Каталонија гори , над 125 повредени , илјадници маршираат кон Барселона (ВИДЕО)

Илјадници демонстранти тргнаа утрово кон Барселона од пет каталонски градови , поминувајќи стотина километри пеш , каде во петок на голем протест и генерален штрајк ќе бараат ослободување од затвор на осудените политичари.

„Маршеви на слободата“, како што ги нарекоа организаторите, се одвиваат од градовите Жирона, Тарагона, Туреж, Берж и Вик. Зад нив стојат две граѓански организации АНЦ и Омниум Културнолс, чии водачи, Џорди Санчез и Џорди Куиксарт, во понеделникот беа осудени од Врховниот суд во Мадрид на 9 години затвор за востание за соборување на државниот поредок.

Тие се двајца од деветте каталонски функционери осудени на затворска казна од 9 до 13 години, откако во Каталонија одржаа референдум за независност во 2017 година, автономна провинција со население од 7,5 милиони во североисточна Шпанија, а потоа прогласија независна република. Уставниот суд го забрани референдумот.

Демонстрантите носат транспаренти со пароли „Слобода“ и знамиња што ја симболизираат независноста. Во исто време, синдикатите на студентите и образовните институции започнаа тридневен штрајк. Синдикатите кои ја поддржуваат независноста за петок најавија генерален штрајк во Каталонија, која што учествува со 19 проценти од БДП на Шпанија.

Во вторникот вечерта се судрија демонстрантите и полицијата во четири големи каталонски градови, Барселона, Леида, Жирона и Тарагона, при што беа повредени вкупно 125 лица, меѓу кои и 60 полицајци. Никој не беше сериозно повреден.

Во понеделникот, во судирите се повредени 131 демонстрант, повеќето од нив на аеродромот во близина на Барселона што сакаа да го окупираат.

Владата на Каталонија во последните денови повика на ненасилни протести, но по судирите во вторникот како барикади, запалени контејнери ,гуми и Молотови кои беа фрлени кон полицијата, премиерот Ким Тора свика вонреден состанок на неговиот кабинет.

Шпанската социјалистичка влада синоќа издаде соопштение во кое се вели дека „има за цел да обезбеди сигурност и соживот во Каталонија и доколку е потребно да постигне солидност, ќе спроведе соодветни мерки “. Опозицијата го повика Педро Санчез да го активира законот за национална безбедност што ќе и даде на мадридската влада одредена контрола над Каталонија.

Предвидено е Санчез да се состане со водачите на трите најголеми опозициски партии во текот на денот.

Неговата влада во вторникот соопшти дека не размислува за амнестија на осудените каталонски функционери и дека тие треба да ги издржат казните.

Шпанија одржува парламентарни избори за помалку од еден месец, четврти во последните четири години.

Габриел Руфијан, еден од лидерите на каталонската републиканска левица (РКЕ) на кој му припаѓа Ориол Јункерас, осуден на 13 години, рече дека „ниту независноста на Каталонија, единството на Шпанија, ниту ништо во животот не вреди за насилството“. Претходно, тој преку социјалните мрежи објави дека полицијата реагирала на протестите и дека сите оние демонстранти кои насилно се однесувале не го претставуваат движењето за независност.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер