Католичката црква од Франција ќе продава имот за да им плати отштета на жртвите на педофилите

Католичките бискупи во Франција денеска се согласиле да продадат дел од црковниот имот за да ги обесштетат илјадниците жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници.

Црковните власти се под зголемен притисок да им исплатат компензација на жртвите, откако пред нешто повеќе од еден месец биле објавени резултатите на независната комисија која ја истражува сексуалната злоупотреба на деца во Франција од страна на свештеници и други католички службеници во Франција, објави АФП.

Жан-Марк Сов, кој раководи со независната комисија, рече дека католичките свештеници сексуално злоставувале околу 216.000 деца од 1950 година. Ако се додадат на тоа жртвите на злоупотреба што не ги извршиле свештеници, туку други луѓе поврзани со црковните институции, како што се католичките училишта и домови, се доаѓа до бројка од 330.000 малтретирани деца.

Околу 80% од жртвите се мажи.

„Последиците се многу сериозни. Околу 60% од жртвите подоцна имаа големи проблеми во приватниот и сексуалниот живот“, рече Сове.

Ќе биде формирана независна комисија која ќе ја процени оправданоста на барањето, а Црквата ќе обезбеди средства за отштета, изјави Ерик де Мулен-Бофор, шеф на Бискупската конференција во Франција.

На денешната конференција присуствувале 120 членови.

Шефот на бискупската конференција најавил и дека црквата во Франција ќе бара заем од банките доколку е потребно и дека од Ватикан ќе биде побарано да испрати набљудувач кој ќе ја следи исплатата на отштетата на жртвите.

Штетата може да ја чини црквата во Франција десетици милиони евра, а епископите ги ветија првите исплати веќе следната година. Најавиле и дека ќе воведат нови мерки кои треба да спречат нови сексуални напади од свештеници и да овозможат казнување на свештениците.

Црковните водачи се уште не одлучиле колкава ќе биде висината на обесштетувањето. Тие се надеваат дека ќе ги решат тужбите со обвинителите против обвинетите за користење на црковните позиции за злоупотреба на децата.

По презентирањето на резултатите од истрагата, првиот човек на комисијата што ја истражувал злоупотребата рече дека проблемот се уште постои. Тој додаде дека до 2000-тите, Католичката црква покажала целосна сурова рамнодушност кон жртвите и дека навистина почнала да го менува својот став во 2015-2016 година.

Црквата не само што не ги преземала неопходните мерки за да се спречи злоупотребата, туку и ги затворила очите, не пријавувајќи злоупотреба и понекогаш свесно ставајќи ги децата во контакт со предаторите, рече тој.

Претседателот на Француската бискупска конференција, Ерик де Мулен-Бофор, побарал прошка од жртвите, наведува АП.

Комисијата ја повикала Црквата да преземе решителни чекори и да се откаже од тезата за „грешки“. Комисијата ја повикала државата да најде начин за обештетување на жртвите, особено на оние на кои им е истечен рокот на застареност.

„Вие сте срам за човештвото“, им рече Франсоа Дево, кој го основал Здружението на жртви на слободата „Ла Парол“, пред претставниците на црквата на јавната презентација на извештајот, пред Сове да земе збор.

„Имаше одвратни масовни злосторства во овој пекол, но, уште полошо, имаше предавство на довербата, предавство на моралот, предавство на децата“, рече Дево, обвинувајќи ја Црквата за кукавичлук.

Комисијата, според Би-Би-Си, пронашла докази за 2.900 до 3.200 злоставувачи на деца меѓу свештениците и другите црковни лица, кои ги има вкупно околу 115.000 во Франција.

Извештајот се заснова на црковни, судски и полициски архиви и интервјуа со жртви.

Истрагата била нарачана од Француската католичка црква во 2018 година по серија слични скандали во други држави. Комисијата ја сочинувале 22 члена, а меѓу нив имало адвокати, лекари, историчари, социолози и теолози.

Повеќето од случаите што ги истражувала комисијата се чини дека се застарени според францускиот закон.

Сове, висок француски државен службеник, претходно изјавил дека извештајот од 2.500 страници се обидувал да го измери бројот на сторителите и бројот на жртвите.

Се бараа и „механизми, особено институционални и културни“ кои им дозволуваа на педофилите да останат во рамките на Католичката црква.

Француски пекари го направија најдолгиот багет и влегоа во Гинисовата книга (ВИДЕО)

Лебот е токму она по што е позната Франција, покрај секако виното, страста и сирењето.

Тогаш не треба да нѐ чуди информацијата дека пекарите од оваа земја го направиле најдолгиот багет на светот и со тоа влегле во Гинисовата книга на рекорди.

Должината на багетот е 140,53 метри, со што го надминаа претходниот рекорд од 132,62 метри, кој беше актуелен речиси пет години. Го подготвувале дури 18 пекари, а самата подготовка започнала во три часот наутро по локално време. Багетот го ставиле да се пече во пет часот наутро, а за таа прилика била дизајнирана специјална мобилна рерна.

Кога ќе се испече, дел од багетот се сече, се премачкува со чоколаден крем и се дели на толпата. Другиот дел бил даден на локалното младинско здружение за да го подели на бездомниците таа вечер.

Овој леб го виде светлото на денот минатиот викенд на набљудувачката палуба на тераса во западната комуна во близина на Париз, пишува „Си-Ен-Ен“.

Според официјалните спецификации на француската влада, традиционалниот француски багет се состои од бело брашно, вода, квасец и сол и се сече со пет сечила долги околу 60 сантиметри.

Израел го започна нападот на Рафа, пропадна мировниот план (ВИДЕО)

Израел започна голема воена офанзива против силите на Хамас во Рафа, најјужниот град во Газа.

Израелските сили ја презедоа контролата на граничниот премин Рафа, прекинувајќи ја клучната рута за помош за веќе изгладнетиот Појас Газа.

На снимката објавена од израелските одбранбени сили (ИДФ) се гледаат тенкови кои носат големи израелски знамиња и го кршат бетонскиот знак „Ја сакам Газа“.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека офанзивата ќе продолжи се додека силите на Хамас во Рафа „и целиот Појас Газа“ не бидат „елиминирани“ или додека милитантната исламистичка организација не почне да ослободува заложници.

„Ова е почеток на нашата мисија да ги уништиме последните четири бригади на Хамас во Рафа. Во тоа не треба да се сомневате“, изјави владиниот портпарол.

Израелската операција беше започната неколку часа откако лидерите на Хамас објавија дека ќе го прифатат неодамнешниот предлог за прекин на огнот, изнесен од катарските и египетските посредници.

Примирјето ќе го означеше првиот прекин во борбите од ноемврискиот прекин на огнот за време на кој Хамас ослободи околу половина од 250-те израелски и заложници од други националности заробени во ненадејниот напад врз Израел во октомври. За време на таа размена, Израел ослободи 240 Палестинци од своите затвори.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека не е задоволен од новиот предлог на Хамас за прекин на огнот, а Хамас предупреди дека нема да има договор доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа.

Нетанјаху рече дека новиот предлог на Хамас за прекин на огнот е далеку од основните барања на Израел, додавајќи дека сè уште е неопходен воен притисок за ослободување на заложниците што Хамас ги држи во Појасот Газа.

Израелските сили ја зазедоа палестинската страна на граничниот премин Рафа, што Нетанјаху го опиша како „многу значаен чекор кон уништување на преостанатите воени капацитети на Хамас“.

Официјалниот претставник на Хамас, Осама Хамдан денеска предупреди дека нема да има прекин на огнот доколку продолжи израелската агресија врз Појасот Газа.

Хамдан ова го изјави на прес-конференција во Бејрут, а делегацијата на Хамас во меѓувреме пристигна од Доха во Каиро за да ги продолжи преговорите за прекин на огнот, соопшти Хамас.

„Тврдиме дека воената операција во Рафа, доколку ја изврши Израел, нема да биде пикник за израелската армија“, рече Хамдан. „Топката е на теренот на Нетанјаху“, додаде тој.

Тој истакна дека новиот предлог за прекин на огнот со кој се согласил Хамас е „минимумот што ги исполнува барањата на нивниот народ и нивниот отпор“.

„Преминот Рафа беше и ќе остане исклучиво египетско-палестински премин“, рече Хамдан.

Млад Американец за малку ќе убиел свештеник среде служба- му откажал пиштолот (ВИДЕО)

Млад човек е осомничен дека се обидел да убие свештеник за време на служба во Пенсилванија паднал на подот кога пиштолот не испукал, соопшти полицијата.

Бернард Јуниор Полит (26) бил сослушан во полиција.

"Господ ми рече да го направам тоа. Планирав да чекам полицијата да ме уапси", рекол Бернард.

Инцидентот се случил во црквата на Исус Христос во Норт Бредок, нешто по 13 часот.

Осомничениот Бернард Јуниор Полит (26) влегол во црквата и се обидел да го убие свештеникот Глен додека тој служел, пишува Sky news.

Сè е забележано од камерите, додека свештеникот во живо ја пренесувал богослужбата.

За среќа, пиштолот не можел да испука, па свештеникот и еден верник успеале да го разоружаат напаѓачот.

„Благодарен сум на Бога што се уште сум тука, бидејќи тој го повлече чкрапалото“, изјавил свештеникот за американските медиуми.

Отец Глен рече дека напаѓачот се насмеал пред да го повлече пиштолот.

„Почнав да проповедам и наеднаш од левата страна го видов како се движи од задната страна кон предната страна на црквата. Застана и ми се насмевна“, рекол свештеникот.

Следниот момент видел дека младиот човек држи пиштол.

„Во тој момент единствено што можев да направам е да трчам и да барам заштита“, рекол свештеникот.

Тој му се заблагодари на верникот кој скокнал да го задржи напаѓачот.

„Можеше да умре, но тој човек се жртвуваше, тој е херој“, додал свештеникот.

Осомничениот за нападот е уапсен. Мотивот се уште не е познат.

притисни ентер