Кавадарци ќе добие градско шеталиште на местото на поранешното корзо - Канал 5

Кавадарци ќе добие градско шеталиште на местото на поранешното корзо

Градското шеталиште ќе биде во централното урбанистичко јадро на град Кавадарци, дел од главната улица „Илинденска“.

Кавадарци ќе добие градско шеталиште на местото на поранешното корзо

Кавадарци ќе добие градско шеталиште на местото на поранешното корзо, подносителот на предлог - граѓанската иницијатива што беше прифатена од Советот на Општината, Тодор Богев, денеска појасни во изјава за МИА, дека ја дал сега веќе прифатената иницијатива, согледувајки еден голем досегашен урбан недостаток на градот.

- По одамнешното укинување на градското корзо, ние практично немаме наша улица градско шеталише, што како градска одлика, го среќаваме кај поголемите градови и урбани центри, а особено туристичките градови, насекаде по Балканот, а и пошироко во светот. Затоа како интелектуалец, писател и граѓанин овде, се одлучив на таков чекор. Крајно време е да се исправи таа голема неправда кон град Кавадарци, рече Богев.

Тој додаде дека градското шеталиште ќе биде во централното урбанистичко јадро на град Кавадарци, дел од главната улица „Илинденска“. Според неговиот предлог, етапа по етапа, шеталиштето да се простира од градскиот плоштад до кружниот тек кај автобуската станица. Зона ослободена од автомобилски сообраќај.

Кавадарци ќе заличело на големите градови. Со тоа, ќе се отворела нова етапа во неговиот градски изглед и нова етапа на урбан, економски и културен раст и развој.

- Единствена улица што би била слободна за сообраќај би била од гимназијата само надолу покрај киното, полициска станица и кон мостот на реката Луда Мара. Со тоа што наместо семафор, би стоел знак стоп, за автомобилите да се секогаш застанати кога на пешачкиот премин ќе има пешаци кои поминуваат, по можност пред зебрата да има и лежечки полицајци, сподели Богев.

Притоа, додаде дека во догледно време, тука би можело да ce креира еден пешачки мост над сообраќајните делници, што би опфаќал и делови од плоштадот.

- За да се добие еден дел со шанкови и кафулиња како трибина за седење на концертите за време манифестацијата посветена на гроздоберот и други прослави, што би можел да се простира кружно како ринг од хотел „Балкан“ до старата стоковна куќа, образложи Богев.

Тој подвлече дека сите овие предлози се во насока на подготвување на Кавадарци, како туристичко место, за развој на туризам, меѓу кои - вински, езерски, планински, селски, алтернативен и слично, 365 дена во годината, отворен за посетители од земјава и странство.

Инаку, корзото во Кавадарци во минатото било на три локации. Најнапред било во чаршијата пред куќите на Ефтим Апостолов - Џамбазот и Игно Оравечки на една бетонирана плоча, долга околу 150 метри. Втората локација била на улицата „7 Септември“ во педесеттите и почетокот на шеесеттите години на минатиот век и на крајот, на улицата „Илинденска“ од старата банка до старата Автобуска станица. Последното корзо било во шеесеттите, седумдесеттите и дел од осумдесеттите години од минатиот век.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Товарен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“.

„Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами.

Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот.

Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

На двата танкери избувнале експлозии и голем пожар.

Експлозија во Ормускиот теснец: Танкери дигнати во воздух (ВИДЕО)

Два танкери за нафта се запалија откако наидоа на подводни мини во јужниот дел од Ормускиот теснец во текот на ноќта, соопштија поморските сили на Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), велејќи дека бродовите се обиделе тајно да поминат низ неовластена рута.

ИРГЦ во соопштението наведува дека танкерите претходно ги исклучиле своите системи за навигација и автоматска идентификација на бродови во обид да го сокријат своето движење низ Ормускиот теснец.

Според Иранскиот корпус на револуционерна гарда, откако наидоа на морските мини, на двата танкери избувнаа експлозии и голем пожар.

Во соопштението се додава дека уште два танкери за нафта, кои исто така се обиделе да поминат низ неовластена рута, дејствувале по предупредувањата од центарот за контрола на поморскиот сообраќај на ИРГЦ и се вратиле кон Персискиот Залив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп повторно на нишан?

Израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.

Трамп повторно на нишан?

Израел им доставил на Соединетите Американски Држави разузнавачки информации за наводните планови на Техеран да го нападне американскиот претседател Доналд Трамп и високи функционери во неговата администрација со беспилотни летала, објави денес израелскиот весник Израел Хајомз.

Според весникот, израелската разузнавачка служба Мосад ги доставила информациите до Вашингтон откако ги потврдила на барање на американските разузнавачки служби.

Друга западна разузнавачка служба наводно ги потврдила информациите.

Службениците изјавија дека можноста за постигнување договор меѓу САД и Иран значително се намалила во последните денови и дека една од главните причини за ова се разузнавачките информации што Мосад ги доставил до американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Според овие наводи, еден можен метод на напад би биле беспилотни летала наполнети со експлозиви, против кои, според службениците, тешко е да се дејствува со користење на стандардни безбедносни мерки. Откако Мосад доставил разузнавачки информации, американските функционери кои се сметаат за потенцијални цели на нападот значително ги намалиле своите појавувања на јавни настани на отворено, додека неколкумина биле привремено преместени од своите домови за да обезбедат објекти, според Израел Хајом.

Весникот, исто така, објавува дека се воведени посебни безбедносни мерки за време на јавните појавувања на претседателот Трамп.

Иако некои настани беа организирани на отворено пред среднорочните избори за Конгресот, ваквите собири сега се значително намалени, според официјални лица.

Се додава дека се воведени дополнителни безбедносни мерки за време на настаните на кои присуствуваше американскиот претседател, вклучително и специјални системи дизајнирани да ги неутрализираат заканите од беспилотни летала.

Меѓу официјалните лица за кои се вели дека се под посебни мерки за заштита се секретарот за финансии Скот Бесант, кој одигра клучна улога во донесувањето одлуки за економски санкции против Иран, и државниот секретар Марко Рубио, кој, според весникот, се спротивставил на постигнувањето договор со Техеран.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер