Катастрофа во рудник за злато: Најмалку 100 загинати по уривање во Централноафриканската Република - Канал 5

Катастрофа во рудник за злато: Најмалку 100 загинати по уривање во Централноафриканската Република

 Најмалку 100 луѓе загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република.

Катастрофа во рудник за злато: Најмалку 100 загинати по уривање во Централноафриканската Република

Најмалку 100 лица загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република, во близина на границата со Камерун, соопштија денеска локалните власти.

Според првичните информации, одронот бил предизвикан од „уривање на неколку подземни тунели во кои работеле рударите“, соопштија од обвинителството во Бабуа, од каде што најавија и покренување судска истрага за причините за несреќата што се случи во вторникот, пренесува „Фигаро“.

Рудникот „Замбоје“ се наоѓа на околу 50 километри од градот Бабу, каде што биле пренесени голем број од повредените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дончиќ подготвува луксуз за своите соиграчи од Лејкерс: приватен авион, Блед, риболов, голф...

 Словенечката НБА ѕвезда, Лука Дончиќ ќе биде домаќин на речиси целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс за време на петдневниот собир во Словенија, а за своите соиграчи подготви посебна програма што оди далеку надвор од кошаркарскиот терен.

Дончиќ подготвува луксуз за своите соиграчи од Лејкерс: приватен авион, Блед, риболов, голф...

Според информациите од ESPN, Дончиќ организирал лет со приватен авион за 14 лица, а по пристигнувањето, играчите ќе ги пречекаат пакети подароци со словенечки производи.

Собирот ќе се одржи од 20 до 24 август во Љубљана, а целта е тимот да почне да гради меѓусебна хемија пред сезоната 2026/27.

Покрај заедничките тренинзи, Дончиќ ќе ги одведе соиграчите во еден од неговите омилени ресторани, а планирани се и излет на Блед, риболов, голф и бројни други заеднички активности.

Речиси целиот состав на Лејкерс ја прифати поканата на Дончиќ. Се очекува да се вратат 16 од неговите 17 соиграчи, вклучувајќи ги Остин Ривс, Вокер Кеслер и Брони Џејмс. Сандро Мамукелашвили би требало да му се приклучи на тимот одделно, бидејќи моментално се наоѓа во Грузија.

Единствениот што нема да биде во Словенија е дебитантот Кем Кар, но не по сопствена одлука. Во истиот период, тој мора да присуствува на задолжителната НБА-ориентација за дебитанти во Соединетите Американски Држави.

Така, Дончиќ практично ќе биде домаќин на целиот тим на Лејкерс во својата земја и ќе се обиде да ги постави темелите за новата сезона, прва по заминувањето на Кралот,- Леброн Џејмс, преку петдневни тренинзи, дружење и активности надвор од теренот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање

Денеска и утре се реализира авионска дезинсекција против комраци, а од 23  до 26 август ќе се реализира теристична дезинсекција на подрачјето на градот, соопштија од Град Скопје.

Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање

Како што се наведува во соопштението, терестичната дезинсекција ќе се одвива во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност

Економските резултати се мерат со бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност

Доколку направиме компаративна анализа со периодот на владеење на СДС и ДУИ, ќе видиме дека просечната плата во периодот од јули 2024 до мај 2026 година расте за 70 проценти повеќе на месечно ниво во споредба со периодот од јуни 2017 до мај 2024 година.

Во јуни 2017 кога СДС дојде на власт, просечната плата изнесуваше 22.808 денари, која до нивното заминување во опозиција, мај 2024 година порасна на 41.252 денари. Тоа значи за седум години, односно 84 месеци влада на СДС и ДУИ, просечната плата се зголемила за 18.444 денари или за околу 220 денари месечно.

Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт просечната плата во јули месец 2024 година изнесуваше 40.961 денар, која за нецели две години, до мај 2026 година се зголеми на 49.544 денари.

За време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ за 23 месеци, просечната плата се зголемила за 8.583, што значи дека месечно растела за околу 373 денари или за 70% повеќе отколку во периодот кога СДС биле влада.

Уште позначајна е разликата кај старосните пензии. Во периодот на оваа Влада, старосната пензија бележи 325 проценти побрз месечен раст во споредба со периодот на претходната влада на СДС и ДУИ.

Компаративната анализа на параметрите го покажуваат следното. Просечната старосна пензија во јуни 2017 била 15.273 денари, додека во мај 2024 година изнесувала 22.937 денари. За седум години власт на СДС просечната пензија се зголемила за 7.664 денари, односно месечно растела само за околу 91 денар.

Во јули 2024 година просечната старосна пензија била 22.858 денари, додека во мај 2026 изнесувала 29.663 денари, што претставува зголемување од 6.805 денари за период од 23 месеци. Ова значи дека месечно просечната старосна пензија во периодот на власт на ВМРО-ДПМНЕ расте по околу 296 денари, што е за 325% повеќе од периодот на власт на СДС.

Ова се реални економски показатели кои покажуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за повисок стандард, повисоки плати и повисоки пензии. Разликата меѓу политиките на СДС и ДУИ и политиките на оваа Влада е видлива и мерлива, а бројките се најдобар одговор на сите политички конструкции.

Граѓаните заслужуваат економски раст што се чувствува во секое семејство, а тоа е политика на ВМРО-ДПМНЕ и резултатите што го испорачуваме, работа, раст и повисок стандард за граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер