3Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
МакедонијаКавадарци донираше цистерна за миење улици и јавни површини на РосоманКавадарци преку Јавното претпријатие „Комуналец“, донираше цистерна за миење на улици и јавни површини, на општината Росоман.Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев истакна дека ова е продолжување на големата соработка помеѓу Кавадарци и општината Росоман, произлезена од кавадаречката, во 1996 година, со територијалната поделба. Тој нагласи дека оваа цистерна ќе биде од големо значење за росоманската општина, во делот на одржувањето на хигиената и екологијата. - Општина Кавадарци е отворена општина, според податоците на Министерството за локална самоуправа, ние сме локална самоуправа со најмногу договори во делот на давање услуги спрема други општини и јавни институции. Помагаме секаде, подвлече Јанчев во изјава за медиумите. Тој додаде дека на општината Росоман ќе ѝ се помогне и кога станува збор за субвенции за росоманци при превоз до Кавадарци и назад, особено за пензионерите, како и при паркирањето на кавадаречките паркинг - места. Субвенционирањето ќе било од двете општини. Росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски се заблагодари за донацијата на осумтонската цистерна и соработката и поддршката. - Ова е од огромно значење за Росоман, бидејќи досега немавме ваква цистерна и ги користевме услугите на кавадаречки „Комуналец“. Во иднина преку нашето јавно комунално претпријатие, ќе ги извршуваме и овие дејности. Ќе набавиме и уште една цистерна со приклучна механизација, рече Крстевски. Претседателот на Совет на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов додаде дека Општина Кавадарци е центар на овој Тиквешки регион и дава поддршка на сите општини од регионот. Росоман, Неготино, Демир Капија. - Тука не се делиме на мали и големи. Заеднички и во иднина ќе лобираме кон централната власт, која и во изминатиот период вложува во инфраструктура во регионот, да вложува и понатаму во овие општини што имаат одлична соработка. Заедништвото води кон уште подобра иднина, истакна Рамов. Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСенатот му зададе удар на Трамп: Усвоена резолуција за прекин на воената акција против ИранАмериканскиот сенат усвои резолуција со која од Трамп се бара да ја прекине американската воена акција против Иран, што претставува сериозен политички притисок врз администрацијата во екот на конфликтот на Блискиот Исток.Со тоа, за првпат по донесувањето на законот за воени овластувања во 1973 година, двата дома на американскиот конгрес усвојуваат мерка со која се бара повлекување на американските вооружени сили од тековна воена операција. Гласањето ја одразува растечката загриженост кај дел од конгресмените, вклучително и некои републиканци, поради конфликтот што започна на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа воени напади врз Иран. Иако резолуцијата најверојатно нема директно да ја запре воената кампања, таа се смета за значаен политички удар за Трамп, кој долго време уживаше речиси целосна поддршка од сопствената партија во конгресот. Трамп остро реагираше на одлуката на сенатот, оценувајќи ја како „бесмислена и лошо темпирана“, а пратениците кои гласаа за резолуцијата ги обвини дека со своите постапки му одат во прилог на Иран.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнтерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Денеска на собраниска седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјаваДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација. Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.Тагови: Везилка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook