Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт
1Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
КошаркаКазна од една плата за играчите и тренерите на МЗТ СкопјеУправата на актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска донесе одлука за изрекување казна во висина од една плата за кошаркарите и стручниот штаб и тоа поради лошите резултати остварени од почетокот на сезоната, кои ниту од далеку не го оправдуваат досега вложеното во нив, како и поради (не)залагањето и индолентноста кои и тоа како можеа да се забележат на натпреварите и на тренинзите.- Играчите и тренерите ги имаат сите услови за работа, кои се подобри од голем број екипи што се натпреваруваат во АБА-лигата, исплатите на платите се во предвидениот рок, поради што е уште поголемо разочарувањето од фактот што досега се остварени само две победи во дури 13 одиграни средби. Се надеваме дека оваа одлука ќе делува позитивно кај кошаркарите и стручниот штаб, кои во иднина ќе почнат да го даваат својот максимум за да се најде излез од кризата и да се почне со остварување на резултати кои би биле адекватни на вложените средства и на очекувањата како на управата така и на навивачите на МЗТ Скопје Аеродром, стои во соопштението на клубот од Аеродром. Прва можност „сино-белите“ да се вратат на победничките патеки е задутрешниот дуел на домашен терен против литвански Лиеткабелис во рамки на 6. коло од Еврокупот. Следниот дуел од АБА лигата МЗТ Скопје ќе го има в петок (18 ноември) кога во „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на ФМП во рамки на 10. коло. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС. Congratulations on the outcome of today’s elections in Serbia! The Serbian citizens have demonstrated democratic maturity through a peaceful transfer of political power — Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) October 25, 2026 Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во СрбијаПретседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. „Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа! Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен. Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка. На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСтудентите ја прославија победата во центарот на БелградВеднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter