Кастратовиќ: Не смееме да ги потцениме - Канал 5

Кастратовиќ: Не смееме да ги потцениме

Женскиот ракометан шампион на Македонија ЖРК Вардар во недела го очекува нов предизвик во Лигата на шампионите. По стартниот пораз од Ѓер и победата минатиот викенд со аутсајдерот во групата Хипо за „вардарки“ дуелот со данскиот Митјиланд е вистинскиот предизвик во овој момент во елитното натпреварување.

Кастратовиќ: Не смееме да ги потцениме
Според тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ Митјиланд е тим кому не му е важно каде игра.

- Тешко ни беше по порзот од Ѓер, а екипата на Митјиланд добро ја познаваме и затоа не смее да има опуштање во нашите редови. Ова е тим на кому не му е важно каде игра, дома или на гости играат подеднакво исто. Добро за нас е што сите сме здрави, рече кастратовиќ.

За Јан Питлик кој беше на селекторската позиција на данската репрезентација овој дуел ќе биде помеѓу скандинавски стил и балканска филозофија.
- Сум бил тренер на неколку ракометарки на Митјиланд, 7-8 беа и во данската репрезентација. Ова ќе биде интересен дуел на „скандинавски стил“ против „балканска филозофија“. Јас во минатото многу сакав да играм против екипи од овие простори. Ќе треба да играме физички со многу сила и со многу дуели бидејќи знам дека тоа ним не им се допаѓа. Бев изненаден со нивната победа над Ѓер, но тие одиграа многу добро на тој дуел. Мислам дека имаме големи шанси да победиме, истакна Питлик.

Според новото засилување на ЖРК Вардар Сања Дамњановиќ одбраната е клучна за победа.

- Добро е што го совладавме Хипо за самодоверба. За неделниот натпревар ќе дадеме колку што е потребно да победиме. Тие не ја сакаат нашата одбрана, а сметам дека токму одбраната е клуч за победа. Ќе мора да ја запреме и нивната полуконтра, рече Дамњановиќ.

Натпреварот ЖРК Вардар – Митјиланд се игра во недела од 15:15 часот во СЦ „Јане Сандански“. Екипата на Митјиланд е прва во групата Ц со 4 бодови, додека ЖРК Вардар е втор со два бода, колку што има и Ѓер, а Хипо е последен без бод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Општина Центар  ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување.

„Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.

Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп.

На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер