Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураКатица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2024Ќулавкова е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Небото ми е дома“ (Духовна поезија) во издание на Струмичка православна епархија.Познатaта македонска поетеса, книжевна теоретичарка, aкадемик Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија, информираат од СВП. Ќулавкова е добитничка на наградата за нејзината поетска збирка „Небото ми е дома“ (Духовна поезија) во издание на Струмичка православна епархија. Таа е добитничка по вторпат на ова највисоко признание, откако во 1989 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Жедби“ Од СВП, известуваат дека жири-комисијата во состав: Ефтим Клетников (претседател), Весна Ацевска, Глигор Стојковски, Александра Јуруковска и Дарин Ангеловски (членови), од 53 пристигнати книги, направила селекција и во потесен круг од пет книги влегле збирките „Грозје од кукавица“ од Славе Ѓорго Димоски (издание на ПНВ публикации), „Килибар и младост“ од Гордана Михаилова Бошнакоска (издание на Макавеј), „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска (издание на Чудна Шума), „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков (издание на ТРИ) и „Небото ми е дома“ (духовна поезија) од Катица Ќулавкова (издание на Струмичка православна епархија). - Од овие пет поетски збирки, жири- комисијата едногласно донесе одлука наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга меѓу две изданија на Фестивалот да ѝ биде доделена на книгата „Небото ми е дома“ (духовна поезија) на поетесата Катица Ќулавкова, соопштуваат од СВП. Во образложението за одлуката се вели: „...Најновата стихозбирка на Катица Ќулавкова „Небото ми е дома“ се протега во еден специфичен поетски ареал, од авторката определен како простор на духовна поезија, која е заснована на експресивна трансмисија на набожни чувства и мисли во стихови, користејќи притоа низа поетски средства како што се митските слики, симболите, реминисценциите, алегориите, метафорите и метонимиите, па и користење на одломки од најзначајни сакрални интертекстови, поезија која воедно се потпира и на ритамот, алитерации и асонанции и на други јазични игри и фигури кои го зајакнуваат нејзиниот севкупен естетски интензитет. Својот однос спрема духовната поезија Ќулавкова го манифестира во некои свои песни уште од нејзината прва поетска книга „Благовести“, но и во низа други нејзини стихозбирки. Но, овде, во „Небото ми е дома“, станува збор за свесно моделирана концептуална поетичка надградба, за „гледање со душата“, која е во дослух со оној вид поетски говор којшто има „изразен осет за сакралниот ерос“ и копнеж, за возљубеност, карактеристична само за човечкото битие...“ Катица Ќулавкова, поетеса, есеистка, теоретичарка на книжевноста, e редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (од 2003), член на Европската академија на науките и уметностите (Салцбург) и потпретседател на Меѓународниот ПЕН. Била универзитетски професор по теорија на книжевноста на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има објавено 16 книги поезија на македонски, 18 преводи на нејзината поезија (англиски, француски, турски, италијански, хрватски, романски, португалски, руски, словенечки, бугарски, српски и др.), две збирки куса фикција и една поетска драма, како и над триесет хрестоматии, антологии, критички изданија и др. Има преведено есеи, поезија и книги од француски на македонски јазик (Сафа Фати, Паскал Кињар). Добитник е на најголемите награди за поезија, есеистика и наука во Македонија, вклучително и државната награда за животно дело „11 Октомври“, потоа наградата на Романската асоцијација на писатели и на Албанскиот ПЕН. Од Владата на Република Франција е одликувана со орденот Офицер во Редот на уметноста и книжевноста. Преостанатите четворица кандидати во потесен избор исто така, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот. Струшките вечери на поезијата оваа година ќе се одржат од 22 до 26 август во своето редовно издание на препознатливите локации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook