Катругалос: Се планира средба Заев-Ципрас на маргините на Минхенската безбедносна конференција

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос во интервјуто за „Гласот на Грција" и Првата програма на грчкото државно радио ги потврди информациите дека се планира, македонскиот и грчкиот премиер да одржат билатерална средба.

Средбата на премиерите на двете земји би се одржала на маргините на Минхенската безбедносна конференција од 15 до 17 февруари, а воедно не ја исклучи можноста Зоран Заев да ја посети грчката престолнина.

-Се чини дека се планира таква средба, кусо вели Каругалос во однос на билатералната средба во Минхен.

Алтернативниот МНР на Грција, на прашањето дали е планирана посета на Заев на Атина, вели дека "оттука па натаму ќе се разговараат различни размени на сите нивоа, за да се промовира билатералната соработка”.

-Се планираат размени на сите нивоа, да им помогнеме со европските обврски и во главно да ги развиеме билатераните економски односи, објаснува Катругалос.

Прашан директно дали ја остава отворена можноста за посета на македонскиот премиер на Атина одговара позитивно.

На почетокот на месецов, како што објави МИА, "Дојче Веле” на грчки јазик пишуваше дека наградата „Ewald von Kleist" на Минхенската безбедносна конференција, оваа година, ќе им биде доделена на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Договорот од Преспа.

Претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер на неговиот официјален Твитер профил на 25 јануари, кусо откако Преспанскиот договор беше ратификуван од грчкиот Парламент, напиша дека „двајцата премиери ќе бидат поканети на 16 февруари во Минхен да ја примат престижната награда" за време на 55-та конференција.

За можноста за посета на грчкиот премиер на Скопје или на македонскиот премиер на Атина, Јоргос Катругалос одговори на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на минатонеделниот брифинг во Здружението на странски дописници и рече дека "двајцата лидери Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе треба да се сретнат некаде, дали тука, дали таму, дали на некое трето место, бидејќи започнува нова ера". /MИА

Санкционирани 100 возачи во Скопје, 14 возеле без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење и пет санкции за некористење сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

Демократски сојуз: Мандат за состав на влада добива кандидатот на партијата која има мнозинство

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од  Уставот на Република Македонија, мандат за состав на Влада добива кандидатот на партијата/ партиите кои имаат мнозинство (најмалку 61 пратеник).

Влада ја избира Парламентот со мнозинство гласови од 120-те пратеници. Мнозинство се 61 пратеник.

За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон, ниту пак има таква пракса.

Се работи за класична манипулација или непознавање на политичкиот систем и Уставните решенија за избор на Влада.

Сосема е извесно дека по 20 години на власт, недопирливите од ДУИ, ќе бидат испратени во долгогодишна опозиција и за грабежот што го направија и разнебитување на институциите и државата во целина ќе одговараат.

Наводната проевропска партија "ги отвори вратите на ЕУ", при што за време на нивното владеење над 800 илјади граѓани од Македонија се иселија во земјите на ЕУ, меѓу нив и над 200 илјади албанци.

Сите партии се изјаснија дека по изборите нема да коалицираат со ДУИ.

Тоа е јасно за сите граѓани, затоа ќе гласаат за промени, а на ДУИ во опозиција ќе им се приклучи и СДСМ.

Демократски сојуз

Претставен е новиот Ферари, вози до 340 км/час (ВИДЕО)

Ferrari 12Cilindri, претставен денеска, го претставува врвот на развојот на моторот на Ферари, смета Џанмарија Фулгензи, главен директор за развој на производи во Ферари.

Дизајниран е од темел за да го слави звукот и перформансите што може да ги испорача само V-12 моторот.

12Cilindri, кој ќе биде достапен како купе или Spider со тврд покрив што се повлекува, го заменува 812 Superfast. Дизајниран да потсети на духот на иконските модели како што се Lusso и 275 GTB/4, автомобили кои беа многу брзи, но и доволно удобни за возење на долги растојанија.

Го има италијанското име за 12 цилиндри. „Концептот е многу едноставен“, вели шефот за маркетинг на Ферари, Енрико Галиера „Сакавме овој автомобил да го прослави најважниот елемент на нашата ДНК. Никогаш не користиме надворешна агенција за да одлучуваме за имињата, а кога беше предложен 12Cilindri, 99 проценти од луѓето овде го прифатија“.

Со кодно име F140HD, 6,5-литарскиот V-12 користи основна архитектура стара повеќе од 20 години. Официјално, F140HD е сеопфатна преработка на F140HC што се користи во 812 Competizione.

Тоа е најмоќниот атмосферски мотор за масовно производство на Ферари. Може да врти до вртоглави 9500 вртежи во минута, развивајќи 818 КС при 9250 вртежи во минута и 500 lb-ft вртежен момент при 7250 вртежи во минута. Тие вртоглави брзини се резултат на титаниумските погонски прачки кои се 40 проценти полесни од челикот, новите клипови кои се 2 проценти полесни од оние што се користат во моторот 812 Competizione и ребалансираното коленесто вратило кое е 3 проценти полесно.

Издувните гасови излегуваат преку нов систем до керамички катализатори и филтри за честички кои му помагаат на големиот V-12 да ги исполни строгите стандарди за емисии на Euro 6E поставени за 2026 година и понатаму.

F140HD ги придвижува задните тркала преку нов осум-брзински менувач со двојна спојка, давајќи му на 12Cilindri дополнителен поттик во однос на 812 Competizione. Ова овозможи да се зголеми вртежниот момент на задните тркала за 12 проценти, додека времето за менување степени на пренос е намалено за 5 проценти.

Од Ferrari велат дека 12-цилиндарецот тежок 1600 килограми ќе забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од 2,9 секунди и до 200 km/h за помалку од 7,9 секунди. Максималната брзина е близу 340 km/h.

Голем дел од хардверот за суспензија и сопирање на 12Cilinidri е пренесен од 812 Competizione, како и диференцијалот. Има нова алуминиумска шасија и 0,8 инчи пократко меѓуоскино растојание и 15 проценти подобра торзиона вкочанетост. 12 Cilindri исто така располага со систем за управување со задните тркала кој дебитираше на 812 Competizione, кој може да се контролира независно за дополнително да се подобри агилноста или стабилноста кога е потребно.

Цената за 12Cilindri Coupe во Италија започнува од 395.000 евра, додека пак цената на Spider од 435.000 евра.

притисни ентер