Герасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата ,,Сервис за стари лица"
1Герасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата ,,Сервис за стари лица"
3Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
РакометКастратовиќ: Одбраната не одведе во Лигата на шампионитеТренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ беше презадоволна по триумфот на турнирот во Италија и пласманот на нејзината екипа во Лигата на шампионите, а како клуч за успехот, таа ја наведе играта во одбраната. - Ова беше голем предизвик за нас, но одигравме добро, со ладни глави и успеавме. Најважно од се, нашата одбрана денеска одигра без грешка. Тоа беше клучот за нашиот успех. Се подготвувавме за овој меч, бевме подготвени за секој напад на противникот и ги сопревме сите нивни акции. Одигравме тимски и најважно од се победивме и се пласиравме во групната фаза од Лигата на шампионите. Покажавме дека имаме квалитет за многу посилни натпревари и подготвени сме за новите предизвици што не очекуваат сезонава, посебно во Лигата на шампиони, истакна Индира Кастратовиќ по триумфот на ЖРК Вардар СЦБТ на квалификациите во Салерно и пласманот во Лигата на шампионите. До првата цел во новата сезона Вардарки стигнаа со убедливите победи против домаќинот Салерно (35:16) и францускиот Флори Луар (33:25). Во групната фаза од ЛШ противници на македонскиот првак ќе бидат: Ларвик (Норвешка), Бера Бера (Шпанија) и Подравка (Хрватска). /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата ,,Сервис за стари лица"Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“, за да се информира како се реализира проектот и какви придобивки носи услугата за повозрасните жители на општината. „Во моментот услугата ја користат 73 наши сограѓани, а вкупниот капацитет на проектот е за 90 лица, што значи дека има уште слободни места и ги повикувам сите заинтересирани да се пријават. Со овој проект обезбедуваме директна поддршка, социјализација и помош за нашите пензионери. Им го олеснуваме секојдневието на повозрасните и им овозможуваме достоинствена и соодветна нега во нивните домови“, рече Герасимовски. За време на посетата, градоначалникот разговараше со 76-годишната корисничка на сервисот и со негувателката Бранка Милковска, кои посочија дека услугата, покрај грижата и поддршката, создава и блиски односи и искрени пријателства. Проектот обезбедува домашна посета на негуватели трипати неделно, во траење од по два часа, помош во секојдневните активности, одржување на личната хигиена, давање терапија, подготовка на оброци, набавка на прехранбени производи и лекови, како и разговор и дружење. За корисниците на кои им е потребна физикална терапија, обезбедени се посети од физиотерапевт двапати неделно, во траење од по еден час. Проектот „Сервис за стари лица“ се реализира во соработка со здружението „Хуманост“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалРодри славеше пред лицето на Силва, а потоа му се извини: „Не беше во ред“ Капитенот на Шпанија, асот на Манчестер Сити, Родри јавно му се извини на долгогодишен клупски другар, Португалецот, Бернардо Силва по победата на Шпанија над Португалија (1:0) во осминафиналето на Светското првенствоКапитенот на Шпанија, асот на Манчестер Сити, Родри јавно му се извини на долгогодишен клупски другар, Португалецот, Бернардо Силва по победата на Шпанија над Португалија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство, признавајќи дека не се однесувал спортски на крајот од натпреварот. Непријатната ситуација меѓу поранешните соиграчи од Манчестер Сити се случи веднаш откако Микел Мерино го постигна победничкиот гол за Шпанија. Бернардо Силва набрзо потоа пропушти одлична шанса за израмнување, а Родри многу гласно и „диво“ го прослави неговото промашување, предизвикувајќи видлива реакција од португалскиот играч од средниот ред. Иако тензиите стивнаа веднаш по натпреварот, Родри во разговор со новинарите нагласи дека мисли дека направил грешка. „Како прво, сакам да се извинам затоа што не се однесував коректно кон мојот колега. Инстинктивно ја прославив неговата грешка, што беше погрешна од моја страна. Тој ми прости и му се извинувам уште еднаш“, рече Родри. Иако беше прогласен за најдобар фудбалер на еврпското дерби, шпанскиот капитен изјави дека признанието не требало да му припадне нему. „Кога ќе влезете од клупата и ќе го постигнете одлучувачкиот гол на таков начин, тогаш вие сте играч на натпреварот. Јас би му ја доделил наградата на Мерино. Залагањето на целиот тим беше за паметење“, заклучи Родри, оддавајќи признание на стрелецот на победничкиот гол што ја одведе Шпанија во четвртфиналето на Светското првенство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
ЕвропаТешка несреќа во Турција: Се преврте автобус – има загинати, 40 повредениЕден повозрасен патник им подлегна на повредите откако автобус полн со патници се преврте во Турција. Во болниците продолжува лекувањето на уште 40 повредени лица. Несреќата се случила на автопатот Каман-Анкара, во близина на Кирикале, кога возачот изгубил контрола над возилото, по што автобусот се превртел, јавува Анадолија. Повредените со возила на брза помош биле пренесени во градските болници. На терен се екипите на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби, противпожарната служба, здравствената служба, жандармеријата и полицијата. Tekirdağ-Kayseri seferini yapan otobüsün Karakeçili mevkiinde yoldan çıkması sonucu meydana gelen kazada, 3'ü ağır 41 kişi yaralandı. Kırıkkale Valisi Hüseyin Engin Sarıibrahim: 🗣️ "38 yolcu, 2 şoför, 1 muavin toplam 41 kişi yaralandı. Yaralılar olay yerinden hastanelere sevk… https://t.co/k6ZhM58g2s pic.twitter.com/CIJv1mQtaZ — Halk TV (@halktvcomtr) July 7, 2026 „Теренот стана лизгав поради првиот утрински мраз. Незгодата беше предизвикана од лизгавиот пат. Уште еднаш гледаме дека сите патници во нашите автобуси мора да носат сигурносни појаси“, рече Сарибрахим. Како што наведе тој, возачот на автобусот е задржан во притвор. Seyir halindeki yolcu otobüsü kaza yaptı: 41 kişi yaralandı Tekirdağ’dan Kayseri istikametine seyir halinde olan Süha firmasına ait yolcu otobüsü kaza yaptı. Kazanın ardından bölgeye çok sayıda sağlık, polis ve jandarma ekibi sevk edildi. Yaralanan 41 kişi, olay yerinde… pic.twitter.com/gSHdkVHW6e — Yedi23haber (@Yedi23haber) July 7, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07