Казинс: Јокиќ пред три години размислуваше за пензионирање - Канал 5

Казинс: Јокиќ пред три години размислуваше за пензионирање

 Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА-лигата, Никола Јокиќ во 2022 година сакал да ја заврши кариерата. Ова со јавноста го сподели Демаркус Казинс кој му беше соиграч на Јокиќ во Далас маверикс во сезоната 2021/22.

Казинс: Јокиќ пред три години размислуваше за пензионирање

- Она што најмногу ми се допаѓа кај Јокиќ е неговиот карактер. Ако ви кажува нешто за себе, тоа е сосема вистина. Не го интересираат глупости. НБА можеби му е втора, трета, четврта омилена работа во животот. Во многу од натпреварите каде што постигнува луди статистики, тој навистина не се обидува да го направи тоа. Едноставно е неверојатно. Кога играв во Денвер, нашите шкафчиња беа еден до друг. Некој потпиша продолжување, а јас му кажав на Јокиќ дека неговиот следен договор ќе биде луд. Тој рече дека можеби ќе се пензионира пред тоа, рекол Јокиќ

Потоа следувало убедување од Казинс до Србинот да не се откажува од таква заработувачка: „Да се откажам од 300 милиони? Дали си луд? Потпиши го договорот, а потоа можеш да се здебелиш и да се опуштиш.

Јокиќ во тој период само сакал да се врати во родниот град и да работи со своите коњи во мир.

- Му реков дека коњите нема да му избегаат, а 300 милиони ќе му овозможат да купи уште повеќе од нив, рече Казинс.

Триесетгодишниот Јокиќ како МВП во 2023 година го предводеше својот тим до трофејот во НБА-лигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: До ноември нема да заврши војната со Иран

Американскиот претседател Трамп изјави дека не мисли оти војната со Иран ќе заврши до изборите во ноември, додавајќи дека цените на нафтата нема да се намалат дотогаш.

Трамп: До ноември нема да заврши војната со Иран

„Мислам дека војната ќе заврши веднаш по изборите бидејќи тие повеќе не можат да издржат“, рече Трамп за властите во Техеран, тој изјавата ја даде додека се упатуваше кон Тексас за првата конвенција на партијата.анкетите покажуваат дека Трамп се соочува со опаѓање на рејтингот и притисок од неговата Републиканска партија да ја прекине војната со Иран. Вчера , цените на нафтата се искачија на 100 долари за прв пат од јули поради зголемените борби на Блискиот Исток. Изборите ќе се одржат на 3 ноември, а републиканците се во опасност да ја изгубат контролата врз конгресот. Борбите на Блискиот Исток се интензивираа во последните денови. Американската војска соопшти дека нападнала пет танкери за нафта поврзани со Иран. Техеран, како одговор, започна напади врз два разорувачи на американската морнарица и осум танкери за нафта во Ормутскиот Теснец, еден ден претходно, Хутите во Јемен започнаа бран напади во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари во нафтени постројки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!

Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено одговорни компании“ не е вест за домаќинско работење, туку официјално признание за приватизација на државата.

ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!

Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира дека кога приватниот капитал тајно ги финансира државните манифестации и владината ПР-пропаганда, тоа не е филантропија, туку авансна уплата за идни привилегии, тендери и институционална заштита. Ова не е домаќинско владеење, ова е замена за класичен рекет — систем каде што приватни моќници го купуваат мирот и наклонетоста на Владата, додека граѓаните подоцна ја плаќаат сметката преку монополи и високи цени. Обвинуваа за рекет, сега гледаме маскиран и јавно признат „Рекет на стероиди“!

Залудно власта се обидува да ја замачка јавноста со фразата за „нула денари“. Прво, тие исти компании утре ќе искористат даночни олеснувања за овие спонзорства, со што државниот буџет директно ќе изгуби милионски суми од данок на добивка — што значи дека граѓаните ПАК ја плаќаат сметката! Второ, ако сѐ било приватна донација, зошто Владата ја задолжуваше Државната лотарија уште во април да распишува јавни огласи за уметници од „светска А-класа“ и зошто владини портпароли од официјални говорници најавуваа приватни концерти?

Ете зошто се промовираат монополи во авиосообраќајот и бизнисот. Ете зошто Владата свесно го одбива предлогот на ЛДП за намалување и ограничување на банкарските провизии. Оваа соголена спрега меѓу власта и корпорациите директно го објаснува однесувањето на Владата кон граѓаните. Наместо да им ги намали трошоците на граѓаните, Владата ги штити интересите на банките и олигарсите, за тие за возврат да ѝ ги финансираат сценографиите, забавите и политичкиот маркетинг.

Ваквиот нетранспарентен систем е директно спротивен на сите европски стандарди за владеење на правото и спречување судир на интереси. На Македонија ѝ се потребни Европската Унија и нејзините строги механизми токму за ваквата коруптивна спрега конечно да може правно да се гони. Затоа власта бега од нов Кривичен законик по урнек на ЕУ и бара изговори за да нема реална правна заштита.

ЛДП бара итно објавување на сите договори, спонзори и финансиски текови за одржаните манифестации на сите таканаречени „општествено одговорни компании“. Граѓаните имаат право да знаат кој ја платил државната сценографија, за утре, кога истите тие компании ќе добиваат државни тендери или лиценци, да не се чудиме зашто системот е корумпиран.

Бараме да се активира и Државната комисија за спречување на корупцијата и да направи целосно испитување на овие донации и потенцијалниот судир на интереси!

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обид за атентат врз Зеленски?

Авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе бил погоден од дрон при полетувањето од Молдавија, изјави денес норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, велејќи дека инцидентот ја одразува „реалноста во која се наоѓа Зеленски“.

Обид за атентат врз Зеленски?

„Неговиот авион речиси беше погоден од дрон при полетувањето од Молдавија. Тоа е реалноста во која се наоѓа“, рече Сторе.

Тој додаде дека ситуацијата во Украина е „многу драматична“ и „остава длабок впечаток“.

„Го прашав како ја поминал ноќта, а тој рече дека не било добро, бидејќи бил на телефон и добивал информации за тоа каде погодиле ракетите“, изјави Сторе за норвешкиот јавен радиодифузен сервис НРК.

Зеленски пристигна од Молдавија во Осло синоќа за да присуствува на погребот на норвешкиот крал Харалд.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го прими украинскиот претседател во својата канцеларија утрово.

Сторе рече дека Зеленски имал средба со него, министерот за финансии Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи Еспен Барт Ејде веднаш по пристигнувањето во Осло во вторник вечерта.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер