3Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година
3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
СветКатар: Контактите со Хамас даваат резултатиКатар денеска ги бранеше своите контакти со Хамас, наведувајќи дека тие се покажале корисни во посредувањето меѓу палестинското исламистичко движење и Израел.Катар е домаќин на политичкото биро на Хамас. - Сега видовме дека оваа комуникација донесе прекини на огнот, ослободување на заложници и олеснување на страдањата на луѓето таму – изјави катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман на Доха форумот, годишен дипломатски собир во катарската престолнина. Тој додаде дека контактите меѓу Катар и Хамас започнале пред 13 години на барање на САД. Со години, САД се потпираат на Катар како посредник во конфликтите со Хамас, како и со авганистанските талибанци. Катар, заедно со Египет и САД, веќе месеци посредува во конфликтот во Газа меѓу Хамас и Израел. Катарскиот премиер денеска ги негираше тврдењата дека богатата заливска држава го финансирала Хамас. – Помошта и финансиите за кои тврдат дека отишле кај Хамас, всушност, беа наменети за (народот на) Газа, преку многу транспарентен процес појасни тој. Според премиерот, САД биле запознаени со ова, а Израел дури и ги олеснил уплатите. Катар со години го финансира Појасот Газа, обезбедувајќи средства за гориво, реконструкција, плати во јавниот сектор и хуманитарна помош. Во септември, израелски авиони извршија напад врз станбена област во Доха, таргетирајќи лидери на Хамас. Во нападот загинаа шест лица, меѓу кои и катарски безбедносен офицер. Овој преседан предизвика гнев во Доха и глобални осуди, вклучително и ретка критика од американскиот претседател Доналд Трамп.Тагови: Хамас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Кавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасностКавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасност, објави на својот профил на Фејсбук, првиот човек на градот, Митко Јанчев. Пред четири години бевме прва општина во државата која постави 200 kW фотонапонски панели на општинските објекти. Денес, таа приказна ја продолжуваме уште посилно. Фотоволтаичните системи се веќе поставени на сите 12 предвидени јавни установи, со вкупна инсталирана моќност од 355 kW. Ова значи едно – помали сметки за електрична енергија, поголеми заштеди и повеќе средства за други потреби на граѓаните. Посебно значајно е што фотоволтаичните модули се донација од „Пиксел гроуп“ во вредност од 4,5 милиони денари, инвестиција која директно се претвора во долгорочна корист за јавниот сектор и за целата заедница. Панели се поставени на: [🏛️] Локална самоуправа – 20,125 kWp [🏫] ООУ „Димката Ангелов Габерот“ – 20 kWp [🏫] СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ – 15,64 kWp [🏠] Објект „Изворче“ – 25,3 kWp [🏠] Објект „Детелинка“ – 25,83 kWp [🏠] Објект „Гроздоберче“ – 46,5 kWp [🏠] Објект „Снежана“ – 50,02 kWp [🏠] Објект „Сонце“ – 25,3 kWp [🏥] ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – 71 kWp [🎭] Дом на култура „Иван Мазов Климе“ – 15,58 kWp [📚] Библиотека „Феткин“ – 16 kWp [⚖️] Основен суд Кавадарци – 24 kWp Од сончева енергија до помали трошоци. Од помали трошоци до повеќе инвестиции. [☀️] Кавадарци не чека промени. Кавадарци ги создава. Продолжуваме со инвестиции што остануваат и носат корист денес, утре и во годините што доаѓаат, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаОфицијално: АБА-лигата е одложена!Регионалната кошаркарска АБА-лига сега и официјално ќе биде одложена поради несогласувања со судиите.Кошаркарите на Цибона не отпатуваа за Подгорица на натпреварот од првото коло против Будуќност, а причината се – судиите! Клубот од Загреб доби информација дека натпреварот е одложен и дека нема потреба да патуваат во Црна Гора, поради несогласувања со судиите околу исплатата на хонорарите за натпреварите. Се чинеше дека АБА-лигата нашла решение откако распиша повик за ангажирање судии од целиот свет, но сега тие судии почнаа да се повлекуваат, па оваа иницијатива се соочува со сериозни проблеми. Сè уште не се знае што ќе се случи со останатите натпревари, ниту кога АБА-лигата ќе најде решение, но едно е сигурно – доколку наскоро не се најде излез, регионалното натпреварување ќе се соочи со огромен проблем околу календарот и вклопувањето на преостанатите натпревари во веќе пренатрупаниот распоред на сите екипи, поради обврските во другите европски и домашни натпреварувања.Тагови: АБА ЛИГА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа Граничниот премин „Свети Наум“уапсено лице барано по потерницаНа 22.09.2026 година, на влез на Граничниот премин „Свети Наум“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ч.(44) од Охрид, со живеалиште во Битола.Лицето се барало по централна потерница распишана по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. С.Ч. е лице под истрага и е опфатено со кривична постапка за дела “злосторничко здружување” по член 394, “даночни затајување” член 279 и “перење пари и други приноси од казниво дело” член 273 од Кривичниот законик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00