Казна од 600 000 евра за организирање приватна забава!?

Балеарските острови, кои се еден од најпосетуваните туристички региони во Шпанија, донесоа одлука според која граѓаните кои не ги почитуваат мерките против ширењето на коронавирусот, да бидат строго казнети.

Според одлуката на оваа шпанска автономна заедница, оние што не почитуваат одредени забрани, можат да бидат казнети со парична казна од 100 до дури 600.000 евра.

По нормализацијата на ситуацијата на Балеарските острови, граѓаните мора да продолжат да го почитуваат правилото на социјална дистанца, да носат маски за лице и да се придржуваат кон ограничувања на бројот на луѓе на јавни места.

Властите на Балеарските острови објавија дека лицата кои организираат приватни забави за комерцијални цели на чамци или во куќи, во кои учествуваат премногу луѓе, ќе бидат казнети со казна до 600.000 евра.

Граѓаните пак кои нема да носат заштини маски на јавно место ќе бидат казнети со парична казна од 100 евра .

ВМРО-ДПМНЕ:Над 550 студенти не добија платежни картички

Над 550 студенти не добија платежни картички, институциите веднаш да одговорат на приговорите на студентите!

Власта на СДСМ не успеа да се справи со пандемијата создавајќи тотален хаос во државата. Без ни малку срам ги извисија студентите за домашна платежна картичка затоа што дел од нив останаа без денар доделен од Владата. Група од околу 550 студенти на УКИМ кои иако ги исполнуваат критериумите не добиле платежни картички.

Како може МОН во време на најмодерна технологија да нема основен регистар со број на студенти во државата?

Наместо постапката на објавување да биде целосно транспарентна за на списокот да не се најдат некои што не требало да се таму очигледно власта свесно пред избори изврши класичен поткуп.

Власта го крши уставното право сите студентите да имаат еднакви можности за добивање финансиска помош од државниот буџет во услови на пандемијата. Со тоа Власта докажа дека платежната картичка за купување домашни производи е класичен поткуп. И претходно апелиравме дека делењето на картички и ваучери е предизборен поткуп на купување гласови.

Институциите веднаш да одговорат на приговорите на студентите и да им овозможат тоа што го ветуваа пред избори.

Власта предводена од СДСМ свесно со поткупот за жал го поткопува образованието.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Клиниката за неврологија: „Водич за справување со невролошки заболувања во услови на ковид 19“

Со растечкиот број заболени од COVID-19, се објавуваат и сознанија за директно и индиректно инволвирање на нервниот систем.

Универзитетската клиника за неврологија изготви Водич за справување со невролошки заболувања во услови на Ковид-19 пандемија, кој содржи стручни препораки и насоки во однос на следење на одложени имунолошки посредувани компликации, невропсихолошки последици, и евентуално одложен развој на невродегенеративни заболувања кај заболените со Ковид-19. Препораките се направени врз основа на досегашните искуства и известувања од повеќе медицински центри, стручни асоцијации на невролози и мислења од експерти, а во согласност со иницијативaта на Европската академија за неврологија (EAN).

Водичот содржи посебни поглавја во однос на невролошките заболувања и ковид-19, како и генерални препораки за имуносупресивна/имуномодулаторна терапија кај пациенти со невролошки заболувања, како што се пациенти со мултипла склероза, миастенија гравис, невромускулни заболувања и неинфламаторни заболувања на централниот нервен систем.

- Со растечкиот број заболени од COVID-19, се објавуваат и сознанија за директно и индиректно инволвирање на нервниот систем. Со оглед на фактот дека ACE-2 (angiotensin converting enzyme-2), рецепторот за SARS CoV-2 е присутен во мозокот, јасно е дека вирусот може да ги инфицира невроните и да предизвика директни и индиректни невролошки компликации. Од друга страна, пациентите со некои невролошки заболувања и терапијата која ја примаат за третман, спаѓаат во групата лица со зголемен ризик за развој на компликации од COVID19. Сознанијата за COVID-19 секојдневно се збогатуваат и менуваат, што значи дека ставот за третман, постапување и процена на ризик кај пациенти со невролошки заболувања во услови на COVID-19 пандемија не е дефинитивен. Се наоѓаме на турбулентен терен со постојани динамични промени кои бараат следење и збогатување на знаењата и токму тоа е основната идеја за изработка на овој краток водич, кој треба да биде рамка во која неврологот со своето знаење и искуство ќе направи процена и ќе донесе одлуки за третман запазувајќи го индивидуализираниот пристап кон секој пациент, се посочува во воведот на овој водич.

Во Софија повторно демонстрантите со шатори го блокираа сообраќајот

Откако полицијата ги отстрани шаторите од клучните раскрсници во Софија во петокот наутро, група демонстранти синоќа повторно поставиле шатори  и го блокирале сообраќајот на најмалку три места.

Овојпат полицијата не ги отстрани шаторите. Главниот инспектор Красимира Стојадинова од управата за внатрешни работи изутринава изјави дека полицијата ќе продолжи да се обидува да ги убеди демонстрантите да ги отстранат блокадите. Никој не е приведен во текот на ноќта.

Претседателот Румен Радев прокоментира на Фејсбук дека Владата ја вклучила полицијата во судир со илјадници демонстранти.

„Подготвеноста да се жртвува социјалниот мир во името на политичкиот опстанок е чин на досега невидена политичка ескалација за време на бугарската транзиција. Кризата на бугарската демократија не може да се реши со репресивни и полициски мерки, може само да се продлабочи“, наведе Радев.

Тој смета дека оставките на Владата и на јавниот обвинител ќе бидат првиот чекор кон враќањето на Бугарија во владеењето на правото и демократијата.

24

притисни ентер