Кавадаречките пожарникари изминатиов викенд имале над 20 интервенции - Канал 5

Кавадаречките пожарникари изминатиов викенд имале над 20 интервенции

Кавадаречките пожарникари изминатиов викенд имале над 20 интервенции, информираа вечерва од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.  

Кавадаречките пожарникари изминатиов викенд имале над 20 интервенции

-За жал сезоната на т.н полски пожари започна многу порано оваа година. ТППЕ Кавадарци само за овој викенд имаше пријави за преку 20 интервенции. Беа запалени стрништа, сува трава, жбун, но делумно настрадаа и долгогодишни овоштарски насади, за кои, според оштетените, ќе има кривични пријави за причинителите, за жал несовесни комшии, соопштија од Противпожарната единица.

Оттаму истакнаа дека ТППЕ Кавадарци истовремено интервенирала на неколку места каде што имало пожари. Се интервенирало во атарите на селата Рибарци, Бохула, Сопот, Дреновска клисура, Ресава, Марена, Трстеник, Дебриште, Возарци, Фариш, Дабниште и на висорамнина Катуниште.

-Во меѓувреме се гаснеа и запалени контејнери, за дополнително да не се загадува градот. Покрај целиот притисок, нашите пожарникари интервенираа и на запалена куќа во центарот на градот, каде што само поради добрата организираност и брзата интервенција, е спречена голема катастрофа, не дозволивме нашите сограѓани да останат без својот дом, нагласија од Противпожарната служба.

Од ТППЕ апелираа да не се палат стрништа, да не се дојде до поголема катастрофа, но и да се зачуваат природата и чистиот воздух.

СДСМ: Цените растат стандардот на граѓаните опаѓа – власта нема решение!

Додека се распаѓа владината коалиција, граѓаните се оставени сами на себе - цените растат, стандардот опаѓа, економската состојба е катастрофална.

СДСМ: Цените растат стандардот на граѓаните опаѓа – власта нема решение!

Животот е сѐ поскап, а платите не мрдаат. Маслото за јадење, млекото, лебот, јајцата – основните прехранбени производи – сѐ е поскапено.

Пакување од 10 јајца, е веќе 113 денари, маслото за јадење над 90 денари, килограм брашно 49 денари, јогурт 87 денари, покачени се цените на млекото, сирењето. На пазарите исто така има посапувања на овошјето и зеленчукот. Црешите веќе станаа луксуз.

Последните податоци за потрошувачката кошничка се поразителни, зголемена е за 836 денари за еден месец. Веќе три минимални плати се потребни за да може да се преживее.

Една просечно македонско семејство со две деца не можат да ги покријат основните трошоци во месецот, платите не стигнуваат од први до први.

Како да се покрие храна, струја, вода, школо, лекови? Нема со што да се плати рата за кредит или кирија.

Народот се мачи како да истурка месец за месец, додека власта се гоштева со манго, папаја, октоподи.

Ова не се статистики, ова е суровата реалност на луѓето во Македонија. На пензионерите кои бројат денови до следната пензија. На младите семејства кои веќе не можат да си дозволат ни основни работи. На самохраните родители кои се борат со скапотијата. На сите оние што се трудат чесно да работат, а не можат да живеат пристојно.

Животот во Македонија никогаш не бил поскап, а Владата нема решение за високите цени.

Премиерот не знаел дека цените биле поскапени, па ќе чекал, да видел какви ќе биле анализите, па ќе реагирале. Ова не е само несериозно, ова е директно признание за промашените владини политики и тотална негрижа за стандардот на луѓето.

СДСМ со месеци наназад алармира и предлага конкретни решенија кои власта упорно ги одбива:

- Укинување ДДВ за храна.

- Зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра.- Зголемување на платите во приватниот сектор.

- Поддршка за домаќинствата со најниски приходи.

Работниците гласно бараат повисоки плати, поголема минимална плата и власта не смее да ги игнорира, туку мора да преземе нешто.

СДСМ ќе продолжи да се бори за стандардот на граѓаните. Работниците, граѓаните, заслужуваат достоинствен живот.

Прес конференција на СДСМ, Кристина Костова - потпретседателка

YouTube video

СДСМ

Трамп: САД треба да ја „преземат“ Газа и да ја претворат во „слободна зона“

 Претседателот Доналд Трамп изјави дека сака САД да ја „преземат“ Газа и да ја претворат во „слободна зона“, додека војната меѓу Израел и Хамас продолжува да беснее на палестинската територија.

Трамп: САД треба да ја „преземат“ Газа и да ја претворат во „слободна зона“

-Имам концепти за Газа кои мислам дека се многу добри - да се направи слободна зона, да се вклучат САД и едноставно да се направи слободна зона, рече американскиот лидер во Катар.

„Би бил горд што Соединетите Држави би го имале, би го преземале, би го направиле слободна зона“, рече Трамп.

Во меѓувреме, Агенцијата за цивилна заштита на Газа соопшти дека бројот на жртви во израелските напади во текот на ноќта се искачил на 82, ажурирајќи го претходниот извештај.

-Бројот на жртви од израелските воздушни напади врз Газа се искачи на 82 откако окупацијата таргетираше повеќе домови во северна Газа, изјави портпаролот на цивилната одбрана Мохамед ал-Мугаир.

О. Ѓорче П: Јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, здруженија и спортисти

Јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, здруженија и спортисти за 2025 година во Општина Ѓорче Петров.

О. Ѓорче П: Јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, здруженија и спортисти

Општина Ѓорче Петров објави јавен оглас за распределба на финансиски средства за поддршка на спортски клубови, здруженија, спортисти и спортски манифестации за 2025 година.

Право на учество имаат сите спортски субјекти и организатори на спортски настани со седиште или активност на територија на Општина Ѓорче Петров, како и оние чии проекти ќе се реализираат на нејзиното подрачје.

Краен рок за аплицирање е 29 мај 2025 година, а пријавите се доставуваат по пошта или лично во архивата на oпштина, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Пликот треба да биде без идентификациски ознаки и со назнака „не отворај – за Комисијата за распределба на буџетски средства за спорт“.

Кандидатите треба да достават комплетна документација, вклучувајќи пријава, програма за работа, потврди, финансиски извештај и докази за регистрирана дејност, согласно со типот на апликантот (клуб, спортист, манифестација).

Одлуката за избор ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Ѓорче Петров (www.opstinagpetrov.gov.mk) најдоцна 15 дена по истекот на рокот за пријавување. Избраните корисници потпишуваат договор со општината, по што следи исплата на 50% од средствата. Останатите средства се исплаќаат по доставување на финансиски извештај.

За повеќе информации и преземање на пријавата, апелираме заинтересираните да ја посетат официјалната веб-страница на

Општина Ѓорче Петров

притисни ентер