Каталонската полиција уапси, па ослободи пожарникар- волонтер поради подметнување пожари

Каталонската полиција уапси доброволец пожарникар, кој работел во регионот Жирона, под сомнение дека лани подметнал пожар во таа шпанска провинција.

Каталонската полиција уапси доброволец пожарникар, кој работел во регионот Жирона, под сомнение дека лани подметнал пожар во таа шпанска провинција, што опустоши 573 хектари и принуди 135 луѓе да се евакуираат, објави денеска Паис.

Осомничениот бил ослободен со кауција откако вчера се појавил пред судија и бил суспендиран од должност од страна на Генералниот директорат на Каталонија, велат извори од каталонската противпожарна служба и МВР, кои соработуваат со судот во истрагата.

Пожарот кој избувна на шумска патека уништи 573 хектари шумска површина, од кои најголем дел во градот Колера.

Силниот северен ветер што дуваше во областа го отежна гаснењето на пожарот, а жителите на градовите Портбоу и Колера и три населени места во Лјанка не можеа слободно да се движат поради вонредната ситуација.

Компани: Победивме противник кој ретко губи на домашен терен

Тренерот на Баерн, Винсент Компани е задоволен од победата над Селтик (2:1) синоќа во првиот натпревар од плејоф рундата во Лигата на шампионите.

- Ова е прво полувреме од двомечот. Генерално, резултатот е навистина одличен. Локалните навивачи ретко гледаат дека нивниот тим губи дома, особено во европските натпревари, па затоа високо ја цениме важноста на оваа победа и прикажаниот настап.

Во последните 10 минути моравме да ја држиме одбраната на ниво, и добро го завршивме тоа, изјави Компани.

Реваншот ќе се игра во Германија на 18 февруари.

Белата куќа со обвинувања за судиите поради злоупотреба на функција

Белата куќа со обвинувања за судиите поради злоупотреба на функција бидеќи ги блокираат одлуките на Трамп.

- Белата куќа ги обвини судиите кои блокираат некои од одлуките на Доналд Трамп за „злоупотреба на функцијата“ и „оневозможување на волјата на народот“.

„Ние ќе го почќитуваме законот во судовите“, нагласи портпаролката Каролин Левит за време на брифингот. Таа додаде дека Белата куќа ќе продолжи „да ги користи сите правни лекови за на крајот да ги поништи овие итни забрани“.

Тие коментари беа дадени еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди „високо политизираните судии“ во земјата.

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС-ДУИ

 Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ.

Македонија мора да функционира како правна држава, неопходни се коренити реформи во правосудството.

Функционирањето на Коцевски повеќе од 8 месеци е поразително. Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери од СДС и ДУИ.

Љупчо Коцевски 8 месеци нема покренато ниту едно обвинение. Љупчо Коцевски е целосно одговорен за не постапувањето и неработењето на обвинителите под него.

Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството.

Коцевски не постапува по наводите за криминал. Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас.

СДС поради контрола на судството инсталираше обвинители и судии избрани во Струмица и Зајас кои не постапуваат по наводите за криминал.

Извештајот на Транспаренси каде Македонија има пад од 12 места на светскиот индекс на корупција покажува дека токму правосудството е најслабиот столб во општеството во кое граѓаните имаат доверба од само 2 проценти.

Коцевски треба да знае дека правдата не смее да чека, граѓаните заслужуваат правда и не можат повеќе да трпат неуспех, несериозност и непрофесионалност од судиите и обвинителите.

ЈО на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ со што предизвикува ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер