеност на МОК, државните институции и локалната самоуправа за континуирано вложување во развојот на младинскиот и училишниот спорт на локално ниво.

Под покровителство и водство на Македонскиот Олимписки Комитет, Кичево пулсираше во ритамот на извонредноста, пријателството и почитта – основните столбови на светското олимписко движење. Како директен доказ за својата грижа и стратегија за подобрување на спортските услови, Македонскиот Олимписки Комитет за време на манифестацијата официјално врачи значајна донација во спортска опрема наменета за потребите на училиштето.

Централниот дел од денот беа спортските полигони реализирани во вистински олимписки дух. Според концепт инициран од МОК, а беспрекорно координиран од наставниот кадар, учениците се натпреваруваа на неколку специјално подготвени спортски полигони. Преку овие игри, тие ги демонстрираа своите вештини и учеа за важноста на фер-плејот директно преку спортот.

Со успешната реализација на овој настан, Македонскиот Олимписки Комитет уште еднаш докажа дека е главниот мотор за развој на спортската култура во државата. Овој „Олимписки ден“ во Кичево, реализиран преку одлична синергија со локалната заедница и институциите, претставува само уште еден голем чекор во континуираните напори на МОК да го доближи олимпизмот до секое дете, градејќи здрави, активни и успешни идни генерации низ цела Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер