Катарина живее во Норвешка и раскажува за методот на воспитување на децата - Канал 5

Катарина живее во Норвешка и раскажува за методот на воспитување на децата

Скандинавскиот модел на воспитување и образование отсекогаш го интригирал остатокот од светот. Акцентот е ставен на стекнување социјални вештини и учење преку игра и престој во природа, а методот на оценување е во втор план.

Катарина живее во Норвешка и раскажува за методот на воспитување на децата

За воспитувањето и школувањето на децата во Норвешка раскажува Катарина Миљешиќ од Белград, која живее во Нарвик, прекрасен мал град на северот на оваа земја, со сопругот и трите деца: Емилија (7), Хелена (5) и Дамјан (4).

Катарина ни објасни како изгледа нивниот училишен систем, што го запознала неодамна, кога нејзината најстара ќерка Емилија тргнала во училиште.

"Во училиште се тргнува на 6 -годишна возраст, а од 1-во до 8-мо одделение, децата не се оценуваат. Се тестираат во 5-то и 8-мо одделение, но без оценки, а тестот служи за да се види стекнатото знаење. На северот од Норвешка, училиштето за секој ученик обезбедува ранец, книги, тетратки и прибор, кои се користат во училиштето. Понекогаш можат да ја добијат тетратка или книга, за да читаат или да повежбаат некои задачи дома, но без никаков притисок.Училниците се опремени со понова технологија - имаат ЛЦД телевизори, проектори, преносни компјутери итн. Комуникацијата помеѓу родителите и училиштето се одвива преку специјални апликации“, истакнува Катарина.

"Имаат и забавен дел - еднаш неделно имаат излети во градските паркови, шуми, на брегот на морето. Се подразбира дека наставата се одвива надвор и децата учат за нештата што ги опкружуваат - растенија, животни, годишни времиња. Еднаш неделно од второ одделение тие имаат школа за пливање и тренинг во сала. Овде се негува безгрижно детство без конкуренција и оценување.

Имаат неколку предмети - англиски, норвешки, математика, музика, природни науки плус физички активности. Тие користат слушалки, така што некои лекции од книгите се пренесуваат аудио или визуелно на проектор.

Родителите се ослободени од обврската да купуваат училишен прибор и материјали за учење, но имаат голема одговорност кога станува збор за облеката и храната.

„Норвежаните имаат изрека„ нема лоши временски услови, има само несоодветна облека “. Во овој поглед, мора да се почитува правилото „3 слоја облека “, така што децата се облечени за сите временски услови. Првиот слој е тенок слој волнена долна облека, маица со долги ракави и долги ногавици, за да ја чува топлината. Вториот слој е исто облека од волна или филц, а третиот слој е костум (одело за дожд, одело за во парк, зимско одело). Потребни се водоотпорни чизми, капа, ракавици, шал, и целата таа облека е поразлична од онаа во Србија и може да се купи само во Норвешка.

Немаат оброци на училиште, па од дома носат кутија со храна. Училиштето обезбедува дистрибуција на млеко за што можете да се претплатите „онлајн“ за цел месец. На тој начин детето добива еден мал тетрапак млеко секој ден или млечен оброк “, нагласува Катарина.

Оваа мајка има искуство и со функционирањето на градинките.

„Нашата градинка е составена од две групи постари и помали деца, на возраст од 0-3 и 4-6 години. Еден воспитувач е задолжен за максимум четири деца, но тие исто така имаат многу помошен персонал. Двапати неделно, помалите и постарите групи се мешаат - за малите да научат некои работи од големите, а големите да научат да бидат одговорни и да внимаваат на помалите. Оброците се претежно суви, а топол оброк се добива еднаш неделно. И за децата во градинките, најважно е да се обезбеди соодветна облека за да можат слободно и безгрижно да истражуваат кога се надвор “.

Катарина ни ја приближи и филозофијата на норвешкото родителство. "Норвежаните се порелаксирани во воспитувањето, децата се главни, нема физичка казна, туку понекогаш само казна и повишен тон. Кога се мали, децата се облекуваат топло и во количка спијат надвор под натстрешница. Викендите најчесто ги поминуваат во природа, уживајќи со семејството во риболов, пешачење, или пловење со кајак. Постои едно непишано правило, а тоа е дека децата добиваат слатки само во сабота. Се разбира, нема да кажат ништо ако видат дека му давате слатки на вашето дете во текот на неделата, но нивното дете нема да учествува во тоа. Норвежаните си ја гледаат својата работа, но ако на улица забележат дека се дерете на вашето дете, или не дај Боже, го удрите, остро ќе реагираат ", заклучува Катарина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недела на јапонски филм во Кинотеката – шест филмски приказни со бесплатен влез

Од 4 до 10 ноември 2026 година, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи Недела на јапонски филм.

Недела на јапонски филм во Кинотеката – шест филмски приказни со бесплатен влез

Публиката ќе има можност да проследи шест остварувања што ја претставуваат разновидноста на јапонската кинематографија – од семејни драми и трилер до анимација и историска приказна. Сите проекции започнуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.

Програмата ќе биде отворена во среда, на 4 ноември, со „Чекор“ на режисерот Кен Иизука, емотивна приказна за татко кој, по ненадејната смрт на сопругата, сам ја одгледува својата ќерка. Низ нивното секојдневие, филмот зборува за родителството, загубата и силата на семејната блискост.

На 5 ноември ќе биде прикажан „Маскирано одделение“ на Хисаши Кимура, напнат трилер за лекар кој се соочува со опасен натрапник и со тајните на болницата. На 6 ноември следува „Речиси чудо“ на Јуја Ишии, приказна за младоста, добрината и првите љубовни чувства.

На 7 ноември на програмата е „Деца на морето“ на Ајуму Ватанабе, визуелно впечатлива анимирана авантура што ја истражува поврзаноста на човекот со морето и природата.

Циклусот продолжува на 9 ноември со „Банана? Во ова време од ноќта?“ на Тецу Маеда. Инспириран од вистинска приказна, филмот ја следи решеноста на човек со мускулна дистрофија да живее самостојно и неговите односи со волонтерите кои му помагаат во секојдневието.

Неделата на јапонски филм во Скопје ќе заврши на 10 ноември со „Иване: Меч на спокојот“ на Кацухиде Мотоки, историска драма за самурај кој се обидува да започне нов живот, но се вплеткува во опасен заговор во периодот Едо.

Преку различни жанрови и авторски пристапи, програмата отвора простор за запознавање со јапонската култура и со приказни за семејството, љубовта, солидарноста и личната слобода.

На 11 ноември програмата ќе продолжи во Центарот за култура во Битола, со проекции на „Деца на морето“ и „Чекор“.

Сите проекции во Кинотеката се во 19:00 часот. Влезот е бесплатен, без резервации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Шоуто на Дончиќ на теренот и на прес-конференцијата

Еден од најдобрите свтески кошаркари, Словенецот, Лука Дончиќ продолжи со своите спектакуларни настапи на почетокот од НБА сезоната. 

Видео: Шоуто на Дончиќ на теренот и на прес-конференцијата

Словенечкиот кошаркар со 42 поена, 13 асистенции и седум скока, ги предводеше Лејкерси до убедлива победа од 138–117 над Мајами Хит.

Лука погоди шест тројки, што беше негов петти натпревар по ред со најмалку 37 постигнати поени. Ова беше четврти натпревар на Дончиќ со најмалку 40 поени во неговите последни пет настапи.

Во тој период, тој имаше просек од неверојатни 43,4 поени, 8,6 скока и 9,2 асистенции.

Само претходната вечер, против Торонто Репторс, тој постигна 45 поени и оствари 15 скока. Со оваа победа, Лејкерс стигнаа до учинок од 6 победи и 2 порази. Покрај Дончиќ, се истакна и Остин Ривс со 27 поени, како и Вокер Кеслер, кој забележа „дабл-дабл“ учинок со 15 поени и 15 скока.

Словенечкиот кошаркар имаше одличен почеток на натпреварот, што полека но сигурно станува традиција. Само до крајот на првата четвртина, Дончиќ забележа 16 поени, пет асистенции и четири скока, а до полувремето стигна до 24 поени.

Во првите четири и пол минути од второто полувреме, тој додаде уште девет поени, помагајќи им на Лејкерси да ја зголемат предноста на 93–74. Потоа, Мајами не успеа сериозно да се врати во натпреварот.

Дончиќ, кој минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во НБА, оваа сезона е особено доминантен во првите четвртини, со просек од 15 поени.

YouTube video

Исто така, вреди да се напомене дека Дончиќ приреди вистинско шоу не само на теренот, туку и за време на прес-конференцијата по натпреварот. Тој им кажа на новинарите дека е подготвен да одговори на уште прашања, но откако го доби првото, со насмевка стана од столот и си замина.

Прашањето гласеше: „Зошто доби техничка грешка?“ Техничките грешки се чест проблем за Дончиќ; тој често ги добива поради своите реакции или расправии со судиите. Минатата сезона собра 16 такви грешки – само една помалку од Дилон Брукс, кој беше прв во лигата во таа категорија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во тек е полициска акција во Скопје и Штип поради злоупотреба на службената положба и овластување

Според информациите од МВР на неколлку локации во Скопје и Штип во тек е акција на полицијата за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ .

Во тек е полициска акција во Скопје и Штип поради злоупотреба на службената положба и овластување

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР, по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од страна на Р.Т. раководител на информатички сектор при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер