Каталонците ќе бараат од Санчез да распише референдум за независност: Нема друг избор

Разединетото каталонско движење за независност, поделено меѓу партиите од левицата и десницата, би можело повторно да се обедини бидејќи формирањето влада во Шпанија зависи од тоа по нерешените парламентарни избори.

Каталонската републиканска левица (ERC), партијата на регионалниот премиер Пере Арагонес, денеска упати писмо до централно-десничарската партија Заедно за Каталонија (JxCAT) предводена од поранешниот премиер во егзил Карлес Пуџдемон.

Во писмото РКЕ предлага заедничко барање за референдум за независност на Каталонија, амнестија за осудените учесници на забранетиот референдум од 2017 година и воведување на каталонскиот јазик во Европскиот парламент како еден од официјалните јазици. Ова би биле условите социјалистичкиот премиер Педро Санчез да остане на власт во Шпанија уште четири години.

Десниот блок партии освои 172, а левиот блок предводен од Санчез 171 пратеник на парламентарните избори во Шпанија одржани пред една недела. За да се формира шпанска влада, потребни се 176 пратеник во 350-члениот парламент до кој ниту еден блок не може да дојде.

Седум претставници на партијата на Пучдемон JxCAT можат да донесат мнозинство. Други седум пратеници ја имаат РКЕ, вклучена во левиот блок, наклонет кон Санчез. „Во многу комплицирано сценарио, со цел да се запре шпанската десница, добар дел од каталонското општество одлучи да поддржи послушност кон шпанските партии“, се вели во писмото на РКЕ објавено денеска од каталонскиот весник Ара.

„Но, изборите му дадоа нова можност на движењето за независност: четиринаесет каталонски пратеници кои се за независност се неопходни за управување со земјата“, се додава во писмото потпишано од каталонскиот премиер Арагонес и Ориол Јункерас. Јункерас беше осуден на затвор за организирање на референдумот со Пучдемон пред нешто помалку од шест години.

Потписниците посочуваат дека владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на Санчез нема друга алтернатива освен да се потпре на поддршката на тие две каталонски партии. „Имаме силен лост што мораме да го искористиме заедно, да одиме напред, да градиме и да се залагаме за амнестија и самоопределување и подобар живот за граѓаните“, велат тие.

ERC и JxCAT престанаа да соработуваат минатата година бидејќи не се согласуваат за тоа како да се постигне независност на Каталонија, но и за други прашања во самата Каталонија, индустрискиот и туристички мотор на Шпанија. Сепак, двете партии сакаат нов, консензуален референдум за независност.

Дека организирањето ваков референдум може да биде услов за Санчез, тоа го стави на знаење и Пуџдемон во изјавата испратена минатата недела од Белгија, каде што живее од есента 2017 година.

„Одбраната на Каталонија значи продолжување на напредокот во политичките преговори кои мора да овозможат крај на репресијата и да им дадат глас на Каталонците за да можат слободно и демократски да одлучуваат за својата иднина на референдум“, соопшти РКЕ во писмото.

Партијата на Санчез минатата недела одговори дека е подготвена да разговара со каталонските партии JxCAT и ERC, но само „во рамките на шпанскиот устав“. ПСОЕ и шпанскиот Уставен суд уште порано изјавија дека ваквиот референдум не е во согласност со уставот.

Пред една недела, PSOE освои најмногу гласови во Каталонија, автономна покраина со 7,5 милиони жители на североистокот, како дел од шпанските парламентарни избори. Претходните анкети покажаа дека тамошното население е поделено по прашањето за целосна независност.

Следниот месец, шпанската централно-десничарска Народна партија, која поединечно освои најмногу гласови, прво ќе се обиде да добие доволно гласови во парламентот за да формира влада во Шпанија. Ако не успее, PSOE ќе се обиде. Доколку Шпанија не добие нова влада до октомври, повеќе од 37 милиони гласачи ќе излезат на нови избори.

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

притисни ентер