Кастратовиќ очекува тешко гостување кај Динамо Синара - Канал 5

Кастратовиќ очекува тешко гостување кај Динамо Синара

Ракометарките на Вардар денеска гостуваат во Русија, каде го играат третиот натпревар од главната фаза во Лигата на шампионките, против Динамо Волгоград.

Кастратовиќ очекува тешко гостување кај Динамо Синара
Тренерот Индира Кастратовиќ очекува тежок меч против второпласираната екипа.

- Очекуваме тежок натпревар на гостувањето против Динамо Синара, екипа која се наоѓа на втората позиција на табелата. На последниот меч против Крим Меркатор докажавме дека поседуваме врвен квалитет, и очекувам таков пристап да имаме и на гостувањето во Русија. На првото гостување не одигравме на потребното ниво, и бевме казнети од Лајпциг. Овој пат очекувам да се придржуваме до договореното и да славиме нова победа, изјави Кастратовиќ.

Ова ќе биде и прв натпревар за Јан Питлик, поранешниот селектор на Данска, кој ќе биде дел од стручниот штаб на нашата екипа.

Вардарки во првите две кола имаат половичен успех, односно беа поразени од Лајпциг на гостувањето во Германија со 26:23, а славеа убедлива победа на мечот против Крим Меркатор, на домашен терен со 41:30.

И Динамо Синара има ист ефект, откако загуби од Будуќност на домашен терен (17:25), а славеше на гостувањето против Турингер со (33:30).

Дуелот меѓу Динамо Синара и Вардар ќе почне во 12 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад Дел Есте, на границата со Бразил.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени.

Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Снег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград.

Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час.

Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина.

Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независноста

Албанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“,  Албанија 114 години од независноста

Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег...

Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер