Кавадарчанец починал, откако паднал од тераса на Клиниката за дигестивна хирургија - Канал 5

Кавадарчанец починал, откако паднал од тераса на Клиниката за дигестивна хирургија

Ужасна трагедија се случила пред три дена на Дигестивната клиника во Скопје. Починал кавадарчанец откако од засега неразјаснети причини  паднал од терасата на третиот кат...

Кавадарчанец починал, откако паднал од тераса на Клиниката за дигестивна хирургија

72 годишен кавадарчанец починал на КАРИЛ, откако од терасата од третиот кат на Дигестивната хирургија паднал на вториот кат.

Несреќата се случила во неделата вечерта околу три часот по полноќ. Ден претходно бил опериран од жолчка, а во понеделникот требало да си замине дома. Кога пристигнал неговиот син да го земе, докторот му ја раскажал случката.

За тоа како дошло до трагичниот настан не добивме официјлен одговор од страна на Клиниката за дигестивна хиругрија. Роднините велат дека ќе бараат одговорност за трагедијата.

Телото е предадено на обудукција во судска медицина, каде треба да се потврди причината за смртта.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Значајни средби на директорот на македонската финансиска полиција

Значајни средби на директорот на македонската финансиска полиција, на свечената церемонија за затварање на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во САД.

Значајни средби на директорот на македонската финансиска полиција

На завршниот дел на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во Орландо, Флорида, директорот Ивановски оствари средби со директорот на ICITAP- Грегори Дукот, помошник-директорот на ICITAP- Стив Филдс, како и со високата претставничка на Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законот (INL) при Стејт демартментот на САД, Лесли Зиман.

Овој настан претставува исклучителна можност за размена на искуства, споделување добри практики и унапредување на меѓународната соработка во полето на откривање и справување со финансискиот криминал и борба против корупцијата.

Конструктивните дискусии и сесии со претставници на меѓународните безбедносни структури, споделување искуства со релевантни институции и средби со еминентни професионалци во оваа област, претставуваат важна потврда на партнерството, институционалната посветеност и заедничко делување во насока на остварување на стратешките цели на Управата.

Во рамки на свеченатa церемонија, на т.н. Годишен банкет на IACP 2026, беше избран и новиот претседател на Меѓународната асоцијација на полициски шефови во САД, началник Вил Џонсон, како и новите членови на Извршниот одбор. Конференцијата заврши со пригодна прослава, посветена на заслужни признанија и лидерство.

Поддршката од страна на САД и ICITAP, во процесот на дигитализација на оперативните истраги и координирани заеднички акции се од особен интерес и значење за Управата за финансиска полиција.

Директорот на институцијата, останува посветен на примена на стекнатите знаења и искуства, за унапредување на ефикасноста и квалитетот во работењето.

Управа за финансиска полиција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промовирана апликацијата за дигитални документи – личната карта и возачката отсега и на мобилните телефони

„Доколку апликацијата добро си ја врши својата работа ќе имате помалку причини за посета на институција.“

Промовирана апликацијата за дигитални документи – личната карта и возачката отсега и на мобилните телефони

Вака преку робот на екранот наречен „Диги“ што наликува на поранешниот дигитален асистент Ада, владините претставници ја промовираа апликацијата „Муслуги“ која има за цел државните услуги и личните документи, за почеток личната карта и возачката дозвала „да се преселат во мобилниот телефон“ и да служат како електронски паричник за граѓаните да можат да ги користат и да пристапуваат до електронски услуги од јавната администрација. Целта е услугите да бидат подостапни, а потребата од одење на шалтер да се намали. Успехот на апликацијата нема да се мери според бројот на преземања, туку според завршените услуги и заштеденото време, порача на промоцијата Премиерот Христијан Мицкоски.

Еврокомесарот Михалис Рокас ги поздрави направените чекори кон дигитализацијата и исполнувањето на дел од обврските од европската агенда.

Апликацијата „М услуги“не можае преку ноќ да започне со целосна примена, сето тоа ќе се работи во фази и неоходна е адаптација, а и менување на правилниците на администрацијата, порача Министерот за дигитална транформација Стефан Андоновски.

„МУслуги“ треба постепено да го олесни пристапот до државните услуги, но колку навистина ќе им го скрати патот и времето на граѓаните до институциите, ќе покаже практичната примена. Дотогаш, дигиталната лична карта и возачката дозвола ќе бидат само првиот чекор кон администрација во која работите ќе можат да се завршат со неколку клика на телефон.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. 

Гаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерство

На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот.

Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер